Добивме тизер за Ticket to Ride Legacy

All Aboard!!!!!!

Изгледа дека на пат е следната верзија на мега популарната друштвена игра Ticket to Ride која ќе биде Legacy верзија. Креаторите од Days of Wonder објави трејлер за новата верзија на Ticket to Ride, друштвената игра која се однесува на изградба на железнички линии до различни дестинации. Дизајнерите на ова ново издание се креаторот на Ticket to Ride, Alan Moon, креаторот на Pandemic, Matt Leacock и дизајнерот Risk: Legacy, Rob Daviau. Многу фанови се задоволни дека овој тизер ни прикажува дека оваа игра ќе биде Legacy верзија од Ticket to Ride.

Стилот на Legacy игрите се пресврт на популарните концепти на игрите но со тоа што се додава многу нови кампањи и целосно нови промени на самите игри. Daviau го измисли концептот на играта со Risk: Legacy, во кој играчите можат трајно да ја менуваат играта или да добијат други посебни предности врз основа на тоа кој победил во секоја игра. Daviau и Likok работеа заедно на трилогијата – Pandemic Legacy, која доби специјална награда на Spiel des Jahres. Издадени се неколку други наследени верзии на популарни игри, вклучувајќи ги Betrayal Legacy и Machi Koro Legacy.

Ticket to Ride, се разбира, е една од најдобрите модерни друштвени игри и создаде франшиза со различни мапи и неколку варијанти на правила. Јадрото на секоја игра Ticket to Ride вклучува обид да се освојат поени со поставување на железнички маркери на обоени простори помеѓу два града за да се формираат рути. Одредени градови имаат само ограничен број на правци кои одат во нив, така што играчите мора стратешки да бараат простор со нивниот ограничен број на шини.

МАРКЕТИНГ

Xbox овој месец ја прославува својата 25-годишнина, а по тој повод ги изненадува фановите со бројни подароци и најави. Игри како Minecraft, Microsoft Flight Simulator 2024, Gears E-Day и други добија бесплатни содржини по повод прославата. Покрај бесплатните предмети во игрите, играчите добија и неколку возбудливи најави од студијата Id Software и MachineGames, кои се во сопственост на Bethesda.

Извршната директорка на Xbox, Аша Шарма, во четвртокот објави порака на X во која зборуваше за подобрувањата што пристигнуваат на Xbox, но тоа не беше сè. Таа ја промовираше и новата Slaughter Mode, бесконечен борбен режим за Doom: The Dark Ages. Во овој режим, играчите ќе се соочуваат со сè посилни бранови случајно избрани демони, со цел да освојат што повеќе поени и да собираат черепи кои можат да ги заменат за уникатни награди. По секој бран, ќе мора да одлучат дали ќе продолжат и ќе ризикуваат да го изгубат целиот дотогашен напредок или ќе се откажат и ќе се обидат повторно подоцна.

Ажурирањето со Slaughter Mode за Doom: The Dark Ages треба да биде објавено во понеделник, на 16 ноември. Бесплатно ќе биде достапно за играчите кои го поседуваат DLC-пакетот Revelations, како и за оние кои ја купиле премиум верзијата или премиум надградбата за Doom: The Dark Ages.

Id Software и MachineGames работат на нови игри

Студиото Id Software, кое стои зад Doom: The Dark Ages, одговори на објавата на Шарма за новото ажурирање и потврди дека неговите тимови во Тексас и Франкфурт работат на нова игра. Се чини дека мистериозниот проект сè уште е во рана фаза на развој, бидејќи Id Software не сподели многу детали. Сепак, потврди дека режисер на играта ќе биде Хуго Мартин, кој ја предводеше работата на The Dark Ages.

Ова не беше единствената најава за нова игра во четвртокот. Шарма потврди дека Wolfenstein 3 официјално е во продукција во студиото MachineGames. Ваквата најава беше очекувана, бидејќи минатата година шефот на студиото, Јерк Густафсон, потврди дека рестартирањето на серијалот Wolfenstein отсекогаш било замислено како трилогија. Сепак, официјалната потврда дека играта се развива претставува значаен чекор напред во однос на претходните гласини и шпекулации.

Двете најави беа придружени со малку детали, па веројатно станува збор за проекти кои сè уште се во рана фаза на развој. Сепак, ова се одлични вести за фановите кои со нетрпение очекуваат нови игри од овие студија. Засега ќе мора да почекаме за повеќе информации, но за среќа, новиот режим на игра во Doom: The Dark Ages ќе ни понуди нешто со што ќе го исполниме времето дотогаш.

GG анкета

вести и новости од

ПРИЈАТЕЛИТЕ на GG.MK

GG LFM

W00t w00t? GG ис лукинг фор мор!​
Стани дел од тимот на GG.MK!

GG ЛОВЦИ НА ТРОФЕИ

покажете го пленот

Претплати се на нашата мејлинг листа

Нема спам, нема замарање!
Само гејминг!