Marvel’s Wolverine нема да ја видиме се до 2025 година

Marvel’s Wolverine играта од Insomniac нема да излезе до 2025 година. Барем така се тврди во новиот извештај.

Според познатиот протекувач Даниел Рихтман, не само што претстојната игра нема да биде објавена во 2024 година, туку ќе има и „потемен“ и „понасилен“ тон од минатите игри од студиото. Што се однесува до локацијата, ќе биде поставена во Мадрипур, град од Југоисточна Азија во универзумот на Марвел. Градот долго време бил познат како „рај за пирати“ откако бил изграден на грбот на змеј.

„Близината на најважните азиски пристаништа го прави главно беззаконски рај за шверцери, тајни друштва и воени лидери, кои постојано се борат за контрола“, според Marauders Vol 1 #19.

Иако датумот на издавање не е потврден од Insomniac или Sony, едно нешто што е познато е дека Wolverine е во истиот универзум како и игрите Spider-Man од студиото.

Кога ќе биде лансиран, Wolverine ќе биде ексклузивен за PlayStation 5, слично на гореспоменатите наслови на Spider-Man.

МАРКЕТИНГ

Спорели на:

About The Author

Џокерот од Флорида, кој навидум инспирираше лик прикажан во трејлерот за на GTA 6, бара 2 милиони долари од Rockstar Games за неговото искористување, и тоа што му го украле целиот карактер кој што он сам си го градел.

Во видеото објавено на социјалните мрежи, „вистинскиот“ Џокер ги повтори своите размислувања од неговото претходно видео. Тој покажа кон ликот од играта рамо до рамо со негова слика, повторувајќи постојано дека е јасно од кого е инспириран тој лик.

“We gotta talk GTA, or not you guys gotta give me a million or two,” he said in the video.

“Holla at me GTA. Rockstar Entertainment.”

Дури и ако има шанси да добие пари од Rockstar, тоа е многу малку веројатно. Rockstar лесно може да тврди дека ликот во играта е пародија. Има и случај кога актерката Lindsay Lohan се обиде да ги тужи Rockstar, тврдејќи дека ликот на девојка во GTA V се базира на неа.

Тој случај на крајот беше отфрлен откако судијата Eugene Fahey изјави: “„Уметноста и реалниот живот не треба да се споредува. Доколку во игра имаме рендер од некој карактер не значи дека тоа е инспирано од реалниот живот”.

Rockstar не ги коментираше барањата на Џокерот од Флорида, и најверојатно нема да ги коментира во никакво официјално својство… Нормално дека не се будали за да го направат тоа…