Marvel Tokon: Fighting Souls – Рецензија

Marvel Tokon: Fighting Souls

Marvel Tokon: Fighting Souls е една од ретките тепачини кои колку и да имаш „стаж“ во тој жанр, пола и повеќе од работите што ги овозможува и нуди играта нема да ги сфатиш во првите 20 саати вежбање. За првпат во историјата се прави 4 против 4 со унифициран систем на енергија.

Арк Систем Воркс, поддржани од MARVEL и Sony ја пуштија Marvel Tokon: Fighting Souls на 6ти август на PlayStation и ПЦ… и покрај тоа што на хартија изгледаше како да е Дрим Тим 1992 со тоа кој ја прави играта, како се игра играта, како изгледа играта, и масивниот фолоуинг на самата Марвел франшиза… Играта имаше еден од најлошите ланчови во историјата на тепачките игри.

Најпрво ќе почнеме со негативните работи кои ја заобиколија Токон, бидејќи се кратки, брзо ќе ги поминеме.

ПЦ портот за играта е КА-ТАС-ТРО-ФА. И покрај тоа што луѓе го поседуваат хардверот за препорачаните или минималните очекувања дадени од девелоперите, играчите сепак осетија дека негде има пропуст во тоа што е пишано со тоа што е моментално на излог.

Кратката бета пред ланчот на играта не помогна ни малце АркСис да успеат да ја донашмникаат играта за време на ден 1. Откако се пушти играта, Токон не успеа ни да си го победи рекордот од играчи што го имаше за време на бетата. На 10ти август беше пуштен пач што драстично ги подобри перформансите на ПЦ портот, но не верувам дека премногу ќе помогне Токон да се издигне од длабокото.

Специфично врз ова, влага и моментот дека играта не е достапна за македонски пазар, бидејќи Сони не ја има Македонија на листата земји каде што има PSN услуги.

Сега малце да се орасположиме. Добрите ствари е тоа што, и покрај тоа што е Сони Студиос игра, чини само 60 евра, наместо новата сочна сума што сите ААА студија сакаат да ја ставаат на своите игри од 70/80 евра. Искрено, јас го гледам гледам ова како победа во оваа доба на видео игри.

Откако ќе ја упалите Токон и ќе стигнете до менито, ќе видите дека се е читко и јасно. Нема губење и мозгање, кај да стиснеш, што да стиснеш итн итн. Добро мени од јапански девелопери е ретка ствар и мораме да го испоштуваме тоа. Менито е лесно за навигација и снаоѓање. Браво АркСис.

Самата игра ви нуди неколку форми на соло игра. Прво се Епизодите од тимовите. Моментално има 5 тима. Avengers, Knights of Doom, Xmen, Guardians, Samurai Outlaws.

Епизодите се направени како анимирани стрипови и ЦЕЛОСНО СИНХРОНИЗИРАНИ. Почнувате со вашиот лидер на тимот, и понатака го склопувате тимот, се тепате против другите тимови, и на крај против THE CHAMPION кој е тука да ви ја земе планетата ако не се покажете како треба.

Ќе забележите многу познати гласови. Сони и Марвел ги фрлиле СИТЕ ПАРИ за да ги донесат најпознатите гласови за овие карактери. Нолан Норт (Дедпул), Фред Таташиоре (Хулк), Џош Китон (Спајди и Тони Старк), Стив Блум (Волверин и Грин Гоблин), Ерика Латрел (Црниот Пантер).

За фановите на аниме – гласовите од Дио, Сатору Гоџо, Спај Сигел, Џираија, Сукуна, и многу други познати јапонски актери можете да ги чуете доколку одберете јапонска синхронизација.

Една епизода (доколку не ја брзате) трае околу 2 саати, што значи имате 10 саати од самиот старт да ја изиграте приказната од 5 различни перспективи. Завршување на епизодите ви отклучува нови бои за карактерите кои се дел од тимот игран во епизодата.

Потоа има Survival mode кој може да го терате до 100 мечеви кои ви отклучува уште бои за карактерите. Кога ќе кажам бои, не се САМО бои, туку солиден ре-скин на карактерот.

Повеќе епизоди ќе бидат ставени во иднина како се додаваат нови карактери. Најновиот карактер е Феникс Форс Сајклопс, а чекаме уште 4ца да бидат најавени до крај на годинава.

Да се фокусираме малце на гејмплејот. Тука јас лично мислам дека Токон потфрлила. Движењето низ стазата се осеќа… како низ вода. АркСис се познати по брзите 2Д игри полни со адреналин како Guilty Gear, BlazBlue, DragonBall FighterZ, и до некаде ја очекував таа брзина на движење, но сепак одлучиле многу да ја натапкаат играта за да не шекнат новите гледачи кога ќе ја гледаат.

Сепак малце има причина бидејќи кога ќе искочат 8 карактери на екран (иако тоа многу ретко се случува) ќе настане масивен хаос.

Комбата во играта исто така се сведува на гатлинг систем од 4 удари. Тоа значи во едно комбо може да поврзете само 4 удари по растечки приоритет (Light, Medium, Heavy). Тука значи мора да бидете претпазливи кои удари ги користите за да може да продолжите понатаму со асистенција или со специјален потег.

Секако ова не би било АркСис игра ако ауто-комбото не би било тука. Доколку сте доволно блиску да го удрите противникот со било кое копче и продолжите да го стискате истото копче, вашиот карактер ќе продолжи да прави комбо сам.

Light ауто комбото ќе заврши со тоа што ќе ги искористите сите асистенции ИЛИ доколку сте на раб на изгуба и имате цел бар за пуштање супер потези, тогаш ќе искочи Assemble што ги става сите 4 карактери во супер анимација и прави голема штета. Medium ауто комбото завршува со најслабиот супер на вашиот лидер, а Heavy ауто комбото завршува во најјакиот супер на истиот карактер.

Тренингот е еден од најчудните пристапи што сум ги видел во тепачини. Прво ти ги покажува јаките потези или удари што карактерот што го имате одберено ги има. Тоа значи овие ви се како оче наш додека сте во меч.

После тоа ви покажува неколку кратки комбоа за тоа што може да направи вашиот карактер… и на крај ве остава сам и ви вика „Направи 50% штета“ или „Започни со ова копче и направи 35% штета“ и ве остава сами со себе да се снајдете како да го поминете тоа.

Искрено за ова сум ни ваму ни таму, бидејќи од една страна не ме држи за рака и ми помага да ја разберам играта и да го развијам знаењето, ама пак од друга страна ништо претходно ми нема покажано што би ми ги отворило хоризонтите за да можам да го направам тоа што се бара од вежбата. Тоа оставам на вас.

Искрено не би ја препорачал играва на некој нов играч што сака да влезе во водите на тепачките. Сони уште еднаш се покажаа дека не се во допир со публиката со тоа што блокираа ваква масивна франшиза во 132 земји, и пуштање на играта со уништен ПЦ порт. Но сепак тоа не значи дека АркСис не знаеле што прават со играва. Верувам дека Марвел Токон ќе биде постојано во топ 3 најпријавени игри следниве 2 години на сите големи турнири. А верувајте… конкуренцијата е огромна!

Графика: 7/10
Гејмплеј: 8/10
Офлајн: 8/10
Онлајн: 9/10
Карактери: 9/10

Краен резултат: 8.2/10

МАРКЕТИНГ

Одговорот на ова прашање ќе го дознаеме на 15 ноември, кога 16-те најдобри гејмери од Македонија ќе се соочат на националното Red Bull Wings Cup финале, со една цел: да ја освојат националната титула и да нè претставуваат на светското финале во Мајами.

Патот до националното финале започна во октомври, 2026, со отворањето на пријавите за Универзитетската и Отворената лига, а за само неколку недели, натпреварувањето собра 739 регистрирани играчи од цела Македонија, кои одиграа повеќе од 690+ EA SPORTS FC™ 27 натпревари. Квалификациската трка освен онлајн, се одвиваше и во четири градови, опфати четири универзитети и осум факултети, а сега најуспешните 16 играчи од двете лиги се подготвени за последниот предизвик пред светското финале во САД.

Но, националното финале носи и поинакво гејминг искуство, бидејќи на 15 ноември, со почеток од 18 часот, Cineplexx во Skopje City Mall ќе се претвори во гејминг арена, каде што финалистите ќе ги одиграат решавачките натпревари пред публика, на големото платно. Најдобриот играч ќе добие можност да ја претставува Македонија на светското Red Bull Wings Cup финале во Мајами, каде што ќе се сретне со најдобрите гејмери од 80 земји ширум светот и ќе ги покаже своите фудбалски вештини и надвор од виртуелниот терен, преку реални фудбалски предизвици.

View this post on Instagram

A post shared by Red Bull Македонија 🇲🇰 (@redbullmakedonija)

Националното финале ќе биде можност публиката одблизу да ја проследи цела EA SPORTS FC™ 27 акција, да ги поддржи Red Bull Wings Cup финалистите и да дознае кој од нив ќе нè претставува на светскота сцена следната година.

Сите љубители на фудбалот и гејминг фанатици се добредојдени на 15 ноември во 18 часот во Cineplexx, Skopje City Mall да ја проследат акцијата и да бидат дел од атмосферата.

GG анкета

вести и новости од

ПРИЈАТЕЛИТЕ на GG.MK

GG LFM

W00t w00t? GG ис лукинг фор мор!​
Стани дел од тимот на GG.MK!

GG ЛОВЦИ НА ТРОФЕИ

покажете го пленот

Претплати се на нашата мејлинг листа

Нема спам, нема замарање!
Само гејминг!