Mortal Kombat 1 – Враќање назад кон Корените

Новата Mortal Kombat игра е официјално претставена од NetherRealm Studios и WB Games и треба да ја очекуваме на 19 септември која што ќе биде достапна на PC, PS5, Xbox Series X|S и Nintendo Switch. Претставувањето доаѓа благодарение на неколкуте интересни тизери кои што ни ги претставија креаторите на играта и на кои што сите (делумно) полудевме дека се франшизата се враќа назад кон своите корени. Интересно е исто така колку долго се криеше во тајност но се знаеше дека следната игра на NetherRealm ќе биде Mortal Kombat 12 (иако сега има друго име), а не Injustice 3.

Овој прв маестарелн трејлер ни ги претстави карактерите кои што ќе ги видиме во Mortal Kombat 1 и хард-кор фановите моментално полудуваат од среќа! За жал, целиот список не е откриен, што значи дека единствените ликови за кои знаеме дека се потврдени се оние во трејлерот, кои можете да ги погледнете подолу.

Играта ќе дебатире на 19ти септември оваа година и ќе биде 12тото издание од оваа Борбена/Тепачка Франшиза. Од своето деби во 1992 година, серијалот нема претрпено драматични промени како многу други од ова време. Првата игра која беше за флипери пред 30 години е во голема мера истото нешто како и ова, многу мали промени се случуваат во оваа франшиза.

Првиот трејлер за Mortal Kombat 1 го потврдува враќањето на некои познати лица:Shang Tsung, Liu Kang, Raiden, Scorpion, Kitana, Mileena и Sub-Zero. Но, тие изгледаат сосема поинаку, а тоа е бидејќи навистина се враќаме едно 30 години назад во времето и во историјата.

Последната Mortal Kombat игра на NetherRealm, беше Mortal Kombat 11, која дебатираше во април 2019 година. Девелоперите додада дополнителни 12 карактери во списокот и објавија пакет за проширување, Aftermath, до 2020 година. Во 2021 година, студиото изјави дека „се фокусира на својот следен проект“. Mortal Kombat 11: Aftermath заврши со тоа што долгогодишниот негативец Shang Tsung ја победи Kronika, ѝ ги украде способностите за извртување на времето. Но, херојот на МК, Liu Kang, прави трик за патување низ времето на Tsung, победувајќи го, земајќи ги за себе способностите на Kronika, со планови да создаде временска линија (Тајмлајн). Лиу Канг потоа патува назад во времето за да го тренира оригиналниот Kung Lao, подготвувајќи го за претстојните натпревари во Mortal Kombat.

г

МАРКЕТИНГ

Спорели на:

About The Author

RIP БлизКон

Еден од најпознатите настани кој што порано се чекаше со нетпрение, BlizzCon 2024 е откажан, објави компанијата во четвртокот.

„По внимателно разгледување во текот на минатата година, ние во Blizzard донесовме одлука да не го одржиме BlizzCon во 2024 година. Оваа одлука не беше донесена лесно бидејќи BlizzCon останува многу посебен настан за сите нас и знаеме дека многумина од вас со нетрпение го очекуваат.

Иако на оваа година пристапуваме поинаку и истражувавме различни формати на настани во минатото, бидете сигурни дека сме исто толку возбудени како и секогаш да го вратиме BlizzCon во идните години.

За да ги прославиме овие претстојни изданија и да ги зближиме нашите заедници на нови и посебни начини, наскоро ќе споделиме некои возбудливи планови за други трговски саеми и конвенции во индустријата, како што е Gamescom. Не можеме да дочекаме наскоро да ви кажеме повеќе за тие планови“.

Официјалната изјава од Blizzard

БлизКон вообичаено беше настан каде што Blizzard дава различни најави околу своите игри. Во 2023 година, Blizzard го искористи настанот за да ја открие првата експанзија на Diablo 4 наречена Vessel of Hatred, како и три експанзии за World of Warcraft и многу повеќе.

Што се однесува до плановите на Blizzard за оваа година, компанијата вели дека ќе ги сподели деталите за нејзините претстојни лансирања во текот на „следните неколку месеци“.

Компанијата ја затвори својата изјава велејќи дека се надева дека различните настани на кои присуствува ќе ја „доловат суштината“ на Blizzard.

SAD BLIZZARD FAN