Street Fighter 6 пристигнува во 2023

Capcom обезбеди first-look на Street Fighter 6, кој ќе биде лансирана за PlayStation 4 и PlayStation 5 во 2023 година.

Трејлерот ги прикажува Jamie, Luke, Chun-Li и Ryu како се вклучени во некои улични бобри па и во рингови во место кое наликува на New York. Интересно е како играва беше убаво најавена и прикажана на State of Play кој е PlayStation настан, но сепак денес добивме информција дека нема да има кревање паника, играта нема да биде PlayStation ексклузива како што беше најавено туку ќе дојде и на PC и на XBOX конзоли следната година.

Ако не сте запознаени со Luke, тој пристигна како DLC за Street Fighter 5 уште во ноември минатата година. Во тоа време, Capcom го нарече „иднината на Street Fighter“ и „главен“ дел од следната игра на Street Fighter. Luke е Heavy-Fighter од САД и многу чудно па и смешно нешто што доаѓа од фановите на Street Fighter е што тој карактер е споредуван со Jake Paul. Дечко кој што од желба сака да направи голема кариера во борбите/боксот.

МАРКЕТИНГ

Тагови:

Спорели на:

About The Author

RIP БлизКон

Еден од најпознатите настани кој што порано се чекаше со нетпрение, BlizzCon 2024 е откажан, објави компанијата во четвртокот.

„По внимателно разгледување во текот на минатата година, ние во Blizzard донесовме одлука да не го одржиме BlizzCon во 2024 година. Оваа одлука не беше донесена лесно бидејќи BlizzCon останува многу посебен настан за сите нас и знаеме дека многумина од вас со нетрпение го очекуваат.

Иако на оваа година пристапуваме поинаку и истражувавме различни формати на настани во минатото, бидете сигурни дека сме исто толку возбудени како и секогаш да го вратиме BlizzCon во идните години.

За да ги прославиме овие претстојни изданија и да ги зближиме нашите заедници на нови и посебни начини, наскоро ќе споделиме некои возбудливи планови за други трговски саеми и конвенции во индустријата, како што е Gamescom. Не можеме да дочекаме наскоро да ви кажеме повеќе за тие планови“.

Официјалната изјава од Blizzard

БлизКон вообичаено беше настан каде што Blizzard дава различни најави околу своите игри. Во 2023 година, Blizzard го искористи настанот за да ја открие првата експанзија на Diablo 4 наречена Vessel of Hatred, како и три експанзии за World of Warcraft и многу повеќе.

Што се однесува до плановите на Blizzard за оваа година, компанијата вели дека ќе ги сподели деталите за нејзините претстојни лансирања во текот на „следните неколку месеци“.

Компанијата ја затвори својата изјава велејќи дека се надева дека различните настани на кои присуствува ќе ја „доловат суштината“ на Blizzard.

SAD BLIZZARD FAN