Интервју со Марко Марковиќ – GP

Во далечната 2016 година кога нашиот “GG.MK Подкаст” ја започнуваше величествената трета сезона, на гости го имавме најголемиот Македонски Јутубер кој што се уште го држи рекордот на нашата сцена! Величествениот Марко Марковиќ – GP кој што направи пример за што значи да се биде Јутубер во Македонија уште тогаш ги кажа работите кои што се актуелни денес и после толку многу години.

Иако денес Македонската Јутуб сцена е поголема во бројки на следачи, многу е помала во бројка на контент креатори. Додека беше Марко Марковиќ – GP активен сцената броеше многу креатори, денес се бројат на пола рака. Но сепак денес поголемиот дел на креатори се на социјалните мрежи како Инстаграм и ТикТок.

Погледнете го интервјуто кое што го направивме со Марко во далечната 3та сезона, и погледнете каква е разликата 2016 година и 2024 година во аспект на контент креатори и Јутуб сцената во Македонија.

МАРКЕТИНГ

Спорели на:

The Game Awards 2026 во голема мера се поврзуваше со прашањето дали Grand Theft Auto 6 ќе успее да го исполни условот за учество на доделувањето на наградите. Сега е потврдено дека долгоочекуваната игра на Rockstar Games ќе го исполни рокот и ќе може да се натпреварува за наградите оваа година.

„Игрите мора да бидат комерцијално достапни за купувачите најдоцна до петок, 20 ноември 2026 година, во 21 часот по пацифичко време. За категоријата Players’ Voice, игрите мора да бидат објавени најдоцна до 30 ноември 2026 година.“

Според официјалните информации за рокот за исполнување на условите за учество на The Game Awards

Како што е познато, Grand Theft Auto 6 треба да излезе на 19 ноември. Тоа значи дека играта на Rockstar ќе го исполни рокот за учество на The Game Awards 2026, и тоа само еден ден пред крајниот датум.

GG анкета

вести и новости од

ПРИЈАТЕЛИТЕ на GG.MK

GG LFM

W00t w00t? GG ис лукинг фор мор!​
Стани дел од тимот на GG.MK!

GG ЛОВЦИ НА ТРОФЕИ

покажете го пленот

Претплати се на нашата мејлинг листа

Нема спам, нема замарање!
Само гејминг!