Женските поминуваат, гејмингот никогаш

Ехх, колку ќе беше полесен овој живот да не постоеше гејмингот, замисли,  сето ова потрошено време на играње игри да си го посветел на други работи, учење, девојки, искачање или било кое поле на кое сакаш да бидеш подобар. Ова е мисла што барем еднаш му има поминато на секој гејмер во глава. Да не се лажеме, сите сме имале кецови, изостаноци, многу ачивменти направени за викенд наместо многу пијачки на маса, каснење на работа, испит,  и што уште не заради тој гејминг. Во мојов живот неколку пати се соочив со луѓе кои „агресивно“ се потрудиле да ја прекинат таа врска со гејмингот заради чувство на заостанување на одредени полиња во својот живот, мислам реално е тоа кога имаш 3000 саати во ДОТА/КАНТЕР, а веќе 5 години студираш а уште не се гледа крајот.Притисокот од дома и општеството си го праи своето, гледаш како твоите пријатели што не се гејмери си го тераат животот и добиваш чувство дека тоа е тоа што тебе те кочи.Најчесто таа врска се прекинува со продавање на PC-то, конзолата или не обновување на хардверот(во 99% од случаите ). Затоа , како моја деби – колумна, решив да ви ја раскажам мојата приказна со најбитната споредна работа на светот – гејмингот (фудбал е за п…ки).

Дека не е гејминот проблемот сфаќаш касно у животот, туку дека се твоите приоритети. Како млад гејмер кој првиот свој вистински добар компјутер го купи на 17 години , пресреќен што веќе не мора да се оди до нет-кафе за да се гејма, туку господски, стануваш сабајле, палиш PC, седнуваш, и тоа е тоа. Животот доби смисла.
Со тој PC дојдоа прекрасни моменти, игри, плус беше ерата кога интернетот стануваше подостапен во повеќето домови, имаше сајтови каде што можеше да видиш луди билдови за Диабло 2 што не ни си помислил дека ќе можеш да ги направиш.

МОЖЕВ ДА ИГРАМ КАНТЕР СТРАЈК ОД ДОМА!

Колку и да ви звучи ова банално во 2022, во тоа време ни личеше нереално, додади го на тоа моментот дека на ALT+TAB можеше на Месенџер да се допишуваш со некоја девојка,повеќето од нас се прашувавме „Is this real life?“

И тука почнаа „проблемите“ кои ден за ден, еден по еден, стануваа доста поголеми. Се повеќе и повеќе искачањето за викенд беше заменето со гејминг, се губеа контакти со луѓе, ама ништо од тоа не беше битно пошо што ги вртам, си гејмав, и топ си беше.
Моментот на прекршување дојде (го памтам и точниот датум) од нигде никаде,на роденден кај еден од моите најдобри другари се појави една девојка, братучедка на мојот другар ,најубавото нешто што го имав видено до тогаш (маче,ако го читаш ова, читај убаво, пишува „видено до тогаш“).

Сите можни конци ги потегнав за да се деси некако да се запознаеме, и другариве организираа искачање на чело со „братучедот“ во некој локал што тогаш беше шема.
Искачањето беше договорено во 20:00, јас почнав да се спремам во 15 часот, бев готов по сите стандарди за тоа како треба да изгледам до 18:07.

Со 2 саата вишак време почнав да се врткам низ дома незнаејќи што да праам сам со себе и наеднаш на мојот CRT монитор светна една икона, ама светна бетер од знацине на CASINO на Партизанска. Последниот голем хит што беше искочен тогаш, „DOOM 3”. Од моето предходно животно искуство, знаев дека тоа е најдобриот „time killer“ и кликнав 2 пати на иконата.

За да има малце од малце смисла мојата одлука за која ќе зборам во следниве реченици мора да објаснам некои моменти, и да допрам до компетитивниот дух на гејмерите.

Во маало бевме некаде 10тина гејмери, и многу ни беше битно кој прв ќе сврти некоја игра,се бираше игра, сите почнуваа да ја играат во исто време, игрите се играа на најтешко, и како доказ служеше  објаснување за послединот бос, крајниот синематик, заедно со приложување на принт скрин на месенџер. Во тоа време, јас бев шампионот, и титулата ми беше многу битна (за жал,побитна од што се мислев дека ми е). Марче, локална конкуренција, имаше стигнато до последниот бос на играта, и не можеше да го помине, другите беа поназад, јас ја имав инсталирано ден покасно и заостанував.

Како убивав време дур да дојде 20:00 стигнав до последниот бос и јас. Претежок беше (своевремено) а за бељата да биде поголема, Мики, еден од другарите веќе се нацрта на кај мене на врата. Тука ја донесов една од најглупите одлуки до тогаш што ги имав донесено, ги земав парите, и ги скрив во фиока, му кажав дека не идам пошо неам кеш, моите не ми остаиле (не ја давав толку лесно титулата сеа коа ми беше пред очи).

Дури ме убедува дека ќе се склопиме за кеш некако јас го убивам последниот бос, се насмевнувам од срце и се спремам да му кажам на Мики „Те дупам бе, сакав да доиграм, имам кеш“, во истиот тој момент завршува синематикот и почнува нова стаза. НЕ БИЛО ТОА ПОСЛЕДНИОТ БОС.
Многу ми е жал другари, ама лагата „неам пари“ мора да продолжи, одбраната на титулата е на повидок.

Така и беше.

Искочија моите другари, се запознаа со таа најубавата што ја имав видено до тогаш место мене, дури и договорија викенд у Маврово на кој јас не отидов од проста причина, да не се објаснувам, знаете на што беа потрошени парите.

Тука јас ја носам одлуката дека треба да се збогувам со гејмингот.

8 ГОДИНИ ПОДОЦНА…

Немам пипнато игра 8 години, животот е супер, работа, спорт, излегување, девојки, се е како што треба.Мојот компјутер е најбазичен компјутер, намерно така склопен, за да не може да се користи за гејминг, служи само за користење интернет.
Во тој период запознавам девојката која ми го смени животот…

Цел живот ќе и бидам благодарен за тоа, ќе ја благословувам, се што ќе посака да и се оствари, секој благодет на светот да го има.

Таа девојка ме запозна со нешзиното друштво,кои беа екипа некаде 8 мажи и  3-4 жени.

Најбитниот податок беше дека, 7 од нив беа хардкор гејмери… и за тоа, еве уште еднаш, фала ти, секоја среќа да ја имаш.

Ден за ден, како повеќе се запознававме, се потешко и потешко беше да се одолее на гејминг муабетите, иако решен дека нема пак да почнам да играм, почнав да праам муабет за се што сум пропуштил до тогаш.
Дознав дека искочила „Dota 2“, дека искочила хорор игра што се вика „Outlast” што ја прави „Silent Hill”  да изгледа како игра за деца, дознав дека фамозната „CS 1.6 “ е заменета со сегашната супериорна „CS:GO“.
Ми беа супер интересни сите тие муабети, ама најинтересен ми беше муабетот заDota 2, бидејќи пред да престанам да гејмам пред 8 години , почнав да ја учам Dota и премногу ми се сфиѓаше концептот на играта, ама и премногу ја мразев птичјата перспектива.Многу ми легна како игра ама контролата на карактерот ми беше глупа и неинтуитивна и уште тогаш размислував дека треба да се направи ваква игра со прво или трето лице камера.

Драги другари, дојде и тој ден, магичната 2013та година…

Еден ден во таа 2013та година, и додека мојата тогашна сопатничка се спремаше да излеземе отидов да се поздравам со брат и. Гледам игра нешто ново. Го прашувам која е играва и што игра е,и во тој момент ги изусти најмагичните зборови што ден денес ги имам слушнато во мојот гејмерски живот.

Абе добив бета клуч за играва, уште не е излезена, се вика „Smite“, и уствари е MOBA, исто како Dota само во трето лице…

Тоа беше љубов на прв поглед…

Тоа беше таа игра што знаев дека мора да ја играм, тоа беше играта што знаев дека ќе ми го заебе животот, тоа беше тоа што недостасуваше во мојот живот.Колку и да се трудев да бидам надвор од тој свет, ме опседна самата игра, знаев дека мора тоа нешто да се игра, едноставно беше појако од мене.

„Smite” искочи 2014 година, со нејзиното  искачање, беше набавен PC доволно јак за да ја вози, и од тука останатото е историја.За година дена влегов во топ 0.1%  од играчите до одреден мод на играта. Полека пополека почнав да изигрувам се што сум пропуштил, воедно и да чекам се ново што ќе искочи.Повторно почна животот да ми има повеќе смисла од аспект на лично задоволство.

Со девојката се разделивме по некое време, а со нејзината екипа ден денес сум пријател, периодично и се озрачуваме со одредени блокбастер наслови како „Warzone”.

Затоа другари гејмери, уживајте, ако треба играјте помалку, посветете се на побитни работи ако имате потреба во животот, само не го обвинувајте тоа нешто кое ви носи задоволство на лично ниво, затоа што, во животот ќе сретнете многу девојки, пријатели, колеги, шефови, шанкери, келнери, шофери, директори, гастербајтери, лажговци, глупаци ,генијалци кои на некој начин директно или индиректно ќе влијаат врз твоето размислување околу гејмингот, но ако самите тие не се гејмери, делете го нивното мислење со нула,бидејќи повеќето од нив нема да останат во твојот живот, а ачивментите ќе ти останат на акаунт засекогаш.

МАРКЕТИНГ

About The Author

Sony го објави ажурирањето на фирмверот од април 2024 година за PlayStation 5. Ажурирањето на PS5 24.03-09.20.00 доаѓа со големина нешто повеќе од 1 GB и има неколку мали додатоци за корисниците.

Најголемото дополнување доаѓа преку проширувањето на функцијата Помош за игри. Новото ажурирање сега ќе прикажува видеа од игра од други играчи ширум светот преку функцијата „Помош во заедницата“. Ова ќе им овозможи на играчите многу полесно да добиваат совети и помош во разни игри во кои ќе бидат заглавени.

Додадена е и можноста да се скрие пораката „Remote Play поврзан“ на екранот. Можете да ги проверите целосните детали за ажурирање на системот подолу.

Сите новитети на конзолата

  • Game Help has been expanded by adding Community Game Help features.
    • In Game Help, you will see hints labeled Community Game Help in supported games, which indicates that the hint was generated from other players’ gameplay videos.
    • You can participate in Community Game Help by allowing your gameplay video to be automatically captured and added to the feature upon review.
      To opt in, go to Settings > Captures & Broadcasts > Captures > Auto Captures > Community Game Help, and then select Participate. You can also opt out at any time.
  • In Remote Play, if the persistent message “Remote Play connected.” is displayed during Remote Play, you can now hide this on your game screen. Go to Settings > System > Remote Play and turn on Hide Remote Play Connection Status.
  • We’ve improved system software performance and stability.
  • We’ve improved the messages and usability on some screens.