Final Fantasy VII Ever Crisis доаѓа на мобилни следниот месец

Final Fantasy VII Ever Crisis, мобилниот RPG кој ја прераскажува сагата на најдобрата Final Fantasy игра (сите фанови на франшизата сега вријат) FFVII, конечно доби датум на објавување. Играта првпат беше најавена во февруари 2021 година, и сега официјално дознаваме дека пристигнува на 7ми септември 2023.

Ever Crisis доаѓа на iOS и Android на 7 септември. Играта е RPG структурирана според поглавја за еден играч. Како бесплатна игра која ја опфаќа целата временска линија на FFVII. Очекувајте да ги ослободите клучните елементи од оригиналната игра од 1997 година, плус нови елементи на приказна напишани од писателот на приказни и сценарија на FF VII Remake, Kazushige Nojima, кои се фокусирани на млад СЕФИРОТ! Играта вклучува active-time battles, а монетизацијата е во форма на микротрансакции за одредени оружја и опрема. Погледнете го на дело во најновиот трејлер од Summer Game Fest во јуни.

Ова ќе биде најновиот пробод за пренесување на FFVII содржина на мобилниот телефон. Во јануари, Square Enix го затвори Final Fantasy VII The First Soldier, неговиот мобилен бој ројал кој беше откриен заедно со Ever Crisis пред две години. Се надеваме дека Ever Crisis има подобар тек и нуди солидно мезе до лансирањето на Final Fantasy VII Rebirth следната година.

МАРКЕТИНГ

About The Author

RIP БлизКон

Еден од најпознатите настани кој што порано се чекаше со нетпрение, BlizzCon 2024 е откажан, објави компанијата во четвртокот.

„По внимателно разгледување во текот на минатата година, ние во Blizzard донесовме одлука да не го одржиме BlizzCon во 2024 година. Оваа одлука не беше донесена лесно бидејќи BlizzCon останува многу посебен настан за сите нас и знаеме дека многумина од вас со нетрпение го очекуваат.

Иако на оваа година пристапуваме поинаку и истражувавме различни формати на настани во минатото, бидете сигурни дека сме исто толку возбудени како и секогаш да го вратиме BlizzCon во идните години.

За да ги прославиме овие претстојни изданија и да ги зближиме нашите заедници на нови и посебни начини, наскоро ќе споделиме некои возбудливи планови за други трговски саеми и конвенции во индустријата, како што е Gamescom. Не можеме да дочекаме наскоро да ви кажеме повеќе за тие планови“.

Официјалната изјава од Blizzard

БлизКон вообичаено беше настан каде што Blizzard дава различни најави околу своите игри. Во 2023 година, Blizzard го искористи настанот за да ја открие првата експанзија на Diablo 4 наречена Vessel of Hatred, како и три експанзии за World of Warcraft и многу повеќе.

Што се однесува до плановите на Blizzard за оваа година, компанијата вели дека ќе ги сподели деталите за нејзините претстојни лансирања во текот на „следните неколку месеци“.

Компанијата ја затвори својата изјава велејќи дека се надева дека различните настани на кои присуствува ќе ја „доловат суштината“ на Blizzard.

SAD BLIZZARD FAN