Marvel’s Midnight Suns е повторно одложена

2K објави второ одложување за тактичкото RPG Midnight Suns на девелоперите Firaxis на тема Marvel. Насловот повеќе нема да се лансира овој октомври како што беше претходно најавено и наместо тоа сега ќе пристигне само на Xbox Series X/S, PlayStation 5 и PC во одреден момент пред крајот на тековната фискална година на 2K. Другите верзии сега се „TBA“.

Најавена минатиот август, Marvel’s Midnight Suns е стратешка игра со суперхерои која – црпи инспирација од стрипот Midnight Sons од средината на 90-тите, вклучително и Avengers. Првично требаше да биде лансирана овој март, но во ноември минатата година Firaxis и 2K донесоа одлука да го одложат неговото објавување назад кон крајот на 2022 година со цел „да додадат повеќе приказна, кинематика и целокупно полирање“. И во јуни ја добивме веста дека играта треба да биде лансирана на 7ми октомври, но сега тек следната година.

Нема нов датум на објавување во денешното соопштение, но 2K вели дека Midnight Suns сега ќе започне за Xbox Series X/S, PS5 и PC некаде пред крајот на нејзината тековна фискална година, која завршува во март 2023 година. За жал, секој што се надева дека ќе игра на PlayStation 4, Xbox One или Switch ќе има уште подолго чекање, а тие верзии сега се одложени на неодредено време до „подоцнежен датум“.

“We know fans are looking forward to playing Marvel’s Midnight Suns and we will use this extra time to make sure we are delivering the best possible experience for everyone,” Firaxis said in its statement. “Marvel’s Midnight Suns is easily the biggest game we’ve ever made and we’re incredibly appreciative of all the support players have shared with us throughout the years.”

МАРКЕТИНГ

Спорели на:

Еве еден интересен факт: од сега па сè до 2029 година, OpenAI контролира 40 отсто од светското производство на динамичка меморија со случаен пристап (DRAM), која се користи во мобилните телефони, конзолите за видеоигри и системите за вештачка интелигенција. Така, компанијата зад ChatGPT е една од главните причини поради кои сега треба да платите 650 долари за PS5 и поради кои речиси никој не може да си дозволи да состави нов гејминг-компјутер. Сепак, извршниот директор на OpenAI, Сем Алтман, некако смета дека овој процент не е доволен.

Според Алтман, сите ние – обичните луѓе, заедно со неговата компанија вредна 852 милијарди долари – имаме заеднички интерес. Во неформално интервју за YouTube-каналот Cheeky Pint, Алтман објасни дека светот веќе има ограничени капацитети за производство на силициум.

„Од гледна точка на глобалната распределба, всушност е прилично ужасно што сите имаат големи количини од ограничените светски резерви на DRAM меморија во своите компјутери, а таа се користи само пет отсто од времето.“

Алтман тврди дека, со оглед на постојните ограничувања, би било покорисно DRAM меморијата што луѓето ја имаат во своите електронски уреди да се користи за напојување на дата-центрите. На тој начин, сите би можеле да ја искористат вкупната компјутерска моќ.

„Ако се обидувате да се справите со средина во која понудата е многу ограничена, сакате максимална искористеност на капацитетите во облакот. А некако, интуицијата на луѓето е токму спротивна од тоа“, рече Алтман.

Од ChatGPT до PS5

Аргументот на Алтман, кој погодно ја заобиколува улогата на OpenAI во создавањето на проблемот со недостигот на меморија, наиде на неверување кај коментаторите и корисниците на YouTube. Сепак, Sony се согласува со него, поради што производителот на хардвер планира да ја прекине поддршката за Blu-ray во 2027 година и да произведува само целосно дигитални конзоли PS5.

Додека корисниците откриваат начини за отклучување на хардверот, а вештачката интелигенција го забрзува процесот на создавање игри, компании како Sony имаат дополнителен мотив да создадат средина во која поединечните корисници поседуваат што е можно помалку. Не можете лесно да украдете или да направите реверзно инженерство на нешто што се емитува преку облак, додека компаниите можат да контролираат колку ќе плаќате за пристап до таа содржина. Алтман само го кажува гласно она за што обично се молчи.

Подоцна, Алтман рече дека се надева оти трошоците за енергија, снабдување и производство наскоро ќе се намалат. „Ако не се намалат, ќе бидам многу тажен. Но, за да се намалат, со оглед на тоа колку вредност има во сето ова, понудата мора значително да се зголеми.“

GG анкета

вести и новости од

ПРИЈАТЕЛИТЕ на GG.MK

GG LFM

W00t w00t? GG ис лукинг фор мор!​
Стани дел од тимот на GG.MK!

GG ЛОВЦИ НА ТРОФЕИ

покажете го пленот

Претплати се на нашата мејлинг листа

Нема спам, нема замарање!
Само гејминг!