Денес требаше да ја играме GTA 6… Требаше…

GTA 6

Grand Theft Auto 6 требаше да биде лансирана денес, 26 мај, пред да биде одложена за ноември оваа година. Ќе видиме дали навистина ќе биде и во ноември оваа година.

Развивачите Rockstar Games првично планираа Grand Theft Auto 6 да биде лансирана кон крајот на 2025 година, но минатиот мај потврдија дека продолжението на Grand Theft Auto 5 од 2013 година ќе биде објавена на 26 мај 2026 година, после цели 13 години.

„Интересот и возбудата околу Grand Theft Auto беа навистина голема за целиот наш тим. Со секоја игра што ја објавивме, целта отсекогаш беше да се обидеме да ги надминеме вашите очекувања, а GTA 6 не е исклучок. Се надеваме дека разбирате дека ни е потребно ова дополнително време за да го испорачаме нивото на квалитет што го очекувате и заслужувате.“

Стоеше во тогашното соопштение на Rockstar Games

Неколку месеци подоцна, датумот на објавување на Grand Theft Auto 6 беше поместен на 19 ноември 2026 година.

Минатата недела, издавачот Take-Two Interactive потврди дека играта е сè уште на добар пат да се лансира во ноември по виралната гласина за одложување на 4chan.

Сепак, најновиот трејлер за Grand Theft Auto 6, кој е прикачен на врвот на страниците на социјалните медиуми на Rockstar, сè уште го рекламира датумот на објавување во мај.

Во вирална објава на GTA6 Reddit, еден корисник објави како партнерката го изненадила дечкото со парите вчера (25 мај) за да ја купат играта на денот на лансирањето. „Морав да ѝ објаснам дека нема да излезе до ноември. Само покажува дека повеќето обични играчи дури и не се во тек со новостите и нема да имаат поим за одложувањето“.

Се објави дека Grand Theft Auto 6 ќе стане најскапата видео игра некогаш направена кога конечно ќе биде лансирана. Извршниот директор на Take-Two, Штраус Зелник, исто така предвиде дека луѓето ќе отсуствуваат од работа за да ја играат играта на денот на објавување.

МАРКЕТИНГ

Тагови:

Спорели на:

Одговорот на ова прашање ќе го дознаеме на 15 ноември, кога 16-те најдобри гејмери од Македонија ќе се соочат на националното Red Bull Wings Cup финале, со една цел: да ја освојат националната титула и да нè претставуваат на светското финале во Мајами.

Патот до националното финале започна во октомври, 2026, со отворањето на пријавите за Универзитетската и Отворената лига, а за само неколку недели, натпреварувањето собра 739 регистрирани играчи од цела Македонија, кои одиграа повеќе од 690+ EA SPORTS FC™ 27 натпревари. Квалификациската трка освен онлајн, се одвиваше и во четири градови, опфати четири универзитети и осум факултети, а сега најуспешните 16 играчи од двете лиги се подготвени за последниот предизвик пред светското финале во САД.

Но, националното финале носи и поинакво гејминг искуство, бидејќи на 15 ноември, со почеток од 18 часот, Cineplexx во Skopje City Mall ќе се претвори во гејминг арена, каде што финалистите ќе ги одиграат решавачките натпревари пред публика, на големото платно. Најдобриот играч ќе добие можност да ја претставува Македонија на светското Red Bull Wings Cup финале во Мајами, каде што ќе се сретне со најдобрите гејмери од 80 земји ширум светот и ќе ги покаже своите фудбалски вештини и надвор од виртуелниот терен, преку реални фудбалски предизвици.

View this post on Instagram

A post shared by Red Bull Македонија 🇲🇰 (@redbullmakedonija)

Националното финале ќе биде можност публиката одблизу да ја проследи цела EA SPORTS FC™ 27 акција, да ги поддржи Red Bull Wings Cup финалистите и да дознае кој од нив ќе нè претставува на светскота сцена следната година.

Сите љубители на фудбалот и гејминг фанатици се добредојдени на 15 ноември во 18 часот во Cineplexx, Skopje City Mall да ја проследат акцијата и да бидат дел од атмосферата.

GG анкета

вести и новости од

ПРИЈАТЕЛИТЕ на GG.MK

GG LFM

W00t w00t? GG ис лукинг фор мор!​
Стани дел од тимот на GG.MK!

GG ЛОВЦИ НА ТРОФЕИ

покажете го пленот

Претплати се на нашата мејлинг листа

Нема спам, нема замарање!
Само гејминг!