Првиот концепт од Marvel’s Blade

Себастиен Митон, уметнички и ко-креативниот директор на Arkane Studios, штотуку објави официјална концептуална уметност за Marvel’s Blade во нов твит.

Тој открија три уникатни слики кои прикажуваат различни области на градот.

Фановите сега можат дополнително да шпекулираат за потенцијалната шема на бои и тонот на играта. Целокупниот уметнички дизајн е силно стилизиран, па нормално, некои обожаватели се загрижија за некои од подраматичните идеи.

На првата слика, градот е соодветно остар. Има некои груби елементи и улици запалени, создавајќи чувство на страв и очај. Има и слика на Blade како истражува клуб, што е класичен амбиент во кој љубителите на оригиналната филмска адаптација би можеле да уживаат.

Оваа конкретна слика може дури и да навести за некоја скришна механика. Третата слика открива дека вампирите слободно се шетаат во јавниот превоз. Ова дополнително го засилуваат фактот дека градот е во хаос, а исто така покажува и некоја акција. Генерално, новата концептуална уметност, исто така, им дава на фановите подобра идеја за вистинскиот опсег на градот.

Се чини дека е прилично голем, со добра разновидност на различни локации. Се чини дека Аркане успешно ја балансира епската скала со тешките идеи. Marvel’s Blade создаде многу фама од нејзиното објавување. Сепак, XBOX неодамна одби да коментираат дали ќе биде ексклузива или не.

Ако сте голем фам на Blade, можеби ќе сакате да размислите за инвестирање во Xbox Series X.

МАРКЕТИНГ

Alcon Entertainment, компанијата што ги поседува правата за франшизата Blade Runner, потврди во неодамнешно интервју дека разговарала за создавање ААА-видеоигра базирана на популарниот научнофантастичен серијал. Ова е возбудлив развој за Blade Runner, кој досега не успеа целосно да се наметне во светот на видеоигрите, и покрај големото влијание што неговиот визуелен стил и наративните теми го имаа врз индустријата.

Што беше откриено за ААА-видеоиграта од Blade Runner?

За плановите за ААА-игра од Blade Runner дознавме од неодамнешно интервју за IGN посветено на претстојната серија на Prime Video, Blade Runner 2099. Ендру Косов, ко-извршен директор на Alcon Entertainment и извршен продуцент на серијата, беше прашан дали компанијата разговарала со студија за видеоигри за создавање ААА-игра слична на Cyberpunk 2077, базирана на франшизата Blade Runner. Косов, наводно, одговорил потврдно, додавајќи дека би сакале играта да биде ААА-проект во кој интеракцијата на играчите со светот ќе има приоритет.

Косов не откри многу повеќе детали, а до ноември 2026 година не е официјално најавен таков проект. Затоа останува нејасно дали некое познато ААА-студио веќе работи на играта Blade Runner или проектот сè уште е во фаза на разговори и преговори. Сепак, би било одлично конечно да добиеме ваква игра, особено затоа што Blade Runner немаше многу среќа со видеоигрите во 2020-тите.

Најпознатата игра од Blade Runner беше 3Д-авантуристичка point-and-click игра од 1997 година, развиена од Wildwood Studios. Иако играчите ја прифатија добро, ремастерираното издание Enhanced Edition од 2022 година, на студиото Nightdive Studios, имаше проблематично лансирање, проследено со бројни графички проблеми какви што не се вообичаени кај ремастерите на студиото. Во 2023 година, Annapurna Interactive ја најави Blade Runner 2033: Labyrinth, но поголемиот дел од развојниот тим поднесе оставки и ја напушти компанијата во 2024 година. Се верува дека играта е откажана, бидејќи повеќе не е наведена ниту на Steam ниту на веб-страницата на Annapurna.

Се чини дека Alcon Entertainment ги оставила зад себе проблематичниот ремастер и Blade Runner 2033, а сега има амбиции франшизата да добие ААА-видеоигра. Останува само да почекаме и да видиме дали плановите ќе се реализираат, бидејќи секоја нова игра од Blade Runner за која допрва би било дадено зелено светло веројатно би била оддалечена уште неколку години од објавување.

Во меѓувреме, фановите на серијалот може да ја очекуваат Blade Runner 2099, која ќе биде објавена на Prime Video на 25 ноември.

GG анкета

вести и новости од

ПРИЈАТЕЛИТЕ на GG.MK

GG LFM

W00t w00t? GG ис лукинг фор мор!​
Стани дел од тимот на GG.MK!

GG ЛОВЦИ НА ТРОФЕИ

покажете го пленот

Претплати се на нашата мејлинг листа

Нема спам, нема замарање!
Само гејминг!