Откриен е новиот актер кој што ќе го дава гласот на Super Mario

Откриен е новиот актер кој ќе го дава гласот на карактерите Super Mario Bros. (Mario и Luigi) и првото појаување ќе го има во новата Super Mario Bros. Wonder. Има неколку ликови во целата фикција толку иконски и врежени во нашите мозоци како Mario. Ликот постои од 80-тите и е еден од најпрепознатливите протагонисти таму. Низок е, носи шарена облека со црвена шапка и сини комбинезони, има густи мустаќи и има многу симпатичен глас што обожавателите го имитираат со години. Тој е еден од најистакнатите ликови во гејмингот и неодамна, верно дојде на големото филмско платно благодарение на Chris Pratt кој го игра во филмот „Super Mario Bros.“. Франшизата Марио од секогаш била релевантна и секогаш била на врвот, па дури и денес! Но сепак после 25 години може се случуваат најголемите промени бидејќи Mario добива нов официјален актер по заминувањето на Charles Martinet.

Долгогодишниот гласовен актер на Марио, се повлекува од улогата и нема да биде во сосема новата игра, Super Mario Bros. Wonder. Ова ги остави фановите да се прашуваат кој ќе ја преземе улогата од тука и имаме одговор, барем за конкретниот случај Wonder. Актерот Kevin Afghani потврди на Твитер дека он ќе биде новиот актер кој ќе ги дава гласовите на Mario и Luigi во играта, а можеби и во иднина. Понатаму не беа дадени други детали, така што не сме сосема сигурни дали он ќе биде постојана замена или не. Можно е Nintendo да продолжи да размислува за работите и да провери каков е приемот на фановите за оваа верзија на ликот пред да донесе каква било конечна одлука.

Гејмерите се прилично озлогласени по тоа што се заштитнички настроени кон ликовите и оние што ги изразуваат. Metal Gear Solid V славно го замени долгогодишниот актер David Hayter од Solid Snake/Big Boss со холивудскиот актер Kiefer Sutherland, што некои обожаватели не го сфатија премногу љубезно. Додуша, имаше некои наративни причини за ова и звучеше многу поразлично од другите верзии на ликот. Се чини дека Afghani направи добра работа за да го одржи духот на Марио жив врз основа на она што веќе го слушнавме.

МАРКЕТИНГ

Љубителите на Grand Theft Auto, гејмерите и креаторите на дигитална содржина ќе имаат можност да бидат дел од еден специјален настан посветен на долгоочекуваната GTA 6. На 19 ноември, во Скопје ќе се одржи GTA 6 Launch Event, кој истовремено ќе се организира на двете локации на Inferno Gaming Club – Inferno 1 во Тафталиџе и Inferno 2 во Кисела Вода.

Настанот ќе започне во 11:00 часот, а посетителите ќе можат да очекуваат целодневна дружба, гејминг, музика и атмосфера инспирирана од легендарниот Vice City. Организаторите најавуваат тематска музика во текот на целиот ден, со звук и енергија што ќе потсетуваат на препознатливиот свет на Grand Theft Auto, претворајќи ги гејминг-клубовите во места за вистинско GTA доживување.

Централниот дел од настанот ќе биде можноста посетителите да ја испробаат GTA 6 и одблизу да се запознаат со играта. Сите заинтересирани ќе можат да добијат свој термин за играње и да го искусат старо-новиот свет на Rockstar Games, но настанот нема да биде наменет исклучиво за оние што сакаат да седнат пред конзолата.

Идејата е да се создаде простор за собирање на домашната гејминг-заедница, размена на искуства, запознавање нови луѓе и поврзување на креаторите на дигитална содржина. Настанот ќе биде можност за дружба меѓу гејмери, стримери, јутјубери, инфлуенсери и сите оние што ја следат гејминг-културата, со можност за нови соработки и запознавања.

Посетителите ќе можат да разговараат за играта, да ги споделат своите први впечатоци, да разменат мислења за новините во GTA 6 и едноставно да поминат ден во друштво на луѓе со слични интереси. Со музика, тематска атмосфера и активности во текот на денот, организаторите сакаат настанот да прерасне во вистинско собирање на гејминг-заедницата, а не само во можност за тестирање на нова игра.

БЕСПЛАТНО ИГРАЊЕ, НО СО ЗАДОЛЖИТЕЛНО АПЛИЦИРАЊЕ ЗА ИГРАЊЕ

Една од најважните информации за сите заинтересирани е дека учеството и можноста за играње на GTA 6 се целосно бесплатни. Посетителите нема да треба да плаќаат за да ја испробаат играта, а можноста ќе биде достапна во текот на целиот настан.

Сепак, поради организацијата и распоредот на термините за играње, сите што сакаат да ја испробаат GTA 6 ќе треба однапред да аплицираат преку официјалниот формулар.

По апликацијата ќе се врши јавно влечење за сите луѓе што ќе се пријават за термин за играње, со што ќе се овозможи подобра организација и ќе се избегне непотребно чекање.

КОГА, КАДЕ И ЗОШТО?

GTA 6 Launch Event ќе се одржува на 19 ноември, со почеток во 11:00 часот, истовремено во Inferno 1 во Тафталиџе и Inferno 2 во Кисела Вода.

За сите љубители на Grand Theft Auto, ова ќе биде можност да го дочекаат новото поглавје на франшизата во друштво на домашната гејминг-заедница, со целодневна Vice City атмосфера, музика, дружење и, секако, можност први да ги споделат своите впечатоци од GTA 6.

GG анкета

вести и новости од

ПРИЈАТЕЛИТЕ на GG.MK

GG LFM

W00t w00t? GG ис лукинг фор мор!​
Стани дел од тимот на GG.MK!

GG ЛОВЦИ НА ТРОФЕИ

покажете го пленот

Претплати се на нашата мејлинг листа

Нема спам, нема замарање!
Само гејминг!