Вовед во Мијазаки

Како главен ‘’Souls Game’’ љубител помеѓу моите пријатели, од време на време го добивам прашањето  „Брат, дали да ја зеам Elden Ring / Sekiro / Dark Souls?“ и секогаш мојот одговор е „Пробај, се надевам нема да ти легне и ќе ме пцуеш за парите потрошени“.

Повеќето од вас се збунети поради одговоров, ама за мала група од „напатените“ кои поминале низ тој процес има гооолема смисла.

Да ни дадеш да избереме помеѓу да ни се избрише меморијата за да ги играме од почеток сите овие игри, или да ни се избрише меморијата и да живееме во комплетно незнаење за нив, верувајте, доста од нас ќе изберат дека  „Ignorance is Bliss“.

Не постои гејминг после „Souls“ освен голема потреба за повеќе „Souls“, и се што ќе фатиш после тоа изгледа, прелесно, не доволно наградувачко, без чувство на надминување, банално подобрување итн итн. Ова парче текст е за сите вас што сте љубопитни околу овој жанр, планирате да дадете шанса на некоја игра од FROMSOFTWARE или макар се чудите околу овој „Bukowski“ ефект околу овој жанр, како може толку да биде религиозно сакан и мразен во исто време.

Во неколку точки ќе ви објнаснам што ве чека од кога ќе се фатите за ова патешествие наречено Хидетака Мијазаки…

Elden Ring

Или го прифаќаш светот на Мијазаки и играш по неговите правила или не ти е местото тука

Главен креатор на овие игри е Хидетака Мијазаки, од од неговото влегување во FROMSOFTWARE, кое е на чуден начин, од кога му дале да поправи игра (Demon’s Souls), самата таа игра добива култно следење и почнува да се создава јадрото на „Souls” играчи.

Со секоја следна игра ја подобрува формулата и носи нешто уникатно, како на пример  поврзаноста на светот во Dark Souls, комбатот во SEKIRO и ред други подобрувања што кога би збореле сега за нив би ви биле банални и би ви немале смисла од аспект на нубови во жанров.

Уште во првата игра се покажа дека или го прифаќаш светот на Мијазаки или не. Основните правила се многу едноставни. Имаш начин на купување ‘ајтеми’ и левел со тоа што добиваш души (кои се ултиматвната парична вредност во сите игри со мали отстапки во SEKIRO) со победување непријатели во светот и лутање. Имаш фиксни Save Points познати како „Bonfire” иако имаат различно име во сите IP-ња сите ги нарекуваме така поради тоа што првиот пат кога се појавија овие Save Points  беа во облик на „Bonfire”. Секоја душа што ќе ја заработиш од моментот кога ќе го напуштиш твојот „Bonfire”, се до следниот (или враќање на истиот) без да умреш, можеш да ја користиш за купување на статови дури си на „Bonfire”. Ако умреш душите ти паѓаат, те враќа на „Bonfire” и мора да одиш пак до местото каде што си умрел за да си ги земеш, ако умреш пак се губат. Има други правила околу ајтеми, тие не може да паднат, се купуваат во  HUB area или посебен shop зависно од играта ама се дел од главната есенција.

ТОЛКУ! Тоа е светот на Мијазаки кој треба да го прифатите!

Иако ви изгледа лесно на старт, тоа е дека фокусирате на работите што се кажани, а не на работите што не се кажани. А еве НЕКОЛКУ од нив.

  • Во сите овие игри светот е преголем а нема мапа (освен Elden ring).
  • Дури и најголемите ветерани во играта не смеат да го потценат најобичниот непријател.
  • Немаш ниедна насока каде треба да се движиш, се е оставено на експлорање и логика.
  • Не постои такво нешто како Entry Boss  да ти го нафида егото дека си добар, туку напротив, некаде има Entry Boss што ќе ти покаже колку си мизерен ти во светот и ќе треба да бегаш од него или да оставиш да те здроби.
  • Во ниеден момент немаш туторијал и држење за рака околу тоа што треба да направиш.
  • И најглавното, нема DIFFICULTY, има само еден начин да играш.

Чувство на личен прогрес и награда

Овие игри уште во самиот девелопмент идат со водат под мотото „Hard, but fair.“

Светот е константен, се ќе биде на истото место,од непријател па се до главен ајтем секогаш кога и да поминеш таму. Нема рандомизација на светот, со секое твое влагање во светот, учиш нешто за него, ти станува познат, учиш како да се носиш со неговите предизвици.

Најблиску што може да ви го доловам чувството на награта и функционирањето на светот (за жал не на сите, ама на добар дел од вас), е првиот пат кога ќе свртите игра со еден жетон на флипери.

 Тој чин не е само обична победа, тој чин е полн со емоции, мемории на патот до таму, тој чин е кулминација на сите жетони кој си ги ставил предходно., трудот кој си го вложил.

Чин полн со среќа, самодоверба, чувство на вредност поради надминување на тешкотии.

Како дете кога си имаш 10 денари или во детски очи два жетона дневно, и првиот пат кога ќе ставиш жетон па новиот флипер, кога се ти е ново и не знаеш кај одиш, па се до моментот кога неколку месеци подоцна, повторувајќи го тој процес, ден за ден, жетон за жетон, победа до пораз, нервоза до нервоза, ќе го стекнеш потребниот скил, со помош на малку среќа ќе стигнеш до крајот и чувството на „top of the world“ кога ќе ја свртиш играта со еден жетон.

Sekiro: Shadow Die Twice

Очигледно и објективно чувство на прогрес поради личен скил

Ретко кои од денешниве игри може да се пофалат со ова, јас не познавам ниедна освен оние на FROMSOFTWARE и неколку други од овој жанр (пример TEAM NINJA).

Oва е чувство на скил и прогрес е комплетно оставено за компетитивните игри, комплетно извадено од „single player” игрите и тоа ги прави уникатни. Моето патешествие во SEKIRO каде што ми требаше 40+  часа да го завршам првиот playthrough се до моментот 150 часа подоцна можев да праам speedrun за помалце од еден час одејќи по истиот пат, ми беше уникатно чувство што ниедна игра освен оние на FROMSOFTWARE ми го немаше подарено.

Најфасцинантен ми беше самиот момент, кога после година дена од кога сакав да се вратам на играта, да ја свртам од почеток, ми требаше 15 часа да го направам тоа.

Буквално играта ми покажа колку сум добар и колку сум изгубил скил во неа. Ми покажа дека не сум newbie ама далеку од тоа што сум бил. Скилот се губи ако не го негуваш, исто како на компетитивните игри.

Последно предупредување за сите што мислат да дадат шанса на „Souls” жанрот

Ќе ја цитирам најкултната сцена на Морфиус:

You take the blue pill – the story ends, you wake up in your bed and believe whatever you want to believe.
You take the red pill – you stay in Wonderland and I show you how deep the rabbit hole goes.

Мој совет е БЕГАЈТЕ!
Сега не е време да бидете НЕО.
Бегајте што подалеку од ова!

Сеуште не знаеме дали „ова“ е благодет или зло, ама ова ви го гарантирам:

  •  Никогаш повеќе нема другите игри да ги уживате, нема да постојат за вас.
  • Ептен ретко ќе се најде нешто што ќе ви фати око, тоа со 99% сигурност ќе биде или некој rogue-like, или некоја игра што нуди огромна и значајна експлорација.
  • Секоја нова игра што ја чекате нема да сакате да ја играте после првата мисија во неа, ќе ви изгледа како некоплетно, бљантаво, сувопарно, недоволно интерактивно.

Совет за сите тие што сакаат да бидат како НЕО

  • Дозволете да бидете поразени, навикнете на зборовите „YOU DIED“, нив ќе ги читате и по илјадници саати во било која ов овие игри.
  • Ова не е спринт, ова е маратон, не брзај, истражи го секое ќоше, уживај во светот, ако некој пат е тежок и не можеш да поминеш, најди друг, секако ќе се вратиш таму кога ќе бидеш посилен.
  • Соочи се со тоа дека единствен начин да ја поминеш секоја препрека во овие игри е познатата изрека GIT GUD. Секогаш кога ќе побараш помош на Reddit или на некој форум околу бос во играта ќе го добиеш истиов одговор.
  • Не е лошо да погледнеш guides за генерално знаење околу играта, пример, како да чуваш злато во SEKIRO, што значат бројчињата пред оружјата, скејлање итн итн.
  • Секој souls играч барем 2 пати ја има избришано првата вак ваиграта поради rage quit на почетокот.
  • И ако некогаш решиш да „чизаш“ било каков дел, момент, бос, за тебе ова комјунити има оставено убава порака и гласи вака:

You cheated not only the game, but yourself.
You didn’t grow.
You didn’t improve.
You took a shortcut and gained nothing.
You experienced a hollow victory.
Nothing was risked and nothing was gained.
It’s sad that you don’t know the difference.

МАРКЕТИНГ

About The Author

Пред да продолжиме, имајте предвид дека станува збор за проекција на еден универзитетски професор по економија. Сепак, тој веројатно е меѓу најкомпетентните луѓе во светот за да објасни зошто Grand Theft Auto 6 би можела да донесе огромна заработка на повеќе начини.

Речиси и да нема што повеќе да се каже за GTA 6. Ја видовме играта, понекогаш и повеќе отколку што требаше, благодарение на CYBERLEEK, слушнавме за неа, а сега сите ја посакуваме. Еден аналитичар верува дека возбудата околу играта би можела да има негативно влијание врз американската економија.

Не ја земајте оваа прогноза како апсолутна вистина, бидејќи има премногу фактори што треба да се земат предвид. Идејата дека милиони луѓе истовремено ќе земат слободен ден за да играат Grand Theft Auto 6 можеби е значително преценета.

„Боледување од милијарда долари“ поради GTA 6

Слика: NPC од GTA 6. Фото: Rockstar Games

International Business Times објави интересна анализа за тоа како би можел да изгледа денот на објавувањето на GTA 6 во Америка, врз основа на процените на Хосе Гарсија Монталво, професор по економија на Универзитетот Помпеу Фабра.

– Повеќе од Insider Gaming: Ажурирањето 2.5 за Cyberpunk 2077 тајно додава содржини од The Witcher

Аналитичарот вели дека станува збор за „академска проекција“, но не верува дека влијанието и резултатите ќе бидат многу поинакви од предвиденото.

Според IBT, Монталво изјавил:

Монталво ја заснова бројката на приближно 1,5 милиони отсуства од работа и просечно годишно производство од околу 70.000 долари (51.900 фунти) по американски работник, што би довело до краткорочен пад на продуктивноста од околу 2 проценти. Најголем дел од работниците што ќе отсуствуваат се мажи на возраст од 18 до 30 години, а се очекува технолошкиот сектор да биде најтешко погоден. Дури и вработените што ќе дојдат на работа би можеле да придонесат за падот на продуктивноста, бидејќи разговорите за играта, доцните ноќни сесии и преносите во живо би им го одвлекувале вниманието на вработените низ канцелариите.

Еве го пресвртот што го пропуштаат повеќето медиуми. Една милијарда долари што Америка би можела да ги загуби речиси целосно се совпаѓа со сумата што издавачот на играта очекува да ја заработи. Извршниот директор на Take-Two Interactive, Штраус Зелник, им изјави на акционерите дека компанијата очекува повеќе од една милијарда долари оперативен паричен тек во текот на оваа фискална година, при што GTA 6 ќе биде главниот двигател. Со други зборови, парите не исчезнуваат. Тие се префрлаат од американските работодавци, кои губат еден работен ден, кон Take-Two и Rockstar Games, кои ја остваруваат продажбата во истата недела.

Со други зборови, парите не исчезнуваат. Тие се префрлаат од американските работодавци, кои губат еден работен ден, кон Take-Two и Rockstar Games, кои ја остваруваат продажбата во истата недела. Постои и дополнителен проблем за САД. Rockstar North, главното студио што стои зад играта, се наоѓа во Единбург. Тоа значи дека голем дел од приходите ќе се слеат во Обединетото Кралство, додека американските работни места ќе ги почувствуваат загубите.

Оваа поделба доведува до незгоден исход. Американските компании ги сносат трошоците, додека најголемите придобивки завршуваат на другата страна на Атлантикот. Сумите се огромни. Компанијата за истражување на пазарот Newzoo проценува дека GTA 6 би можела да продаде најмалку 37 милиони копии во првата недела, со глобална малопродажна продажба во вредност до 4,5 милијарди долари (3,3 милијарди фунти). Newzoo проценува и дека само во првата недела од претпродажбата, на глобално ниво, би можеле да се остварат околу 260 милиони долари (192 милиони фунти).

Повторно, сите овие бројки се приближни проекции. Постојат бројни фактори што би можеле да се променат до објавувањето на играта, како и на самиот ден на нејзиното излегување.

GG анкета

вести и новости од

ПРИЈАТЕЛИТЕ на GG.MK

GG LFM

W00t w00t? GG ис лукинг фор мор!​
Стани дел од тимот на GG.MK!

GG ЛОВЦИ НА ТРОФЕИ

покажете го пленот

Претплати се на нашата мејлинг листа

Нема спам, нема замарање!
Само гејминг!