Најавена е нова Justice League игра

Новата Justice League игра беше претставена како дел од денешниот настан OG Unwrapped организиран од издавачот Outright Games. Иако не се знае многу за новата игра, вклучувајќи го и нејзиното официјално име, првиот тизер е објавен, а потврдено е дека играта ја развива PHL Collective за PlayStation 5, PlayStation 4, Xbox Series X, Xbox Series S , Nintendo Switch и PC. Исто така, се очекува да излезе во текот на следната година.

Екстремно краток тизер кој ја открива играта дава поглед на мини (детските) верзии на Superman, Batman, The Flash, Cyborg, Wonder Woman, Green Lantern и Aquaman. А, судејќи по смешкањето во тизерот, изгледа дека Џокерот ќе биде дел од неволјата што ги очекува хероите и хероините од оваа игра. Како што може да се очекува од Outright Games, играта е опишана како семејна авантуристичка игра со суперхерои на DC.

Некои дополнителни детали откриени од Outright Games вклучуваат дека нема да има микротрансакции, ќе има Multiplayer и дека играта е првенствено наменета за оние под десет години. Не рипајте многу, за младите е ова, не е за сите.

МАРКЕТИНГ

Тагови:

Спорели на:

About The Author

АСУС преку медиумот The Verge го претстави нивниот нов уред, односно следната генерација на рачната конзола – ROG Ally X. Следниот рачен компјутер од компанијата кој се чини дека ќе се натпреварува со Steam Deck на Valve. Новиот уред треба да биде лансиран подоцна во 2024 година, односно пред крајот на оваа година.

Иако некои можеби ќе сакаат да го наречат ROG Ally 2, овој рачен уред не е тоа… ROG Ally X ќе го има истиот чипсет AMD Z1 Extreme како и оригиналот, како и истиот VRR екран од 48-120Hz.

Она што се разликува од првиот уред на РОГ е во траењето на батеријата бидејќи уредот ќе има поголем пакет батерии во рачната опрема. Исто така, ќе има повеќе меморија во споредба со 16 GB во оригиналот, како и подолг слот M.2 2280 за повеќе опции со M.2 погони.

Што се однесува до целосните спецификации за уредот, тоа ќе дојде на подоцнежен датум поблиску до лансирањето. И на крај, кога станува збор за ROG Allly 2, тој уред нема да дојде, изјавено од Asus, додека компанијата не може да им понуди на играчите големо подобрување во однос на оригиналот.

Целосното откривање на ROG Ally X ќе дојде на 2 јуни, според Asus.