WARHAMMER 40.000 – Трет Дел: За GAMEPLAY-от

Покрај очигледните работи, како модели кои ја претставуваат војската, рамна површина и терен, за играње на WH40K потребни се уште неколку работи. Играта користи D6 систем, односно целиот исход на битката се заснова на вртење обични шестстрани коцки. Среќата игра голем удел во самиот gameplay, ова секако може да се митигира со добро обмислена синергија на правилата на самите единици во армијата, но не може да се отстрани во целост. Покрај коцки потребно е и метро во инчи кое служи за мерење на далечината на движење на единиците како и дометот на “огнените оружја” со кои “пукаат” во непријателските трупи.

Коцки и метро произведени од Games Workshop.

Правилата за играње се поделени во два типа на книги. Првата книга е Core Book, во оваа книга се наоѓаат општите правила за играње, како на пример фазите на играта, како се движат моделите по полето, како се “пука” во непријателските единици, јуришање и борба од близина со “ладни оружја”, употреба на “магија” како и опаѓање на моралот на единиците. Исто така во оваа книга се наоѓаат правила за тоа како да се изградат армиите, мисиите по кои се игра, како и некои општи правила кои важат за сите армии, како на пример општи Stratagems и Warlord Traits, ќе ги објаснам овие работи подоцна. Другиот тип на книги, кои ги има повеќе се нарекуват Codex-и. Ова се специјализирани книги за секоја армија кои ги содржат сите потребни статистики за самите единици од армијата.

Core Book, книгата со општи правила.

ТРИ НАЧИНИ НА ИГРАЊЕ

Постојат три начини на играње на Warhammer 40000, Open Play, Narattive Play и најбитниот Matched Play. Специфично за секој начин е тоа што се разликуваат по тоа како се структуираат армиите и кои мисии се користат.

Open Play практично и нема правила, донеси колку сакаш модели, мешај единици од која сакаш армија во една, нема мисии, нема правила за димензиите на полето на кое се игра. Вака навидум ова звучи презабавно, не е… Иако реков дека нема правила, постои едно, а тоа е дека не се дозволени одредени специјални правила кои армиите ги поседуваат и кои ги прават да се уникатни, практично во Open Play се игра со најбазичните статистики, и ништо повеќе. Во овие 10 години како сум длабоко инволвиран во Warhammer 40000 немам видено нит чуено/прочитано некои некаде да имаат играно Open Play. Е сега ќе се постави прашањето, па ако никој никогаш не игра Open Play, и ти немаш видено нит играно, од кај знаеш дека не е забавно? За да го одговорам ова прашање ќе морам да направам мала дигресија и од Warhammer 40000 да се префрлам на Warhammer Age of Sigmar, втората најголема игра на Games Workshop која за разлика од WH40K, за која утврдивме дека е мрачна научна фантазија, WHAoS е мрачна епска фантастика. Кога играта за прв пат се појави немаше Narrative и Matched Play, единствен начин за играње беше Open Play. Се изнагледав еден куп видеа кои се нарекуваат Battle Reports, ги има многу на YouTube и најсрдечно ви ги препорачувам. Во ни еден случај ни една од партиите кои тогаш се играа не изгледаше забавно затоа што беше општ хаос, буквално не се знае кој пие а кој плаќа, дури и самите играчи во видеата доаѓаа до заклучок дека едноставно Open Play звучи интересно кога ќе се прочита во текст, ама во праска воопшто не е така. За среќа Warhammer Age of Sigmar го помина тој период и сега е рамо до рамо во квалитет на игривост како Warhammer 40000. За Warhammer Age of Sigmar ќе зборувам на долго и широко во наредни текстови откако ќе поминам се што сметам дека треба да биде кажано за Warhammer 40000.

Ultramarines vs Black Legion!

Narattive Play. Ова е начин на играње кој воведува структура во градењето на самите армии, големината на полето на кое се игра како и мисии по кои се водат играчите за да ја остварат крајната цел, победа. Кога станува збор за ова што го кажав Narrative Play е малку полабав начин на играње во однос на структурата на армиите, за разлика од Matched Play, за кој ќе зборувам пооцна. Јачината на асмите армии се мери со таканаречени Power Points, секоја единица си има своја одредена вредност на Power Points и по тоа најчесто се одредува балансот помеѓу армиите кои играат. Како што и самото име кажува, ова е начин на играње кој се фокусира на креирање на наратив, многу често за рекреација на некои битки од самите приказни. За почетници и за учење на правилата на игра ова е одличен метод, затоа што има каков таков одреден баланс во одност на структурата на армиите но воопшто не е до толку строг како што е во Matched Play. Препорака до сите почетници, изиграјте неколку Narrative партии пред да преминете кон наредниот метод на играње.

T’au Empire vs Tyranids!

Matched Play, now we are talking! Ова е најраспространетиот метод за играње. Правилата тука се доста строги и јасни, точно се знае како една армија се гради, постојат строги правила по кои мора да се придржувате, кога велам строги не мислам и тешки, градењето на армија во суштина е многу лесно. Исто така правилата за димензиите на теренот се јасно определени во зависност од големината на самите армии. Ова е најбалансираниот метод на играње. Јачината на армиите се мери во Points. Сѐ си има своја вредност во поени, ама буквално сѐ, секој модел сам по себе како и секое оружје кое моделите го носат, кумулативно ја креираат вредноста на поените на една единица. Сетоа ова е запишано во Codex-ите на соодветните армии. Не грижете се, нема потреба да ги помните овие работи на памет, вредностите на армиите се гледаат од книгите и се запишуват во листата на самата армија. За среќа постои еден неофицијален програм кој го има и за Windows, и за Android, и за IOS, чие име е BattleScribe. Ова е програмче кое целосно е одржувано од самото community, Games Workshop немаат никаков удел во ова, и токму служи за градење на листите на самите армии. Има дечки кои мксимално се посветени секогаш на време сите новитети и промени на правилата да бидат интегрирани во Battle Scribe. Со овој програм градењето на листата за армијата е лесно како 1, 2, 3! Самиот програм ви ги пресметува поените на армијата и точно имате увид во сите правила на истата.

Во Matched Play армиите се градат во таканаречени Detachments, секој со свои правила и ограничувања. Она што е најбитно е секогаш двете армии (или трите… или четирите… или повеќето 😉 ) да се со иста вредност на поени, секако колку е можно и изводливо. Тоа оди по договор на самите играчи, на пример се договараме да играме со армии на кои максималната вредност на целокупните поени е 500, ако се помалку не е проблем, ако надминува 500, може да е проблематично зашто веќе едната армија која ги надминала договорените поени е во предност со некое оружје екстра кое може да значи многу во финалниот исход на изиграната партија.

Orks vs Astra Militarum!

Мисиите најчесто доаѓаат во таканаречени Mission Packs кои не само што одредуваат кои мисии може да се играат туку и многу често налагаат како да се градат самите армии, што е дозволено во нив, а што не, како и бројот на Command Points кои армијата ги добива, за нив ќе зборувам кога ќе ги објаснувам фазите на играње. Најчесто користен Mission Pack е Eternal War кој се наоѓа во Core Book. Дурги Mission Packs доаѓаат во додатни книги кои се нарекуваат Supplements и кои воопшто не се задолжителни, напротив се опционални и ако играчите сакаат воопшто не мора да ги користат, едноставно служат за да ја збогатат играта со опции.

ОПШТИ ПРАВИЛА

Како што веќе кажав правилата за единиците на секоја армија се наоѓаат во книгите наречени Codex-и. Секоја единица, или како што на англиски се вели unit, своите правила ги има во целост на таканаречени Datasheets. Она што е важно е дека постојат карактеристики кои важат за сите units, претставени се со нумерички вредности кои пак варираат кај секој unit.

M (Movement) – Ова е карактеристика која ни покажува колку еден unit може да се движи мерено во инчи. Секој unit може да се движи по полето во секоја насока, меѓутоа максималната далечина е дадена точно со оваа карактеристика.

WS (Weapon Skill) – Со оваа карактеристика дознаваме која е потребната минимална бројка која треба да се добие кога се вртат коцки при битка со ладни оружја од блиску. На пример, ако за еден unit WS карактеристиката е 4+, тоа значи дека вредноста на коцките за тој unit да успее да го удри противничкиот unit треба да е 4 или поголема од 4.

BS (Balistic Skill) – Потполно исто како и WS, со тоа што ова е потребната вредност која треба да се добие кај коцките кога unit-от пука со огнени оружја. Ако BS е 3+, тогаш кога се вртат коцките, сите коцки кои имаат 3 или погоре од 3 се сметаат за погодоци, 2-ките и 1-ците се сметаат за промашувања.

S (Strength) и T (Toughness) – Овие две вредности се тесно поврзани една со друга. Кога еден unit напаѓа друг, а ова важи и за “огнени оружја” и за во блиска борба, за да видиме далу напаѓачот успеал да нанесе некаква штета ги споредуваме S на напаѓачкиот unit и Т на unit-от кој се брани. Постои шема по која се гледа која е вредноста на бројките на коцките за ударот да нанесе некаква штета на противничкиот unit. Шемата е многу проста и лесно се учи. Ако вредностите на S и T се исти, на пример ако напаѓачот има S5, но и бранителот има T5, тогаш коцките кои се вртат се сметаат за успешни на 4 или повисоко. Ова повторувам важи секогаш кога S и T се со исти нумерички вредности. Од друга страна, ако S вредноста е поголема од T, тогаш за успешни се сметаат сите коцки кои се со 3 или повисок резултат од вртењето. Доколку S е со помала вредност од T, тогаш за успешни се сметаат само тие коцки кои се со резултат од 5 или 6. Ако S има двојно поголема вредност од T, на пример S8 против Т4, тогаш за успешни се сметаат тие коцки кои имаат резултати од 2 или повисоко. И доколку S е двојно помало од T, пример S4 против T8, тогаш се сметаат само тие коцки кои имаат резултат 6. Без разлика на нумеричка вредност во било кој момент, коцки со резултат од 1 секогаш се сметаат за промашувања и за неуспешни.

W (Wounds) – Оваа вредност ни ја покажува количината на “штета” што одреден модел во unit-от треба да ја прими пред да “умре”, или како што уште го нарекуваат во играта пред да биде “destroyed”. Сите модели чија W вредност е сведена на 0 се сметаат за уништени и се отстрануваат од полето.

A (Attacks) – Оваа вредност едноставно ни ја покажува бројката на напади која моделите во unit-от ја имаат за битка од близина со ладни оружја.

Ld (Leadership) – Ld е многу интересна карактеристика, ја претставува јачината на менталната волја на моделите од еден unit. Нема да навлегувам во тоа како се пресметува, само ќе кажам дека сака да ја претстави подложноста врз страв на моделите во еден unit. Доколку еден unit не успее да го помине таканаречениот Leadership Test, тогаш модели од самиот unit почнуваат да бегаат во паника и се отстрануваат од полето. Секој модел кој вака ќе избега се смета за destroyed.

Sv (Armor Save) – Откако ќе поминат сите вртења на коцки за BS/WS и откако ќе поминат сите вртења на коцки чии резултати зависат од S и T, доколку нападот е комплетно успешен тогаш се активира способноста на оклопот на моделите комплетно да го негираат ударот и да ја поништат штетата. Па така ако на пример еден unit има Sv 3+ тоа значи дека сите коцки свртени со резултат 3 или повеќе се сметаат за успешни и противничкиот напад е комплетно негиран.

Знам дека ова сѐ звучи многу комплицирано, и јас кога навлегував во играва на почеток мислев дека е некоја висока математика, но во суштина е многу просто и многу лесно се сфаќа за време на игра.

Основна статистика на Hearthkyn Warriors unit од Leagues of Votann.

Кога веќе ги објаснив стандардните референтни вредности на карактеристиките на самите units сметам дека можам да зборувам и за тоа како се одвива еден напад. Потоа ќе објаснам и кои се фазите, за на крај да ги кажам кои се типовите на units и со тоа ќе го завршам текстов.

Како што веќе кажав, исходите од акцијата во играта се пресметуваат со тоа што се вртат стандардни коцки со шест страни. Ова особено е изразено во тоа како напаѓаат units. Акцијата, и за борба од блиску и за пукање со “огнени оружја” е иста и се сведува на три секвенци. Roll to Hit, Roll to Wound и Save Roll. За Roll to Hit важат WS и/или BS вредностите. Roll to Wound се пресметува со споредување на S и T како што напишав погоре во текстот. И на крај се вртат коцки за Save Roll за да се види колку оклопот на моделите од самиот unit ќе успее да го игнорира нападот на непријателот.

BATTLE ROUNDS, PLAYER TURN и GAME PHASES

Warhammer 40000 е тактичка игра која се базира на Борбени Рунди, односно на англиски Battle Rounds, а секој играч во текот на една Рунда има свој Ред, или Turn. На почеток, откако ќе се постават армиите на полето секој играч врти коцка, тој што ќе добие поголем резултат игра прв, и ова важи се до крај на играта која секогаш завршува со Round 5. Секој Player Turn се состои од седум фази.

Command Phase – Во оваа прва фаза играчот пред се добива 1 Command Point, секогаш. Овие поени служат при користење на посебни правила кои се нарекуваат Stratagems и кои имаат свои вредности кои ни кажуваат колку CPs треба да потрошиме за конкретниот Stratagem да се активира. Јас лично Stratagems воопшто не ги сакам во поглед на gameplay на самата игра, сметам дека се сосема непотребни, ама тоа е само мое мислење, не мора да значи дека сум во право. Морам да напоменам и дека секоја армија пред да биде изградена од units има одреден број на стартни Command Points, бројот на овие поени зависи од вредноста на Points за која претходно двата играчи се имаат договорено. Колку се поголеми Unit Points толку се поголеми и стартните Command Points.

Movement Phase – Во оваа фаза играчот кој е на ред ги движи сите свои units по полето. Има два начина на движење, Nomral Movement со кој units се движат во зависност од нивната M вредност, и Advance кој претставува еден вид на трчање. За Advance потребно е да се сврти коцка, добиената вредност се додава на вредноста M и тоа е максималната дистанца која конкретниот unit може да ја “изоди” во оваа фаза. Најчесто после Advance Move unit-от не може да пука со “огнени оружја” и не може да јуриша кој непријателските units, меѓутоа некои units имаат способности ова да го игнорираат.

Psychic Phase – Ако една армија има units кои се Psykers, ова е фазата во која се активираат нивните Psychic Powers, односно нивните магии. Овие магии може да бидат добробитни за units од самата армија, или малициозни за непријателската армија.

Shooting Phase – Во оваа фаза сите units “пукаат” со сите свои “огнени оружја”. Има многу типови на “огнени оружја” и не би навлегувал да ги објаснувам сега. Она што е битно е дека секое “огнено оружје” има пет ведности. Range односно домет кој се мери во инчи. S кој е биквално со исто значење како и S вредноста на самите units за која зборував погоре во текстот. AP односно Armor Penetration, вредност која ја намалува вредноста на Sv карактеристиката на самите units. И на крај D, односно Damage, вредноста која нумерички ни кажува колкава штета оружјето нанесува доколку противничкиот unit не успее во своите Save Rolls.

Charge Phase – Во оваа фаза секој unit кој е во близина на непријателски unit, не поголема од 12 инчи, може да јуришне кон непријателот за да влезе во “close combat”. За еден Charge да биде успешен пред сѐ се мери кое е растојанието помеѓу двата units. Потоа играчот на unit-от кој сака да јуришне врти две коцки, добиените бројки се собираат и ако резултатот е ист или поголем од растојанието помеѓу двата units тогаш јуришот се смета за успешен и unit-от кој јуриша се доближува до непријателскиот unit па се продолжува кон следната фаза.

Fight Phase – Во оваа фаза се одвива битката од близина. Играчите во оваа фаза ги активираат сите units кои се инволвирани во битката, предност секогаш имаат сите units кои имаат успешен Charge. Потоа играчите ги активираат своите units со кои напаѓаат еден по еден наизменично,се додека сите units кои учествуваат во борбата се активирани и играчите немаат повеќе units за активација.

Moral Phase – Е последната фаза на еден Player Turn. Сите units кои имаат destroyed модели, како свои така и противнички се подлежни на Moral Test кој зависи од вредноста на Ld карактеристиката на самите units како и бројот на destroyed модели. Како што веќе споменав, во оваа фаза ако некој unit не успее да го помине Morale тестот губи уште модели кои бегаат во паника од полето.

Adeptus Mechanicus vs Death Guard!

За крај сакам само уште да кажам кои се сите unit типови кои ги имаат сите армии.

Типовите на units се делат на:

HQ – Тука спаѓаат сите карактери кои се херои, генерали, свештеници, војсководци, чија цел најчесто е да ја водат вашата армија.

Troops – Тука саѓаат основните трупи, најчесто пешадијата на вашата армија. Битни се затоа што поседуваат Objective Secured правило, кое е круцијално за освојување на Victory Points преку освојување и држење на Objectives за време на играта.

Elites – Мислам дека името на овој тип на units кажува се. Тука најчесто среќаваме моќни ветерани, елитни единици кои се доста моќни во своите способности.

Fast Attack – Повторно самото име си кажува сѐ. Овие единици најчесто се брза пешадија, брзи лесни возила, мотори и слично.

Heavy Support – Тешката артилерија и тешки оклопни возила, како тенкови, спаѓаат во овој тип на units.

Dedicated Transport – Тука спаѓаат возила чиј број во вашата војска зависи од бројот на Infantry, а се наменети за брзо пренесување на истите тие Infantry units низ полето.

Flyers – Сите летала влегуваат во овој unit тип.

Fortifications – Ова се многу ретки units кои претставуваат разни градби кои припаѓаат на вашата армија, кои секако не се подвижни.

Lords of War – Овие units се најретки и се екстремно моќни, то ест најмоќните units во армијата и најчесто дозволено е само еден ваков unit во целата армија.

Blood Angels vs Tyranids!

Бројката на овие типови на units зависи од таканаречените Detachments, тие имаат свои правила и диктираат колку units од кој тип се дозволени во армијата. Најпознат и најкористен Detachment е Battalion Detachment кој вели дека за армијата да ви е “легална” за играње мора да имате минимум 2 HQ единици но не повеќе од три, минимум 3 Troops единици но не повеќе од 6, не мора да имате Elites но ако решите да земете тогаш не смеете повќе од 6, може воопшто да немате Fast Attack и Heavy Support, но доколку решите да вклучите и вакви единици тогаш не смеете да имате повеќе од 3 од секој тип. Flyers може и да немате, меѓутоа ако решите да имате не смеете тоа да се повеќе од 2 units. Бројот на Dedicated Transports ви зависи од бројот на Infantry, а Lords of War и Fortifications не се дозволени. Исто така сите units во овој Detachment мора да се од истата армија. Секој Detachment чини одреден број на Command Points, меѓутоа некои Detachments, како на пример гореспоменатиот Battlaion Detachment, не коштаат CPs доколку во него се наоѓа Warlord-от на вашата армија. Warlord се одбира помеѓу карактерите во вашата армија кои секогаш ги има во HQ, а понекогаш и во Elites. Ова е карактер кој добива екстра правило кое се нарекува Warlord Trait и има задача да биде лидерот на вашата армија.

Ок, мислам дека кажав сѐ што сметам дека требаше да се каже во овој огромен текст. Ако успеавте да стигнете до тука ви честитам на истрајноста и упорноста, спремни сте за Warhammer 40000, само треба да одберете која од армиите највеќе ви се допаѓа, да си набавите Starter Pack, кој може да биде со една армија или со две, па да се втурнете во боење и играње!

До следно читање, have a happy wargaming!

МАРКЕТИНГ

About The Author

ГТА 6 е една од најочекуваните видео игри во историјата на гејмингот и гејминг индустријата. По повеќе од една деценија шпекулации, гласини, огромни протекувања и безброј прашања кога конечно ќе пристигне следното продолжение на легендарниот серијал. Рокстар Гејмс се подготвуваат повторно да нè вратат во светот кој не сме го виделе од раните 2000-ти години. После толку време ќе се вратиме во фиктивниот свет и регион познат како „Вајс Сити“. Но, за да разбереме зошто ГТА 6 предизвикува толкава возбуда, мораме да се вратиме малку наназад. Поточно, во септември 2013 година.

Тогаш PlayStation 3 и Xbox 360 сè уште беа актуелни конзоли, паметните телефони изгледаа поинаку, ТикТок не постоеше, а светот сè уште не знаеше колку време ќе помине пред да ја добие следната Grand Theft Auto игра. Рокстар Гејмс ја објави ГТА 5, нè однесе во фиктивниот град Лос Сантос и ни ги претстави карактеите Мајкл, Френклин и Тревор. Тогаш веројатно никој не ни помислуваше дека ова ќе биде играта во која ќе поминеме добар дел од следната деценија. Во меѓувреме, ГТА 5 стана многу повеќе од обична видео игра. Во рок од 13 години се искачи на третото место за најпродавани игри во историјата со повеќе од 235 милионии копии продадени на сите платформи.

Додека ГТА 5 продолжуваше да бележи огромен успех, а ГТА Online постепено прераснуваше во сопствен гејминг-феномен, прашањето за следното продолжение стануваше сè погласно. Гејмерите веќе почнаа да се прашуваат кога Рокстар Гејмс конечно ќе го најави следното поглавје.

Rockstar Games, Rockstar VI

Плановите за ГТА 6 започнале многу порано отколку што јавноста почна да претпоставува. Според Роб Нелсон, еден од раководителите на „Роксар Нортх“, уште во 2015 година дел од тимот отпатувал во Мајами за да ги прави целосните истражувања и анализи за проектот. Проектот тогаш го носел кодното име „Проџект Америкас“, а првичните амбиции биле многу поголеми. Идејата била играта да опфати огромни делови од Северна и Јужна Америка, со повеќе локации и можност за патување меѓу нив. Но, плановите не се одвивале толку едноставно.

Рокстар Гејмс во истиот период работеа и на другиот огромен наслов во тоа време „Red Dead Redemption 2“, проект кој постепено станувал сè поголем и барал ангажман од речиси сите студија на компанијата од целиот свет.

Како резултат на тоа, работата на ГТА 6 била поместена во втор план, а голем дел од ресурсите биле насочени кон завршувањето на вестерн-авантурaта која пристигна во 2018 година. Првичната замисла за огромна мапа што ќе опфаќа делови од двата американски континента подоцна била намалена на „Вајс Сити“ и околните области. Токму во 2018 година започнаа и првите посериозни шпекулации во јавноста. На 6 март, Јутјуб каналот „The Know“ објави видео во кое, повикувајќи се на анонимен извор близок до Рокстар, тврдеше дека следната ГТА ќе го носи кодното име „Project Americas“. Според тогашните информации, играта требало да се одвива во модерна верзија на Вајс Сити, но и да овозможи патување до делови од Јужна Америка.

Во следните години интернетот беше преплавен со наводни мапи, фотографии, информации од анонимни извори и теории за тоа како ќе изгледа ГТА 6. Во 2019 година се појавија шпекулации за приказна сместена во седумдесеттите и осумдесеттите години, со протагонист по име Рикардо, додека други тврдеа дека играта ќе има огромен свет инспириран од повеќе јужноамерикански градови. Се појавуваа и наводни протечени мапи, од кои голем дел подоцна се покажаа како целосно измислени.

Rockstar, од друга страна, продолжуваa да молчат и да ги негрираат информациите. Со тоа шпекулациите станаа поголеми.

Rockstar Games, Rockstar VI

Во меѓувреме, развојот на играта се соочил со дополнителни предизвици. Ковид-19 пандемијата ги испрати вработените да работат од дома, а студиото морало да ги прекине многу важните детали од нивната работа во студија за снимање движења и перформанси. Во интервју за Блумберг во октомври 2026 година, Нелсон опиша дека тимот поминал низ тежок период во кој сè уште се обидувал да ја дефинира конечната визија за играта. До крајот на 2019 година, раководството веќе ја имало основата на приказната за Џејсон и Луција, но голем дел од дизајнерските одлуки и системите во играта сè уште биле во развој.

Иако низ годините се појавуваа гласини дека проектот бил откажуван или целосно започнуван од почеток, нема официјални докази дека ГТА 6 некогаш била целосно откажана. Станува збор за долготраен процес во кој првичните планови биле менувани, дел од амбициите биле намалени, а развојот бил успорен поради други големи проекти и надворешни околности.

Првата официјална потврда дека Rockstar работи на следната Grand Theft Auto игра пристигна дури на 4 февруари 2022 година. Во кратко соопштение, компанијата потврди дека активниот развој на новото продолжение е во тек и дека нејзината цел е значително да го надмине она што претходно го понудила. Не беше објавено ни име, ни трејлер, никаква локација, датум на излегување не постоеше, но за гејмерската заедница тоа беше доволно.

Само неколку месеци подоцна, во септември 2022 година, следеше уште еден настан кој ја обиколи целата гејминг-индустрија. Непознат хакер објави десетици видеа од рана развојна верзија на ГТА 6, со вкупно околу 50 минути материјал. На снимките можеа да се видат делови од играта во развој, вклучувајќи ги Вајс Сити, главните ликови и некои од механиките. Рокстар Гејмс потврдија дека претрпела неовластен упад во својата мрежа и дека биле украдени доверливи информации, меѓу кои и снимки од новата игра. Компанијата изрази разочарување што материјалите биле објавени на тој начин, но истовремено порача дека инцидентот нема долгорочно да влијае врз развојот на проектот. За игра која со години се чуваше во строга тајност, ова беше огромен удар.

Декември 2023 – конечно го добивме првиот трејлер

По речиси две години од официјалната потврда дека се работи на следната игра, Рокстар Гејмс конечно ставаат крај на тишината. На 8 ноември 2023 година, ко-основаrчот и претседателот на компанијата, Сем Хаузер, објави дека првиот трејлер за следната ГТА ќе пристигне на почетокот на декември, во месецот кога Рокстар Гејмс го одбележуваше својот 25-годишен јубилеј.

Возбудата меѓу фановите беше огромна. На 1 декември компанијата потврди дека трејлерот ќе биде премиерно прикажан на 5 декември во 15:00 часот. Но, планот не издржа ни до закажаната премиера. Вечерта на 4 декември, на социјалните мрежи се појави протечена верзија од трејлерот, со низок квалитет и жиг. Рокстар реагираше брзо и реши да ја објави официјалната верзија порано од планираното, со кратка порака дека трејлерот протекол и дека фановите треба да ја погледнат вистинската снимка на Јутјуб.

И така, по повеќе од десет години чекање, конечно го видовме првиот официјален поглед кон Grand Theft Auto 6.

Во нешто повеќе од минута и половина, Рокстар ни го претстави фиктивниот свет Леонида, измислената американска сојузна држава инспирирана од Флорида, со неонските улици, плажите и препознатливата атмосфера на Вајс Сити. Трејлерот ги откри и двајцата главни протагонисти – Луција и Џејсон, криминален пар чија приказна очигледно ќе биде еден од централните делови на играта.

Особено внимание привлече Луција, која стана првата жена протагонистка во главната приказна на серијалот со можност за играње во модерната ера на Grand Theft Auto. Уште првите кадри ја прикажаа во затвор, а потоа ја видовме заедно со Џејсон во свет полн со криминал, забави, луди интернет-трендови и препознатливи ситуации што Рокстар ги користи за да ја исмева современата американска култура.

Кога Rockstar го објави првиот трејлер, најавата беше дека играта ќе пристигне во 2025 година. Неколку месеци подоцна, во мај 2024 година, Take-Two Interactive, матичната компанија на Rockstar, го стесни периодот на излегување на есента 2025 година. По толку долго чекање, фановите конечно имаа барем приближен рок кога ќе можат да ја видат играта.

Но, на 2 мај 2025 година пристигна првото големо разочарување. Рокстар објави дека играта нема да излезе во есента истата година, туку на 26 мај 2026 година. Компанијата им се извини на фановите за дополнителното чекање и објасни дека им е потребно повеќе време за да ја заврши играта на нивото на квалитет што публиката го очекува од неа.

Одложувањето беше разочарувачко, но многумина се надеваа дека дополнителните месеци ќе бидат доволни. Четири дена подоцна, на 6 мај, Rockstar го објави и вториот трејлер, со нови сцени од играта, повеќе детали за Џејсон и Луција и прв поголем поглед кон животот во Леонида. Возбудата повторно се врати, а датумот 26 мај 2026 година стана новата цел за фановите.

Сепак, ни тој датум не беше конечен. На 6 ноември 2025 година, Рокстар објави дека ГТА 6 повторно се одложува, овојпат за 19 ноември 2026 година. Во соопштението компанијата наведе дека дополнителното време е потребно за да го доврши проектот и да го испорача квалитетот што играчите го очекуваат. Со ова, играта беше поместена за речиси шест месеци од претходно најавениот датум.

Два одложувања за помалку од една година, а со секое ново соопштение фановите добиваа уште малку трпение како задолжителен дел од ГТА искуството. Интернетот, се разбира, не пропушти да се пошегува на сметка на постојаното поместување на датумот, но зад шегите остануваше едно прашање: дали Рокстар конечно ќе го испочитува и овој рок? На 17 ноември 2026 година, официјалниот датум на излегување останува 19 ноември. По тринаесет години од ГТА, речиси три години од првиот трејлер и две одложувања, до излегувањето на играта остануваат само два дена.

По сите одложувања, трејлери и години чекање, ГТА 6 конечно влезе во последната фаза пред излегувањето. Во јуни 2026 година Рокстар ги отвори преднарачките, со што играта и официјално почна да се подготвува за своето лансирање. На располагање беа две изданија – Standard Edition и Ultimate Edition, која вклучува дополнителни дигитални содржини поврзани со приказната на Џејсон и Луција. Сите што ќе ја купат играта пред 20 ноември добиваат и Vintage Vice City Pack, со предмети инспирирани од препознатливиот изглед на градот.

Во последните недели пред лансирањето, Рокстар продолжи да го гради интересот со нови материјали. На официјалната страница се појавија дополнителни снимки од играта, галерија со слики од Леонида, како и повеќе информации за музиката што ќе го придружува патувањето низ Вајс Сити и околината. Компанијата постепено откриваше нови детали за светот, неговите жители и атмосферата, но истовремено продолжи да чува голем дел од приказната и изненадувањата во тајност.

Цел Мајами е во изглед на Вајс Сити

Најголемиот дел од промотивната кампања беше насочен во Мајами. Рокстар реши да ја искористи таа поврзаност и буквално да го претвори вистинскиот град во промотивна верзија на светот од играта.

На улиците се појавија билборди од фиктивни компании, фиктивни телевизиски станици, ресторани и ноќни клубови што постојат само во играта. Наместо обични реклами за самата игра, минувачите можеа да видат промоции за „Weazel News“, автомобилската компанија „Coil“, радиостаницата „Chamber 106.6“ и други брендови од универзумот на играта. На плажите во Мајами Бич беа поставени розови и сини чадори и лежалки со ознаките на Vice City, а низ градот се појавија тематски автобуси, возила и големи мурали со Џејсон и Луција.

Еден од највпечатливите потези беше огромниот натпис „Welcome to Vice City“ поставен на покривот на „Kaseya Center“, арената во која настапува кошаркарскиот тим „Мајами Хит“. Целата кампања беше толку голема што локалните власти на округот Мајами-Дејд објавија промотивен пакет вреден 3,9 милиони долари, кој опфаќа рекламирање на меѓународниот аеродром, пристаништето и низ јавниот транспорт. Дел од договорот со Рокстар беше и самиот натпис на арената.

Интересно е што оваа промоција отвори и локална дебата. Некои претставници на властите се спротивставија на користењето јавни ресурси за рекламирање игра во која има криминал и насилство, додека други сметаа дека градот треба да ја искористи светската популарност на GTA 6 за да привлече внимание и посетители.

Иако Мајами беше центарот на кампањата, Рокстар не ја ограничи промоцијата само на градот што го инспирираше Вајс Сити. Во неделите пред излегувањето, големи реклами со Џејсон и Луција се појавија во Њујорк, Лос Анџелес, Чикаго, Париз, Лондон, Виена, Келн, Варшава, Мадрид, Барселона и Лисабон. Кампањата стигна и до Токио, Тајпеј, Сингапур, Хонг Конг и Мелбурн.

Во некои градови беа поставени огромни билборди и дигитални екрани, додека на други локации цели фасади на згради беа покриени со промотивни илустрации. Во Париз, на пример, рекламата на кулите Les Mercuriales привлече особено внимание, со огромни прикази на главните ликови и датумот на излегување. Во Лондон, промоцијата се појави и на фасади и во големи трговски центри, а во други градови беа забележани автобуси целосно обложени со визуелниот идентитет на играта.

Целта беше едноставна, каде и да се наоѓаат фановите, да добијат впечаток дека ГТА 6 е насекаде. И секоја фотографија од нов билборд, мурал или автобус дополнително ја ширеше кампањата на интернет, без Рокстар да мора да објавува посебна реклама за секоја локација.

Една од најинтересните соработки е договорот со NBA тимот Мајами Хит. На 18 ноември, ден пред официјалното излегување на играта, тимот ќе настапи под името Вајс Сити во специјален настан наречен „Ноќ во Вајс Сити“. За таа пригода се подготвени специјални дресови во црна и розова боја, тематски кошаркарски терен и производи со визуелниот идентитет на играта.

Музиката отсекогаш била еден од најпрепознатливите делови на серијатлот. Радиостаниците, водителите, рекламите и песните што ги слушаме додека возиме низ градот често стануваат исто толку незаборавни колку и самите мисии. Студиото добро знае дека музиката е важен дел од идентитетот на серијалот, па затоа и промоцијата на играта ја искористи за да создаде дополнителна возбуда, но и да ја претстави атмосферата на светот во кој ќе се одвива играта.

Уште во првиот трејлер се покажа колку добро Рокстар знаат да изберат песна што ќе остане поврзана со играта. За музичка подлога беше избрана „Love Is a Long Road“ од Том Пети, песна објавена во 1989 година на неговиот албум „Full Moon Fever“. Изборот се покажа како полн погодок. Песната се вклопи со приказната за Џејсон и Луција, но и со атмосферата на Флорида, од каде што потекнуваше самиот Пети.

Ефектот беше видлив и на музичките платформи. Според податоците што Спотифај ги сподели со „Universal Music Publishing Group“, слушањата на песната по објавувањето на трејлерот се зголемиле за неверојатни 36.97 отсто во споредба со претходната недела. Со други зборови, песна стара повеќе од три децении одеднаш доби нова публика благодарение на видео игра.

Слична приказна се повтори и со вториот трејлер, објавен во мај 2025 година. Овојпат студиото ја избра „Hot Together“ од The Pointer Sisters, песна од 1986 година. Само два часа по објавувањето на трејлерот, слушањата на песната на Спотифа пораснале за 182 отсто во споредба со истиот период една недела претходно.

Но, студото не застана само на изборот на музика за трејлерите. На 27 август 2026 година беше објавен и „Grand Theft Auto VI: An Extended Look“, подолг приказ на светот и содржините во играта, во кој музиката доби уште поголема улога. Во видеото беа вклучени 15 песни од различни жанрови и периоди, а реакцијата на публиката повторно се прелеа на стриминг-платформите.

На 17 септември 2026 година Rockstar отиде и чекор понатаму, најавувајќи го „Grand Theft Auto VI: The Album“, официјален музички албум што ќе биде објавен заедно со играта на 19 ноември. Албумот е создаден во соработка со издавачката куќа Atlantic Records и содржи 34 оригинални песни од изведувачи од различни музички жанрови.

Меѓу имињата што беа откриени во првата најава се Travis Scott, Future, Metro Boomin, Yung Lean, PinkPantheress, Fred again.., Morgan Wallen, Rauw Alejandro и Keith Richards. Првите шест синглови беа објавени веднаш, а за нив беа достапни и дигитални верзии за слушање и претходно зачувување на музичките платформи. Rockstar најави и физички изданија на албумот на винил и CD, вклучувајќи специјални колекционерски изданија.

Во септември 2013 година, кога првпат влеговме во Лос Сантос, веројатно никој не очекуваше дека ќе поминат повеќе од 13 години пред повторно да добиеме целосно нова Grand Theft Auto игра. Во меѓувреме сменивме конзоли, компјутери, телефони, музика, трендови и цели генерации гејмери. ГТА 5 остана со нас низ сето тоа време, а студиото успеа да ја претвори во една од најуспешните и најдолговечните игри во историјата.

Сега, по години шпекулации, лажни протекувања, вистински протекувања, бескрајни теории, трејлери и две одложувања, конечно сме пред вратите на Вајс Сити. Џејсон и Луција се подготвени да ја започнат својата приказна, а милиони играчи ширум светот се подготвени повторно да се изгубат во еден свет на Rockstar.

Дали ГТА 6 ќе ги оправда сите очекувања? Дали ќе постави нови стандарди за отворените светови и видео игрите воопшто? Дали ќе стане новата игра со која ќе се споредуваат сите следни големи изданија? Одговорите ќе ги добиеме дури кога ќе почнеме да ја играме. Но, едно е сигурно, ретко која игра успеала толку долго да го задржи вниманието на светот, а уште поретко некоја игра успеала да направи нејзиното излегување да изгледа како настан што го чека цела генерација.

Од Лос Сантос до Вајс Сити. Од 2013 до 2026 година. По 13 години, приказната продолжува.

GG анкета

вести и новости од

ПРИЈАТЕЛИТЕ на GG.MK

GG LFM

W00t w00t? GG ис лукинг фор мор!​
Стани дел од тимот на GG.MK!

GG ЛОВЦИ НА ТРОФЕИ

покажете го пленот

Претплати се на нашата мејлинг листа

Нема спам, нема замарање!
Само гејминг!