Интервју со Марко Марковиќ – GP

Во далечната 2016 година кога нашиот “GG.MK Подкаст” ја започнуваше величествената трета сезона, на гости го имавме најголемиот Македонски Јутубер кој што се уште го држи рекордот на нашата сцена! Величествениот Марко Марковиќ – GP кој што направи пример за што значи да се биде Јутубер во Македонија уште тогаш ги кажа работите кои што се актуелни денес и после толку многу години.

Иако денес Македонската Јутуб сцена е поголема во бројки на следачи, многу е помала во бројка на контент креатори. Додека беше Марко Марковиќ – GP активен сцената броеше многу креатори, денес се бројат на пола рака. Но сепак денес поголемиот дел на креатори се на социјалните мрежи како Инстаграм и ТикТок.

Погледнете го интервјуто кое што го направивме со Марко во далечната 3та сезона, и погледнете каква е разликата 2016 година и 2024 година во аспект на контент креатори и Јутуб сцената во Македонија.

МАРКЕТИНГ

Спорели на:

CD Projekt Red откри дека конечно започнала со работа на Project Hadar, но играта сè уште не влегла во претпродукциска фаза. Компанијата зборуваше и за напредокот на Project Sirius, мултиплеер-проект сместен во универзумот на The Witcher.

CD Projekt Red започна со работа на Project Hadar, но играта сè уште не е во претпродукција

Во неодамнешно интервју за полскиот медиум Biznes, коизвршниот директор на CD Projekt Red, Михал Новаковски, потврди дека официјално започнала работата на Project Hadar. Тој го опиша проектот како „најголемиот потфат досега“ на компанијата и откри дека биле потребни неколку години за да се стигне до оваа фаза.

Новаковски потврдил дека тимот сега има јасна и кохерентна визија за светот на играта и неговите клучни елементи, по што започнала работата на самата игра. Сепак, тој нагласил дека проектот сè уште не е во претпродукција.

Играчите претходно, во март годинава, беа информирани дека проектот преминал во концептуалната фаза на развој на првата видеоигра. Останува да се види колку години ќе бидат потребни пред играта официјално да биде претставена.

CD Projekt Red ќе биде особено внимателна со претставувањето на Project Sirius

Новаковски сподели информации и за Project Sirius, особено во врска со промените во големината на тимот што работи на мултиплеер-проектот сместен во универзумот на The Witcher.

Тој објасни дека главната причина за промената е тоа што тимот „пораснал повеќе отколку што одговара на моменталната фаза на развој и тестирање на различни идеи“.

Дополнително, Новаковски истакнал дека, бидејќи ова е првата игра од ваков вид што ја развива компанијата, CD Projekt Red пристапува особено внимателно кон претставувањето на нејзините карактеристики.

Извор: Insider Gaming.

GG анкета

вести и новости од

ПРИЈАТЕЛИТЕ на GG.MK

GG LFM

W00t w00t? GG ис лукинг фор мор!​
Стани дел од тимот на GG.MK!

GG ЛОВЦИ НА ТРОФЕИ

покажете го пленот

Претплати се на нашата мејлинг листа

Нема спам, нема замарање!
Само гејминг!