Until Dawn добива Филмска Адаптација

Until Dawn, интерактивниот хорор хит од Supermassive Games, официјално добива филмска адаптација, изјави медиумот The Hollywood Reporter.

Филмскиот режисер Дејвид Ф. Сандберг ќе биде режисер на адаптацијата. Публиката најверојатно ќе го препознае Сандберг од филмовите од – Shazam. Сепак, Сандберг е познат и по хорор филмовите како што се Lights Out и Annabelle: Creation.

Познати режисери

Сендберг повторно ќе соработува со Гери Дауберман за адаптацијата „Until Dawn“. Дауберман ја пишува најновата итерација на сценариото. Адаптацијата ќе ги вклучи и Screen Gems и PlayStation Productions.

Оригиналниот Annabelle филм имаше многу мешани критики. Но, љубителите на хорор нашироко го прифатија продолжението Annabelle: Creation како огромно подобрување. Lights Out е исто така нешто како потценет скапоцен камен, со некои инвентивни скокови и забавни елаборации на сопствениот краток филм на Сандберг.

Значи, Сандберг и Дауберман можеби ќе бидат идеален тим за „Until Dawn“. Supermassive Games се познати по развивањето на наративни хорор игри, поттикнати од одлуките на играчите и интензивните последици.

Овие избори можат да го тестираат моралот и целосно да ги променат резултатите од приказната. Покрај Until Dawn, обожавателите најдобро ќе ги препознаат Supermassive Games за антологијата на The Dark Pictures и The Quarry. „Util Dawn“.

Сериозни Актери кои што можеби ќе ја повторат улогата

Вклучува дури и некои холивудски актери како Хајден Панетиер, Рами Малек и Питер Стормар. Треба да биде релативно лесно да се прилагоди во долгометражен игран филм. Во моментов, не е јасно дали некоја од актерската екипа на оригиналната игра ќе се врати за филмската адаптација.

Until Dawn првично беше лансиран пред речиси една деценија во 2015 година. Останува хорор класика за младите возрасни кои се обидуваат да преживеат мистериозни закани во изолиран скијачки дом во планината Блеквуд.

МАРКЕТИНГ

Спорели на:

Љубителите на Grand Theft Auto, гејмерите и креаторите на дигитална содржина ќе имаат можност да бидат дел од еден специјален настан посветен на долгоочекуваната GTA 6. На 19 ноември, во Скопје ќе се одржи GTA 6 Launch Event, кој истовремено ќе се организира на двете локации на Inferno Gaming Club – Inferno 1 во Тафталиџе и Inferno 2 во Кисела Вода.

Настанот ќе започне во 11:00 часот, а посетителите ќе можат да очекуваат целодневна дружба, гејминг, музика и атмосфера инспирирана од легендарниот Vice City. Организаторите најавуваат тематска музика во текот на целиот ден, со звук и енергија што ќе потсетуваат на препознатливиот свет на Grand Theft Auto, претворајќи ги гејминг-клубовите во места за вистинско GTA доживување.

Централниот дел од настанот ќе биде можноста посетителите да ја испробаат GTA 6 и одблизу да се запознаат со играта. Сите заинтересирани ќе можат да добијат свој термин за играње и да го искусат старо-новиот свет на Rockstar Games, но настанот нема да биде наменет исклучиво за оние што сакаат да седнат пред конзолата.

Идејата е да се создаде простор за собирање на домашната гејминг-заедница, размена на искуства, запознавање нови луѓе и поврзување на креаторите на дигитална содржина. Настанот ќе биде можност за дружба меѓу гејмери, стримери, јутјубери, инфлуенсери и сите оние што ја следат гејминг-културата, со можност за нови соработки и запознавања.

Посетителите ќе можат да разговараат за играта, да ги споделат своите први впечатоци, да разменат мислења за новините во GTA 6 и едноставно да поминат ден во друштво на луѓе со слични интереси. Со музика, тематска атмосфера и активности во текот на денот, организаторите сакаат настанот да прерасне во вистинско собирање на гејминг-заедницата, а не само во можност за тестирање на нова игра.

БЕСПЛАТНО ИГРАЊЕ, НО СО ЗАДОЛЖИТЕЛНО АПЛИЦИРАЊЕ ЗА ИГРАЊЕ

Една од најважните информации за сите заинтересирани е дека учеството и можноста за играње на GTA 6 се целосно бесплатни. Посетителите нема да треба да плаќаат за да ја испробаат играта, а можноста ќе биде достапна во текот на целиот настан.

Сепак, поради организацијата и распоредот на термините за играње, сите што сакаат да ја испробаат GTA 6 ќе треба однапред да аплицираат преку официјалниот формулар.

По апликацијата ќе се врши јавно влечење за сите луѓе што ќе се пријават за термин за играње, со што ќе се овозможи подобра организација и ќе се избегне непотребно чекање.

КОГА, КАДЕ И ЗОШТО?

GTA 6 Launch Event ќе се одржува на 19 ноември, со почеток во 11:00 часот, истовремено во Inferno 1 во Тафталиџе и Inferno 2 во Кисела Вода.

За сите љубители на Grand Theft Auto, ова ќе биде можност да го дочекаат новото поглавје на франшизата во друштво на домашната гејминг-заедница, со целодневна Vice City атмосфера, музика, дружење и, секако, можност први да ги споделат своите впечатоци од GTA 6.

GG анкета

вести и новости од

ПРИЈАТЕЛИТЕ на GG.MK

GG LFM

W00t w00t? GG ис лукинг фор мор!​
Стани дел од тимот на GG.MK!

GG ЛОВЦИ НА ТРОФЕИ

покажете го пленот

Претплати се на нашата мејлинг листа

Нема спам, нема замарање!
Само гејминг!