Red Bull Campus Clutch повторно во Македонија

Првиот голбален Студентски Гејминг трунир во Valorant по вторпат доаѓа во Македонија да постави нови граници и да докаже дека и кај нас има квалитетни Valorant тимови и играчи!

Red Bull Campus Clutch е глобален студентски турнир во играње VALORANT каде што ќе учествуваат повеќе од 50.000 студенти од 300 универзитети од 50+ држави ширум светот. Притоа, истите тие ќе земат учество на повеќе од 400 натпревари низ целиот свет да влезат во единственото глобално винале во VALORANT!

Valorant е сега една од најозборуваните, најгледаните и најигранити игри во последниве неколку години која што стана многу брзо голема во светот на е-спортот. Играта е FPS каде што се игра 5v5 и во истиот концепт ќе учествуваат тимови составени од по 5 играчи – студенти.

Red Bull Campus Clutch 2021 – Winners

Натпреварите за Red Bull Campus Clutch ќе се одржат во следниве фази

Национални квалификации (онлајн)

Први квалификации – 4 ноември 2022 година и

Втори квалификации –5 ноември 2022 година 

Повеќе информации за националните квалификации и пријавувањето можете да најдете на официјалниот Red Bull сајт – https://www.redbull.com/mk-mk/events/red-bull-campus-clutch-macedonia.

Национално финале (во живо)

6 ноември 2022 година.

Најдобрите 4 тимови ќе ги измерат силите во живо на необична локација за гејминг – во Ноќен Клуб. Повеќе информации наскоро.

Глобално финале

Декември 2022 година во Бразил.

Red Bull Campus Clutch 2021

Победничкиот тим на национално ниво ќе има шанса да ја претставува Македонија на глобалното финале во Бразил и со тоа да се бори за крајната титула – најдобар студентски VALORANT тим во светот!

Оформи тим и пријави се за гејмерска светска авантура!

Пријавувањето и сите подетални информации можете да ги најдете ТУКА

Кои се правилата?

  • Учесниците мора да имаат 18+ години.
  • Учесниците можат да влезат во игра само ако се тим од пет натпреварувачи (групна регистрација). Еден член на тимот го пријавува тимот во името на сите членови.
  • Турнирот е отворен само за резиденти на земјите-учеснички. Листата на земји-учеснички ќе биде објавена наскоро.
  • Констелацијата на тимот мора да остане непроменета низ трите фази на турнирот.
  • На секој тим ќе му биде дозволено да замени само еден член на тимот во текот на трите фази.
  • Секој учесник може да биде член на само еден тим.
  • Секој учесник мора да е активен универзитетски студент.
  • Можни се дополнителни рестрикции, во зависност од возраста и/или локалните/националните законски регулативи.

Партнери

Red Bull Campus Clutch е во партнерство со неколку светски реномирани компании, вклучувајќи ги AOC, SteelSeries и Intel.

Секој од партнерите ќе понуди висока класа на софтверски решенија.

Intel ќе создаде лимитирани Red Bull Campus Clutch Edition статични компјутери, модел Intel NUC Phantom Canyon за потребите на турнирот. Официјалниот партнер за монитори, AOC ќе ја понуди последната технологија во светот на гејмерските монитори. SteelSeries ќе ги награди студентите-учесници со дел од асортиманот на професионални гејмерски додатоци како слушалки, тастатури и компјутерски глувчиња. Backforce, официјалниот партнер за гејмерски столици, ќе обезбеди професионални гејмерски столици.

МАРКЕТИНГ

Љубителите на Grand Theft Auto, гејмерите и креаторите на дигитална содржина ќе имаат можност да бидат дел од еден специјален настан посветен на долгоочекуваната GTA 6. На 19 ноември, во Скопје ќе се одржи GTA 6 Launch Event, кој истовремено ќе се организира на двете локации на Inferno Gaming Club – Inferno 1 во Тафталиџе и Inferno 2 во Кисела Вода.

Настанот ќе започне во 11:00 часот, а посетителите ќе можат да очекуваат целодневна дружба, гејминг, музика и атмосфера инспирирана од легендарниот Vice City. Организаторите најавуваат тематска музика во текот на целиот ден, со звук и енергија што ќе потсетуваат на препознатливиот свет на Grand Theft Auto, претворајќи ги гејминг-клубовите во места за вистинско GTA доживување.

Централниот дел од настанот ќе биде можноста посетителите да ја испробаат GTA 6 и одблизу да се запознаат со играта. Сите заинтересирани ќе можат да добијат свој термин за играње и да го искусат старо-новиот свет на Rockstar Games, но настанот нема да биде наменет исклучиво за оние што сакаат да седнат пред конзолата.

Идејата е да се создаде простор за собирање на домашната гејминг-заедница, размена на искуства, запознавање нови луѓе и поврзување на креаторите на дигитална содржина. Настанот ќе биде можност за дружба меѓу гејмери, стримери, јутјубери, инфлуенсери и сите оние што ја следат гејминг-културата, со можност за нови соработки и запознавања.

Посетителите ќе можат да разговараат за играта, да ги споделат своите први впечатоци, да разменат мислења за новините во GTA 6 и едноставно да поминат ден во друштво на луѓе со слични интереси. Со музика, тематска атмосфера и активности во текот на денот, организаторите сакаат настанот да прерасне во вистинско собирање на гејминг-заедницата, а не само во можност за тестирање на нова игра.

БЕСПЛАТНО ИГРАЊЕ, НО СО ЗАДОЛЖИТЕЛНО АПЛИЦИРАЊЕ ЗА ИГРАЊЕ

Една од најважните информации за сите заинтересирани е дека учеството и можноста за играње на GTA 6 се целосно бесплатни. Посетителите нема да треба да плаќаат за да ја испробаат играта, а можноста ќе биде достапна во текот на целиот настан.

Сепак, поради организацијата и распоредот на термините за играње, сите што сакаат да ја испробаат GTA 6 ќе треба однапред да аплицираат преку официјалниот формулар.

По апликацијата ќе се врши јавно влечење за сите луѓе што ќе се пријават за термин за играње, со што ќе се овозможи подобра организација и ќе се избегне непотребно чекање.

КОГА, КАДЕ И ЗОШТО?

GTA 6 Launch Event ќе се одржува на 19 ноември, со почеток во 11:00 часот, истовремено во Inferno 1 во Тафталиџе и Inferno 2 во Кисела Вода.

За сите љубители на Grand Theft Auto, ова ќе биде можност да го дочекаат новото поглавје на франшизата во друштво на домашната гејминг-заедница, со целодневна Vice City атмосфера, музика, дружење и, секако, можност први да ги споделат своите впечатоци од GTA 6.

GG анкета

вести и новости од

ПРИЈАТЕЛИТЕ на GG.MK

GG LFM

W00t w00t? GG ис лукинг фор мор!​
Стани дел од тимот на GG.MK!

GG ЛОВЦИ НА ТРОФЕИ

покажете го пленот

Претплати се на нашата мејлинг листа

Нема спам, нема замарање!
Само гејминг!