Во далечната 2016 година кога нашиот “GG.MK Подкаст” ја започнуваше величествената трета сезона, на гости го имавме најголемиот Македонски Јутубер кој што се уште го држи рекордот на нашата сцена! Величествениот Марко Марковиќ – GP кој што направи пример за што значи да се биде Јутубер во Македонија уште тогаш ги кажа работите кои што се актуелни денес и после толку многу години.
Иако денес Македонската Јутуб сцена е поголема во бројки на следачи, многу е помала во бројка на контент креатори. Додека беше Марко Марковиќ – GP активен сцената броеше многу креатори, денес се бројат на пола рака. Но сепак денес поголемиот дел на креатори се на социјалните мрежи како Инстаграм и ТикТок.
Погледнете го интервјуто кое што го направивме со Марко во далечната 3та сезона, и погледнете каква е разликата 2016 година и 2024 година во аспект на контент креатори и Јутуб сцената во Македонија.