Troy Baker е следниот Indiana Jones во Игрите

Indiana Jones and The Great Circle официјално беше откриени од MachineGames за време на изложбата на Xbox Developer Direct.

Набргу потоа, беше потврдено дека познатиот актер Трој Бејкер ќе го дава гласот на насловниот лик! Ова беше одма приметено од страна на голем број гејмери бидејќи знаеа за кого се работи уште веднаш!

Во објавата на Entertainment Weekly која ја потврди веста, беше откриено дека Трој Бејкер, исто така, обезбедил изведби за снимање на движење за ликот – за што плодниот актер во никој случај не е непознат!

Од Joel накај Indiana Jones

Трој Бејкер е еден од најпопуларните и најпознати актери во оваа индустрија, кој се појави како главни ликови во наслови како The Last of Us, Shadow of Mordor, Saints Row IV, BioShock Infinite, Fort Solis, Far Cry 4 и безброј други продукции.

Неговата кариера трае триесет години, а сега тој ги позајмува своите вокални таленти на Indiana Jones во The Great Circle. Откриено денес, беше потврдено дека Indiana Jones and The Great Circle ќе бидат објавени подоцна во 2024 година, за што прецизно известувавме минатата недела.

Во трејлерот, беше откриена епска авантура со глобатизам, при што играчите ја преземаа контролата на Инди од перспектива на прво лице, решавајќи загатки и влегувајќи во интензивни борби против непријателите на земја… па и во воздух.

Indiana Jones and The Great Circle имаат солидна актерска екипа и изгледа автентично. Неизбежно ќе видиме многу повеќе во последователните откритија пред објавувањето на играта оваа година.

МАРКЕТИНГ

Конгресменот на Соединетите Американски Држави, Ричи Торес, ќе го претстави Законот „Моќта на играчите“ (Power To The Players Act). Овој закон е наменет да ги поддржи правата на потрошувачите, овозможувајќи им на гејмерите да бидат сопственици на своите дигитални игри. Доколку биде усвоен, Федералната трговска комисија би можела да воспостави правила со кои ќе се спречи компаниите да ги отстрануваат игрите од продажба, предвреме да ги исклучуваат серверите во текот на животниот век на играта и лесно да ги одземаат дигиталните лиценци.

Ричи Торес сака гејмерите да бидат сопственици на своите дигитални игри

Некои компании се обидуваат да ги зачуваат физичките медиуми и да го одржат форматот на дискови во живот, но физичките игри сега се загрозени. Бидејќи неколку издавачи веќе не продаваат физички верзии, Sony го прекинува производството на дискови, а постои и неизвесност околу дисковниот уред на Project Helix, светот на гејмингот се движи кон целосно дигитална иднина, а гејмерите не се задоволни.

Без оглед на тоа што носи иднината за физичките игри, дигиталните медиуми моментално доминираат на гејминг-пазарот. Токму затоа конгресменот Ричи Торес сака да ги зацврсти правата на гејмерите врз нивните дигитални библиотеки со претставувањето на предлог-законот „Моќта на играчите“.

Во моментов, компаниите имаат целосна контрола врз дигиталните лиценци на гејмерите. Дигиталните продавници можат да ги отстранат игрите од продажба, со што за само неколку секунди им го ускратуваат пристапот на голем број корисници. Развивачите можат да ги исклучат серверите ако играта не е толку профитабилна колку што се надевале, лишувајќи ги гејмерите од онлајн-функциите што им биле ветени при објавувањето. Како што наведува Торес, семејствата ги користат своите заштеди за да купуваат игри, но кога станува збор за дигитална лиценца, софтверот за кој платиле може да им биде „одземен според произволниот распоред на некоја компанија“.

Доколку биде усвоен, предлог-законот ќе бара од Федералната трговска комисија да воспостави правила што ќе им овозможат на потрошувачите да бидат сопственици на игрите и ќе го заштитат нивното право да продолжат да ги играат. Онлајн-игрите исто така ќе мора да нудат режим што може да се игра офлајн, за обожавателите да можат да продолжат да уживаат во играта и откако серверите ќе бидат исклучени. Законот е осмислен за да им помогне на играчите да уживаат во своите игри со години и да го „затвори јазот меѓу купувањето игра и нејзиното поседување“.

Во моментов, предлог-законот сè уште се соочува со бројни регулаторни пречки, па затоа нема гаранција дека ќе биде усвоен. Сепак, тој укажува дека американската влада конечно почнува да обрнува внимание на проблемите поврзани со сопственоста врз дигиталните игри.

GG анкета

вести и новости од

ПРИЈАТЕЛИТЕ на GG.MK

GG LFM

W00t w00t? GG ис лукинг фор мор!​
Стани дел од тимот на GG.MK!

GG ЛОВЦИ НА ТРОФЕИ

покажете го пленот

Претплати се на нашата мејлинг листа

Нема спам, нема замарање!
Само гејминг!