Вовед во Мијазаки

Како главен ‘’Souls Game’’ љубител помеѓу моите пријатели, од време на време го добивам прашањето  „Брат, дали да ја зеам Elden Ring / Sekiro / Dark Souls?“ и секогаш мојот одговор е „Пробај, се надевам нема да ти легне и ќе ме пцуеш за парите потрошени“.

Повеќето од вас се збунети поради одговоров, ама за мала група од „напатените“ кои поминале низ тој процес има гооолема смисла.

Да ни дадеш да избереме помеѓу да ни се избрише меморијата за да ги играме од почеток сите овие игри, или да ни се избрише меморијата и да живееме во комплетно незнаење за нив, верувајте, доста од нас ќе изберат дека  „Ignorance is Bliss“.

Не постои гејминг после „Souls“ освен голема потреба за повеќе „Souls“, и се што ќе фатиш после тоа изгледа, прелесно, не доволно наградувачко, без чувство на надминување, банално подобрување итн итн. Ова парче текст е за сите вас што сте љубопитни околу овој жанр, планирате да дадете шанса на некоја игра од FROMSOFTWARE или макар се чудите околу овој „Bukowski“ ефект околу овој жанр, како може толку да биде религиозно сакан и мразен во исто време.

Во неколку точки ќе ви објнаснам што ве чека од кога ќе се фатите за ова патешествие наречено Хидетака Мијазаки…

Elden Ring

Или го прифаќаш светот на Мијазаки и играш по неговите правила или не ти е местото тука

Главен креатор на овие игри е Хидетака Мијазаки, од од неговото влегување во FROMSOFTWARE, кое е на чуден начин, од кога му дале да поправи игра (Demon’s Souls), самата таа игра добива култно следење и почнува да се создава јадрото на „Souls” играчи.

Со секоја следна игра ја подобрува формулата и носи нешто уникатно, како на пример  поврзаноста на светот во Dark Souls, комбатот во SEKIRO и ред други подобрувања што кога би збореле сега за нив би ви биле банални и би ви немале смисла од аспект на нубови во жанров.

Уште во првата игра се покажа дека или го прифаќаш светот на Мијазаки или не. Основните правила се многу едноставни. Имаш начин на купување ‘ајтеми’ и левел со тоа што добиваш души (кои се ултиматвната парична вредност во сите игри со мали отстапки во SEKIRO) со победување непријатели во светот и лутање. Имаш фиксни Save Points познати како „Bonfire” иако имаат различно име во сите IP-ња сите ги нарекуваме така поради тоа што првиот пат кога се појавија овие Save Points  беа во облик на „Bonfire”. Секоја душа што ќе ја заработиш од моментот кога ќе го напуштиш твојот „Bonfire”, се до следниот (или враќање на истиот) без да умреш, можеш да ја користиш за купување на статови дури си на „Bonfire”. Ако умреш душите ти паѓаат, те враќа на „Bonfire” и мора да одиш пак до местото каде што си умрел за да си ги земеш, ако умреш пак се губат. Има други правила околу ајтеми, тие не може да паднат, се купуваат во  HUB area или посебен shop зависно од играта ама се дел од главната есенција.

ТОЛКУ! Тоа е светот на Мијазаки кој треба да го прифатите!

Иако ви изгледа лесно на старт, тоа е дека фокусирате на работите што се кажани, а не на работите што не се кажани. А еве НЕКОЛКУ од нив.

  • Во сите овие игри светот е преголем а нема мапа (освен Elden ring).
  • Дури и најголемите ветерани во играта не смеат да го потценат најобичниот непријател.
  • Немаш ниедна насока каде треба да се движиш, се е оставено на експлорање и логика.
  • Не постои такво нешто како Entry Boss  да ти го нафида егото дека си добар, туку напротив, некаде има Entry Boss што ќе ти покаже колку си мизерен ти во светот и ќе треба да бегаш од него или да оставиш да те здроби.
  • Во ниеден момент немаш туторијал и држење за рака околу тоа што треба да направиш.
  • И најглавното, нема DIFFICULTY, има само еден начин да играш.

Чувство на личен прогрес и награда

Овие игри уште во самиот девелопмент идат со водат под мотото „Hard, but fair.“

Светот е константен, се ќе биде на истото место,од непријател па се до главен ајтем секогаш кога и да поминеш таму. Нема рандомизација на светот, со секое твое влагање во светот, учиш нешто за него, ти станува познат, учиш како да се носиш со неговите предизвици.

Најблиску што може да ви го доловам чувството на награта и функционирањето на светот (за жал не на сите, ама на добар дел од вас), е првиот пат кога ќе свртите игра со еден жетон на флипери.

 Тој чин не е само обична победа, тој чин е полн со емоции, мемории на патот до таму, тој чин е кулминација на сите жетони кој си ги ставил предходно., трудот кој си го вложил.

Чин полн со среќа, самодоверба, чувство на вредност поради надминување на тешкотии.

Како дете кога си имаш 10 денари или во детски очи два жетона дневно, и првиот пат кога ќе ставиш жетон па новиот флипер, кога се ти е ново и не знаеш кај одиш, па се до моментот кога неколку месеци подоцна, повторувајќи го тој процес, ден за ден, жетон за жетон, победа до пораз, нервоза до нервоза, ќе го стекнеш потребниот скил, со помош на малку среќа ќе стигнеш до крајот и чувството на „top of the world“ кога ќе ја свртиш играта со еден жетон.

Sekiro: Shadow Die Twice

Очигледно и објективно чувство на прогрес поради личен скил

Ретко кои од денешниве игри може да се пофалат со ова, јас не познавам ниедна освен оние на FROMSOFTWARE и неколку други од овој жанр (пример TEAM NINJA).

Oва е чувство на скил и прогрес е комплетно оставено за компетитивните игри, комплетно извадено од „single player” игрите и тоа ги прави уникатни. Моето патешествие во SEKIRO каде што ми требаше 40+  часа да го завршам првиот playthrough се до моментот 150 часа подоцна можев да праам speedrun за помалце од еден час одејќи по истиот пат, ми беше уникатно чувство што ниедна игра освен оние на FROMSOFTWARE ми го немаше подарено.

Најфасцинантен ми беше самиот момент, кога после година дена од кога сакав да се вратам на играта, да ја свртам од почеток, ми требаше 15 часа да го направам тоа.

Буквално играта ми покажа колку сум добар и колку сум изгубил скил во неа. Ми покажа дека не сум newbie ама далеку од тоа што сум бил. Скилот се губи ако не го негуваш, исто како на компетитивните игри.

Последно предупредување за сите што мислат да дадат шанса на „Souls” жанрот

Ќе ја цитирам најкултната сцена на Морфиус:

You take the blue pill – the story ends, you wake up in your bed and believe whatever you want to believe.
You take the red pill – you stay in Wonderland and I show you how deep the rabbit hole goes.

Мој совет е БЕГАЈТЕ!
Сега не е време да бидете НЕО.
Бегајте што подалеку од ова!

Сеуште не знаеме дали „ова“ е благодет или зло, ама ова ви го гарантирам:

  •  Никогаш повеќе нема другите игри да ги уживате, нема да постојат за вас.
  • Ептен ретко ќе се најде нешто што ќе ви фати око, тоа со 99% сигурност ќе биде или некој rogue-like, или некоја игра што нуди огромна и значајна експлорација.
  • Секоја нова игра што ја чекате нема да сакате да ја играте после првата мисија во неа, ќе ви изгледа како некоплетно, бљантаво, сувопарно, недоволно интерактивно.

Совет за сите тие што сакаат да бидат како НЕО

  • Дозволете да бидете поразени, навикнете на зборовите „YOU DIED“, нив ќе ги читате и по илјадници саати во било која ов овие игри.
  • Ова не е спринт, ова е маратон, не брзај, истражи го секое ќоше, уживај во светот, ако некој пат е тежок и не можеш да поминеш, најди друг, секако ќе се вратиш таму кога ќе бидеш посилен.
  • Соочи се со тоа дека единствен начин да ја поминеш секоја препрека во овие игри е познатата изрека GIT GUD. Секогаш кога ќе побараш помош на Reddit или на некој форум околу бос во играта ќе го добиеш истиов одговор.
  • Не е лошо да погледнеш guides за генерално знаење околу играта, пример, како да чуваш злато во SEKIRO, што значат бројчињата пред оружјата, скејлање итн итн.
  • Секој souls играч барем 2 пати ја има избришано првата вак ваиграта поради rage quit на почетокот.
  • И ако некогаш решиш да „чизаш“ било каков дел, момент, бос, за тебе ова комјунити има оставено убава порака и гласи вака:

You cheated not only the game, but yourself.
You didn’t grow.
You didn’t improve.
You took a shortcut and gained nothing.
You experienced a hollow victory.
Nothing was risked and nothing was gained.
It’s sad that you don’t know the difference.

МАРКЕТИНГ

About The Author

Игрите на Electronic Arts, како Mass Effect, Dragon Age и The Sims, со години вклучуваат истополови романтични врски, но преземањето на компанијата од страна на приватниот инвестициски фонд на Саудиска Арабија (PIF), Affinity Partners на Џаред Кушнер и инвестицискиот фонд Silver Lake ги промени работите. На пример, на физичкото издание на The Sims 2 се прикажани различни Симс-ликови во неколку пози, меѓу кои и пар што се бакнува и вонземјанин. Во Саудиска Арабија, насловната илустрација била целосно изменета, па на неа биле прикажани неколку машки Симс-ликови со безизразни лица.

Преземањето на EA од страна на приватни инвестициски фондови предизвика загриженост кај илјадници обожаватели кои се залагаат за правата на ЛГБТК-заедницата. Многумина стравуваа за иднината на BioWare, не само поради неодамнешните проблеми на студиото, туку и поради неговиот прогресивен пристап кон видеоигрите. Иако ова не било причината за затворањето на BioWare, се чини дека EA и претходно барала од развивачите да ги ублажат ваквите теми за време на развојот на сега откажаната игра Mass Effect Universe.

Поранешни вработени во BioWare разговарале со новинар на француската телевизија BFM TV и откриле интересни детали за развојот на новата, откажана игра од серијалот Mass Effect. Еден од вработените, кој зборувал анонимно, изјавил дека новото раководство не било особено убедено во проектот Mass Effect Universe.

„Мислам дека видеопрезентациите што му ги прикажавме на новото раководство не беа убедливи“, објаснил вработениот. „Особено затоа што BioWare е познато по инклузивното раскажување приказни, што не помогна да се отстранат сомнежите.“

Анонимниот извор навел и конкретен случај во кој од развивачите било побарано да отстранат одредено знаме од презентациско видео бидејќи „премногу личело на знамето на ЛГБТКИА+ заедницата“. Целта, според барањето, била „да не се навреди никого“.

Во интервјуто не е наведено кој точно побарал да се отстрани знамето, ниту дали развивачите го исполниле барањето.

Темите и приказната во Mass Effect оставија силен впечаток кај многу играчи, вклучително и кај припадниците на маргинализираните заедници, кои во вселенскиот брод Нормандија и неговиот екипаж наоѓале безбедно прибежиште. Иако откажувањето на проектот од страна на EA е разочарувачко, уште полошо ќе било доколку компанијата го уништела она што BioWare со години се трудела да го изгради.

GG анкета

вести и новости од

ПРИЈАТЕЛИТЕ на GG.MK

GG LFM

W00t w00t? GG ис лукинг фор мор!​
Стани дел од тимот на GG.MK!

GG ЛОВЦИ НА ТРОФЕИ

покажете го пленот

Претплати се на нашата мејлинг листа

Нема спам, нема замарање!
Само гејминг!