WARHAMMER – Забавно хоби или нешто многу повеќе

Share on facebook
Share on twitter
Share on reddit

Warhammer, тема на која можам да зборувам на долго и широко, а воопшто да не ми здосади. Сепак, пред да почнам да раскажувам сметам дека треба прво да дадам кратко објаснување што се Warhammer игрите и на кој жанр на игри припаѓаат.

Warhammer се група на игри кои припаѓаат на жанрот Miniatures Wargaming кој пак сам по себе спаѓа во групата на таканаречените Table-Top Games. Она што е специфично за овој жанр на игри е што главната поента е играње со минијатурни војски на рамна површина (најчесто маса) на која исто така се поставени минијатурни терени во форма на згради, рушевини, дрва, ридови и слично. Но ова не е единственото нешто кое го прави овој жанр на игри посебен. Втор сегмент е и градењето на самите војски и теренот. Најчесто минијатурните модели на војниците и возилата доаѓаат на делови и не се обоени, играчите за да може да играат треба да ги склопат и обојат моделите кои во минатото се изработувале од легура наречена бел метал, а сега се изработуваат од сива пластика и резин. Со ова можам слободно да кажам дека miniatures Wargaming е повеќе од само играње игри со минијатурни војски, Miniatures Wargaming е едно опширно хоби коe инволвира повеќе активности.

Тематски гледано овој тип на игри во своите почетоци, кои се претпоставува дека датираат дури од 18-тиот век, биле со историска тематика, најчесто рекреација на историски битки. Меѓутоа, веќе во 20-тиот век со зголемувањето на интересот за научна фантастика и епска фантазија, овие игри почнале да добиваат сосема друг лик и почнуваат да внесуваат теми од споменатите литературни жанрови.

Фотографија на која се гледа познатиот британски писател H.G. Wells како ја игра играта која тој сам ја има измислено, Little Wars.

Историјат

Во 1975-тата година, во Лондон тројцата другари John Peake, Ian Livingstone и Steve Jackson ќе ја основаат компанијата Games Workshop која првично се занимавала со производство на игри како табла, шах и слични други игри од овој тип. Подоцна, во 1977 ќе ги добијат правата за продажба и дистрибуција на Dungeons & Dragons, role-playing игра која добивала рапидна популарност, популарност која и ден денеска ја ужива. Ова ќе предизвика пресврт во GW. Инспирирани од D&D и Chainmail, GW ќе почнат со производство на свои игри од овој тип, па така во 1983-тата година ќе се “роди” Warhammer: Fantasy Battle, игра која комплетно ќе го доминира пазарот за miniatures Wargames и која и ден денеска е многу популарна, иако нејзиното производство престана во 2015 за на нејзино место да дојде наследникот Warhammer: Age of Sigmar. Warhammer: Fantasy Battle, како и нејзиниот наследник Warhammer: Age of Sigmar, тематски спаѓаат во епска фантазија и најголема инспирација црпат токму од еден од најголемите автори во жанрот, великиот J.R.R. Tolkien, како и великанот на мрачна епска фантазија Michael Moorcock. Војските во играта припаѓаат на добро познати раси од епската фантазија и митологија како elves, dwarves, orcs, giants, daemons и многу други. Четири години подоцна GW ќе ја произведат најпопуларната miniatures wargames игра на сите времиња, Warhammer: 40000, која првично била позната под името Rogue Trader. Оваа игра, за разлика од својот претходник била сместена во далечна дистописка иднина, инспирацијата за приказната и темата биле научно фантастични книги како Dune, Neuromancer, Foundation, како и британските стрипови 2000 AD кои ни се познати по ликот на Judge Dredd. Но приказната за WH40K, како што е популарно позната меѓу фановите, не застанува тука. GW решаваат да додадат и елементи од епската фантазија, па така покрај високата технологија, патување од планети на планети и други сегменти на научна фантастика, среќаваме и раси како Orks (space orcs), Eldar (space elves) и Daemons. Војските покрај стандардната научно фантастична опрема која инволвира разни ласерски или плазма пиштоли и пушки, користат и оружја како мечови и секири кои се исто така технолошки зајакнати, како и користење на магија која оди рака под рака со високата технологија. Сите овие сегменти ја прават Warhammer: 40000 да е многу уникатна, игра која и ден денеска важи за најпопуларната miniatures wargame на сите времиња и ќе зборувам многу повеќе за неа во наредни текстови кои следат.

Минијатури од Warhammer:40000

Можам сега слободно да зборувам и за техничкиот аспект на Warhammer игрите. Веќе споменав дека моделите на војските и возилата со кои се играат игрите доаѓаат во делчиња и играчите сами треба да ги состават и да ги обојат. Овој аспект е подеднакво забавен како и самото играње затоа што им дава можност на играчите да внесат нешто свое лично во самите модели, секој играч си има свој препознатлив стил по кој ги бои своите армии и ова ја прави играта многу позабавна. Две армии дури и кога структурно се исти, кога ги имаат истите единици, истите возила, истите херои, пак не изгледаат исто токму поради фактот што секој играч си внесува свој стил во боењето.

Бројот на фракции и во двете игри, Warhammer: Age of Sigmar и Warhammer: 40000, е огромен, има буквално се за сечиј вкус. Морам да напоменам дека двете игри се независни една од друга, правилата за играње се слични, но сепак доволно различни за да не можете да играте армија од едната игра против армија од другата игра. Сакате да играте човечки витези опремени во најдобриот оклоп кои се борат со мечеви и штитови? Нема проблем, ги има во WH:AoS! Сакате да играте “Dwarves” кои се технолошки супер напредни, а сепак го задржуваат дизајнот кој сите добро го знаеме? Нема проблем, ги има во WH:40K!

Во WH:AoS армиите се поделени пред се на четири големи алијанси. Grand Alliance Order, тука ги среќаваме класичните раси кои во епска фантазија најчесто се на страната на доброто, humans, elves (кои во WH:AoS ги нарекуваат Aelves), Dwarves (кои во WH:AoS ги нарекуваат Duardin), Seraphon кои се Lizardfolk, и Sylvaneth кои се како Ents во приказните на Tolkien. Во Grand Alliance Destructions спаѓаат Orruks (orcs), Grots (goblins), Ogors (ogres), Troggoths (trolls) и Gargants (giants). Потоа во Grand Alliance Death спаѓаат сите видови на Undead, како Vampires, Malignants (ghosts), Skeletons, Zombies, Ghouls, Necromancers и Reanimants (посебен вид на undead чии тела се комплетно создадени од коскена содржина). И конечно Grand Alliance Chaos, тука спаѓа злото па има, Human Cultists кои се потчинети на мрачните богови на хаосот, Khorne God of Slaughter, Tzeench God of Magic, Nurgle God of Pestilence и Slaanesh God/ess of Excess, Beasts of C haos кои се во суштина мутирани humans кои добиле животински карактеристики како и daemons of chaos.

Ова е мој модел, змејот Krondys кој припаѓа на армијата Stormcast Eternals od Grand Alliance Order. ;D

Во WH:40K oд друга страна имаме само три поделености. Прва и најголема фракција се The Imperium of Man, тука спаѓаат Adeptus Astartes, односно Space Marines, кои пак самите по себе се поделени на илјадници под-фракции наречени Chapters, супер војници чија креација е многу тешка, подлежат на многу мутации и промени на нивните тела, екстра вградени органи кои ги прават поголеми и многу помоќни од обичните луѓе. Adepta Sororitas кои најубаво можам да ги опишам само како nuns with guns! Astra Militarum, регуларната војска во Империјата сочинета од обични луѓе. Adeptus Mechanicus, или познати како The Priests of Mars, култ на техно-свештеници чија главна планета е Марс, нивна задача е да ја снабдуваат Империјата со машини и оружје за војување, а и самите по себе се одлично вооружени и функционираат како независно воено тело во рамките на Империјата. Imperial Knights, ова се витешки куќи кои за разлика од средновековните витези кои носеле оклоп, Imperial Knights се фракција која е составена од џиновски роботи пилотирани од пилоти кои се нарекиваат Princepses. И конечно The Inquisition, која има за цел да ја истреби заканата која доаѓа од вонземјани, еретици и демони!

Втора фракција се Xenos, односно сите раси кои не се луѓе. Orks кои се технички space orcs, Aeldari кои се space elves и се делат на Craftworlds, Drukhari (dark aeldari) и Harlequins. Tyranids и Genestealer Cults, ова се раса која е составена исклучиво од био-оружја, немаат класична технологија, нивните “машини” за војување како и оружја се биолошки суштества кои имаат само една цел, да ја изедат сета био-маса во галаксијата. Necrons, ако сте фан на Terminator франшизата, но и на Египет, ова е армија за вас, најдобро можам да ги опишам како cyber-undead! T’au, ова е раса која е многу технолошки развиена, инспирирана е од јапонските аниме филмови и серии со Mecha роботи, армија која што целосно е посветена на long range warfare и чие општество многу наликува на феудалните азиски кралства каде народот бил поделен на касти. И конечно во оваа секција последни се Leagues of Votann, кои најкратко можам да ги опишам како space dwarves, кои исто така се и најновата фракција во играта, беа објавени минатиот месец оваа година, иако самата раса кои порано се нарекуваа squats беа дел од играта во претходните едиции, меѓутоа GW решија да престанат со нивна продукција многу години за годинава повторно да ги вратат под името кое го напишав.

И конечно третата фракција се The Forces of Chaos. Тука, како и во WH:AoS, спаѓаат поданици на истите четири богови на хаосот кои го споменав погоре во текстот, па така имаме Chaos Space Marines, предавници кои се одметнале од Империјата и се придружиле на страната на Хаосот, human cultist, daemon engines, Chaos Knights и daemons. The Forces of Chaos во приказната се анти-тежата на The Imperium of Man, кои едноставно сакаат да го прошират Хаосот низ целата галаксија и да гледаат како таа гори во пеколните пламени. Комплетно и тотално уништување е нивната цел.

Повторно мои модели. Ова се Bladeguard Veterans од Space Marines, Dark Angels chapter. =D

И за крај уште неколку збора за тоа како се играат Warhammer игрите и што се е потребно освен моделите, маса и теренот. За секоја од двете игри си постои базична книга на правила и плус додатно секоја армија си има своја додатна книга која се нарекува Codex во WH:40k, или Battletome во WH: AoS. Постојат и додатоци и екстра книги кои додаваат нови мисии и екстра правила за играње. Освен се горе напишаното за играње се потребни и метро кое мери во инчи, ова е потребно за да се измери растојанието за движење на единиците по полето како и за мерење на растојанието на домет на оружјата кои ги носат самите единици. Исто така потребни се и стандардни коцки со шест страни.

Покрај аспектот на игрите, Games Workshop имаат и ќерка фирма која се вика Black Library, чија цел е производство, печатење и издаваштво на книги кои ја раскажуваат огромната приказна за двете игри. Постојат преку илјада книги и за WH:40K и за WH:AoS/Fantasy Battle. Згора на тоа произведуваат и аудио-книги, што е огромен бонус.

Се надевам дека успеав бар малку да ве заинтригирам за тоа што се Warhammer игрите и го насочив вашето внимание кон нив. Кај нас Warhammer е присутен одамна, најголем пораст доживеа во 2012 година со издавањето на 6-та едиција од WH:40K, која моментално е на работ на својата 9-та едиција и со нетрпение го чекаме издавањето на јубилејната 10-та едиција. Ова е прв од низата на текстови кои сакам да ги напишам за Warhammer, со надеж дека ќе го привлечам вашето внимание и ќе ја разбудам вашата љубопитност да дознаете нешто повеќе за ова хоби кое за многу луѓе ширум светот, вклучувајќи ме и мене, е и повеќе од хоби, за многу е и стил на живот.

До наредниот текст ќе ве поздравам со,


IN THE GRIM DARKNESS OF THE FAR FUTURE, THERE IS ONLY WAR!!!

МАРКЕТИНГ

Спорели на:

Share on facebook
Share on twitter
Share on reddit
Share on pinterest

WP Post Author

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

PC
Share on facebook
Share on twitter
Share on reddit

The Last of Us Part 1 е одложена и повеќе нема да го дочекува првичното објавување на 3ти март. Наместо тоа, играта е одложена до крајот на тој месец и сега ќе излезе на 28 март. Naughty Dog рече дека дополнителното време потрошено работејќи на играта ќе биде искористено за „да се осигураме дека дебито на The Last of Us Part I е во најдобра можна форма“.

Одложувањето беше објавено оваа недела во твит од профилот на Naughty Dog во кој најпрво им се заблагодари на луѓето за поддршката на франшизата поради тековната ТВ адаптација на The Last of Us, која доминира во разговорите откако првпат почна да се емитува. Студиото призна дека има луѓе кои ја сакале преработената верзија на The Last of Us која дебитираше неодамна на PS5 и уште повеќе кои сега беа заинтересирани за играта благодарение на шоуто HBO и да им дадат на тие луѓе најдоброто искуство, играта. треба повеќе работа.

The Last of Us Part I е римејк на оригиналниот The Last of Us со обновена игра, вклучувајќи некои дополнителни и ажурирани функции. Нејзината верзија за компјутер е една од неколкуте порти за PlayStation на PC што Sony ги постави на таа платформа во последниве години и доаѓа во скоро совршено време сега со оглед на тоа што сме во средината на The Last of Us на HBO.