Troy Baker е следниот Indiana Jones во Игрите

Indiana Jones and The Great Circle официјално беше откриени од MachineGames за време на изложбата на Xbox Developer Direct.

Набргу потоа, беше потврдено дека познатиот актер Трој Бејкер ќе го дава гласот на насловниот лик! Ова беше одма приметено од страна на голем број гејмери бидејќи знаеа за кого се работи уште веднаш!

Во објавата на Entertainment Weekly која ја потврди веста, беше откриено дека Трој Бејкер, исто така, обезбедил изведби за снимање на движење за ликот – за што плодниот актер во никој случај не е непознат!

Од Joel накај Indiana Jones

Трој Бејкер е еден од најпопуларните и најпознати актери во оваа индустрија, кој се појави како главни ликови во наслови како The Last of Us, Shadow of Mordor, Saints Row IV, BioShock Infinite, Fort Solis, Far Cry 4 и безброј други продукции.

Неговата кариера трае триесет години, а сега тој ги позајмува своите вокални таленти на Indiana Jones во The Great Circle. Откриено денес, беше потврдено дека Indiana Jones and The Great Circle ќе бидат објавени подоцна во 2024 година, за што прецизно известувавме минатата недела.

Во трејлерот, беше откриена епска авантура со глобатизам, при што играчите ја преземаа контролата на Инди од перспектива на прво лице, решавајќи загатки и влегувајќи во интензивни борби против непријателите на земја… па и во воздух.

Indiana Jones and The Great Circle имаат солидна актерска екипа и изгледа автентично. Неизбежно ќе видиме многу повеќе во последователните откритија пред објавувањето на играта оваа година.

МАРКЕТИНГ

Тим Свини, извршниот директор на Fortnite и Epic Games, компанијата што го развива Unreal Engine, повеќепати ја поддржа употребата на ВИ во развојот на видеоигри. Неговиот став предизвика контроверзии, со оглед на тоа што многу гејмери и развивачи се против употребата на ВИ. Сепак, тој продолжува да ја брани, тврдејќи дека програмирањето со помош на ВИ значително се подобрило во изминатата година и дека ќе донесе „златна ера на гејмингот“.

Тим Свини верува дека ВИ може да создава код со квалитет сличен на оној на човечките развивачи

И покрај истражувањето кое покажува дека некои гејмери сè повеќе ја прифаќаат ВИ во игрите, таа сè уште во голема мера наидува на неодобрување во пошироката гејминг-заедница. Реакциите на неодамнешниот извештај дека претстојната игра на Epic Games, создадена во соработка со Disney, ѝ дава приоритет на употребата на ВИ во развојот го потврдија тоа. Во пресрет на објавувањето на извештајот, Свини објави на X дека Epic Games моментално „ги прераспределува развивачите за да ги преориентира кон максимално забрзување со ВИ“. Целта е да се зголеми ефикасноста за да се создаваат повеќе и подобри софтверски производи.

Тој тврди дека времето што го поминал програмирајќи го Unreal Engine 1 можел да го заштеди доколку користел ВИ. Тој верува дека вештачката интелигенција ќе можела да ја заврши работата подеднакво добро. Сега, Свини исто така тврди дека ВИ ќе им овозможи на развивачите да вложуваат помалку ресурси во создавањето игри од голем обем, што ќе доведе до „златна ера на гејмингот“. Доволно е накратко да се погледнат одговорите за да се види дека многумина не се согласуваат со него.

Во моментов има многу контроверзии околу употребата на ВИ од страна на Epic Games, а овие неодамнешни изјави не помогнаа да се смират реакциите. Гласините укажуваат дека развивачите дури почнале да одбиваат да соработуваат со Epic на соработки во Fortnite поради употребата на вештачка интелигенција од страна на компанијата. ВИ е имплементирана во Fortnite за да им овозможи на НПЦ-ите да водат целосни разговори со играчите. Неодамна се појавија и извештаи дека на развивачите им било кажано дека „повеќе нема рачно напишан код“, бидејќи наместо тоа треба да користат алатки за ВИ.

Новиот лаунчер на Epic Games, кој сега е достапен за преглед, бил создаден со помош на „vibe coding“. Тоа значи дека, наместо рачно да го пишуваат кодот, програмерите користеле инструкции што ѝ ги давале на ВИ за таа да го генерира. Во обид да му конкурира на Steam, Epic објави лаунчер поради кој обожавателите сметаат дека во неговото создавање не бил вложен доволен труд. Јасно е дека Свини нема намера да се откаже од својот став во поддршка на ВИ, па претстојните производи на Epic Games навистина ќе послужат како тест за тоа колку играчите се подготвени да прифатат генеративна ВИ во игрите што ги играат.

GG анкета

вести и новости од

ПРИЈАТЕЛИТЕ на GG.MK

GG LFM

W00t w00t? GG ис лукинг фор мор!​
Стани дел од тимот на GG.MK!

GG ЛОВЦИ НА ТРОФЕИ

покажете го пленот

Претплати се на нашата мејлинг листа

Нема спам, нема замарање!
Само гејминг!