Извршниот директор на Respawn Entertainment даде Потенцијал за Titanfall 3

Vince Zampella долгогодишниот извршен директор (CEO) на Respawn Entertainment, кое е студиото зад серијалот на Titanfall, коментираше за потенцијалното Titanfall 3 продолжение да излезе во иднина. Од објавувањето на Titanfall 2 во 2016 година, фановите гласно кажуваат дека би сакале да видат Titanfall 3 да се појави еден ден. Иако Respawn продолжува да си игра низ овој свет преку прокси на Apex Legends, третиот дел од играта на Titanfall засега остана недостапна. За среќа, самиот Zampella се чини дека се согласува со идејата за Titanfall 3, но тоа мора да се случи во момент кога има смисла за Respawn.

Во новата дискусија со Barron’s, Zampella призна дека многу би сакал да го види Respawn Entertainment да создаваат Titanfall 3. Zampella ијзави дека Titanfall како серија е сè уште блиска и драга на оние во студиото, што има смисла бидејќи беше првото нешто на кој компанијата работела. И покрај ова тековно обожавање на сите работи на Titanfall, Zampella изјави дека идејата за работа на Titanfall 3 е нешто до кое Respawn би пристапил само ако ја има вистинската идеја во вистинско време.

“It has to be the right thing. It’s such a beloved franchise for the fans and also for us. If it is not the right moment in time, the right idea, then it just doesn’t make sense.”

Vince Zampella за Barron’s

Тешко е да се каже дали следните години би можеле да се покажат како „вистински момент на време“ за Respawn да работи на Titanfall 3. По објавувањето на Star Wars Jedi: Survivor од студиото оваа недела, Respawn исто така моментално развива неколку FPS игри во универзумот на Star Wars. Деталите за овој проект засега се исклучително мали, но се чини малку веројатно дека Respawn би сакал да создаде два различни наслови на FPS во исто време. Дали ова ќе се покаже како точно или не, останува да видиме, но засега, фановите ќе мора едноставно да продолжат да ги вкрстуваат прстите и да се надеваат дека Titanfall 3 на крајот ќе се случи.

МАРКЕТИНГ

Љубителите на Grand Theft Auto, гејмерите и креаторите на дигитална содржина ќе имаат можност да бидат дел од еден специјален настан посветен на долгоочекуваната GTA 6. На 19 ноември, во Скопје ќе се одржи GTA 6 Launch Event, кој истовремено ќе се организира на двете локации на Inferno Gaming Club – Inferno 1 во Тафталиџе и Inferno 2 во Кисела Вода.

Настанот ќе започне во 11:00 часот, а посетителите ќе можат да очекуваат целодневна дружба, гејминг, музика и атмосфера инспирирана од легендарниот Vice City. Организаторите најавуваат тематска музика во текот на целиот ден, со звук и енергија што ќе потсетуваат на препознатливиот свет на Grand Theft Auto, претворајќи ги гејминг-клубовите во места за вистинско GTA доживување.

Централниот дел од настанот ќе биде можноста посетителите да ја испробаат GTA 6 и одблизу да се запознаат со играта. Сите заинтересирани ќе можат да добијат свој термин за играње и да го искусат старо-новиот свет на Rockstar Games, но настанот нема да биде наменет исклучиво за оние што сакаат да седнат пред конзолата.

Идејата е да се создаде простор за собирање на домашната гејминг-заедница, размена на искуства, запознавање нови луѓе и поврзување на креаторите на дигитална содржина. Настанот ќе биде можност за дружба меѓу гејмери, стримери, јутјубери, инфлуенсери и сите оние што ја следат гејминг-културата, со можност за нови соработки и запознавања.

Посетителите ќе можат да разговараат за играта, да ги споделат своите први впечатоци, да разменат мислења за новините во GTA 6 и едноставно да поминат ден во друштво на луѓе со слични интереси. Со музика, тематска атмосфера и активности во текот на денот, организаторите сакаат настанот да прерасне во вистинско собирање на гејминг-заедницата, а не само во можност за тестирање на нова игра.

БЕСПЛАТНО ИГРАЊЕ, НО СО ЗАДОЛЖИТЕЛНО АПЛИЦИРАЊЕ ЗА ИГРАЊЕ

Една од најважните информации за сите заинтересирани е дека учеството и можноста за играње на GTA 6 се целосно бесплатни. Посетителите нема да треба да плаќаат за да ја испробаат играта, а можноста ќе биде достапна во текот на целиот настан.

Сепак, поради организацијата и распоредот на термините за играње, сите што сакаат да ја испробаат GTA 6 ќе треба однапред да аплицираат преку официјалниот формулар.

По апликацијата ќе се врши јавно влечење за сите луѓе што ќе се пријават за термин за играње, со што ќе се овозможи подобра организација и ќе се избегне непотребно чекање.

КОГА, КАДЕ И ЗОШТО?

GTA 6 Launch Event ќе се одржува на 19 ноември, со почеток во 11:00 часот, истовремено во Inferno 1 во Тафталиџе и Inferno 2 во Кисела Вода.

За сите љубители на Grand Theft Auto, ова ќе биде можност да го дочекаат новото поглавје на франшизата во друштво на домашната гејминг-заедница, со целодневна Vice City атмосфера, музика, дружење и, секако, можност први да ги споделат своите впечатоци од GTA 6.

GG анкета

вести и новости од

ПРИЈАТЕЛИТЕ на GG.MK

GG LFM

W00t w00t? GG ис лукинг фор мор!​
Стани дел од тимот на GG.MK!

GG ЛОВЦИ НА ТРОФЕИ

покажете го пленот

Претплати се на нашата мејлинг листа

Нема спам, нема замарање!
Само гејминг!