Гоблин Друштвени Игри го организираат Првото Државно Првенство во “Catan”

Најголемата продавница за Гикови и Нрдови “Гоблин Друштвени Игри” во Македонија каде што можат да се најдат огромен број на работи како Друштвени Игри, карти во Magic: The Gathering, Yu-Gi-Oh, Pokemon, Сложувалки, Фанко Поп, Dungeons & Dragons, Акциони Фигури и многу други уникатни работи, официјално го организираат првото Државно Првенство во “Catan“.

Гоблин Друштвени игри датираат од далечната 2001 година каде што многу луѓе за првпат се имаат запознаено со најпопуларната друштвена игра со карти “Magic: The Gathering” но дополнително за првпат запознавање со многу поголеми сериозни друштвени игри, надвор од стандардните игри како Ризик и Монопол. Во Гоблин многугмина ги имаат потрошено најубавите времиња од нивните животи каде што ја имаат доживеано најдобрата дружба бидејќи во Гоблин секогаш има луѓе кои што го имаат истото мислење како тебе, и дружабата секогаш е легендарна!

Гоблин Друштвени Игри се исто така виновници за организирање на огромни турнири во Hearthstone, Државни Првенства во Magic, Yu-Gi-Oh, Денови на Друштвени Игри, Гејм Викенди и многу други турнири и одредени настани. Поради тој товар што го носат, Гоблин Друштвени Игри моментално го организираат Првото Државно Првенство во играта “Catan“. Време е да се види кој е најдобриот играч во Catan во Македонија! Државното Првенство ќе се игра на 20ти Август во Public Room!

Но тоа не е се… Победникот на Државното првенство ќе добие авионски билет, сместување и право да ја претставува Македонија на Европското првенство во Копенхаген, Данска (18-20 октомври). Или во превод ако победите во Македонија, имате шанса исто така да ги искршите Европјаните и да сте уште појјаки фраери во цела Европа! Ова е најголмета мотивација за пријавување за секого!

СТИСНЕТЕ ТУКА И ПРИЈАВЕТЕ СЕ ВЕДНАШ

Информации за Државното првенствo во Катан:

  1. Пријавувањето за учеството на турнирот е до 15 август единствено со купување карта преку Сајтот на Гоблин (Стисни Овде).  
  2. При нарачката ставете земи од продавница за да не платите достава без потреба.
  3. Според официјалните правила, на турнирот може да играат само полнолетни играчи (со наполнети 18 години).
  4. На турнирот може да учествуваат максимум 64 играчи (првите 64 пријавени со купена карта за учество).
  5. При пријавувањето за учество (нарачка на картата) внесете го целосното име и презиме на учесникот кој сакате да биде пријавен за играње и неговиот меил за полесна комуникација.
  6. По самото купување ќе добиете повратен меил кои ќе ви служи како потврда за учество на турнирот.
  7. За било какви информации или евентуални проблеми доколку ги имате при пријавувањето пишете на мејлот: [email protected]

Инфо за турнирот:

  1. На турнирот ќе се игра Македонската официјална верзија на играта Катан, без експанзии.
  2. Турнирот ќе се игра 3 кола по кои 4-цата играчи со најмногу поени ќе играат финале (бодувањето е според официјални правила кои ќе бидат детално објаснети пред почеток на турнирот).
  3. Победникот ќе добие авионска карта до Копенхаген, сместување и учество на Европското првенство (27-29 октомври)! ЛУДИЛО!
  4. Сите учесници ќе добијат код со 20% попуст за својата следна нарачка од GoblinGames.mk
  5. За време на турнирот е дозволено храна и пиење купени само од “Public Room”. 
  6. Од сите учесници се очекува да се однесуваат фер и коректно, без непотребно задржување (stalling) и претерано долго „ценкање“.     
  7. Сите учесници на турнирот ќе добијат код за 20% попуст за својата следна нарачка. Со среќа!

МАРКЕТИНГ

About The Author

Според новиот извештај на Dealabs, доверливиот протекувач billbil-kun тврди дека God of War Ragnarök наскоро ќе добие најава за PC.

Извештајот проценува дека верзијата за компјутер ќе биде „објавена некаде во мај 2024 година“, лабаво преведена. Се додава дека најавата би можела да пристигне за време на новата изложба на PlayStation, која, исто така, веројатно доаѓа овој месец.

Dealabs, исто така, споменува дека не може да го потврди датумот на објавување за PC верзијата на God of War Ragnarök, иако го истакнува датумот на лансирање на оригиналот во 2022 година.

God of War Ragnarök е еден од најценетите ексклузивни наслови на PlayStation. Сепак, PlayStation ќе ја објави Ghost of Tsushima Director’s Cut за ПЦ следната недела на 16 мај. Значи, постои преседан за слични планови.

И покрај некои измешани чувства за PSN, новата верзија за компјутер на Ghost of Tsushima изненадувачки ќе ги вклучи и трофеите на PlayStation и преклопот. Не е јасно дали овие карактеристики на компјутер ќе се прошират на наслов како God of War Ragnarök.

Billbil-kun успешно објави различни вести од индустријата и други неизбежни најави. Ова ги вклучува тврдењата за Death Stranding 2 од јануари 2024 година. Набргу потоа, Death Stranding 2 доби нов трејлер за приказната.

Значи, многу е веројатно дека доаѓа најавата за God of War Ragnarök. Сепак, ништо не е потврдено, а PlayStation се уште официјално не се закачи или откри ништо.