Серијата „The Witcher“ на Netflix ќе заврши во 2026 година

The Witcher

Нова објава од Netflix потврди дека 2026 година е годината во која серијата The Witcher завршува.

Уште во 2024 година бевме информирани дека серијата The Witcher на Netflix ќе биде обновена за петтата и последна сезона. Сега кога четвртата сезона е емитувана, а петтата сезона е снимeна, останува само да ја дочекаме последната сезона да се прикаже. Netflix потврди дека петтата сезона ќе ја заврши својата приказна во 2026 година.

Петтата сезона на The Witcher ќе заврши во 2026 година, со што серијата ќе се затвори
Потврдата дека серијата The Witcher ќе заврши во 2026 година доаѓа од објава на Tudum од Netflix, во која се зборува за целата содржина што излегува оваа година. Во резимето се наведува дека „времето на крајот е блиску“, и дека темни сили ќе се здружуваат низ целиот континент за да ја таргетираат Цири. Доколку Гералт и Јенефер сакаат да ја спасат својата ќерка и повторно да се обединат како семејство, ќе мора да се соочат со пречки и непријатели какви што досега не биле видени. Петтата и последна сезона од серијата ќе се емитува во 2026 година.

Серијата The Witcher е високо ценета меѓу фановите, дури и по големата промена во актерската екипа, кога Хенри Кавил си замина, а Лиам Хемсворт го замени. Актерката што ја игра Цири во серијата неодамна изјави дека размислувала да си замине, заедно со Кавил. Сепак, на крајот решила да се врати и ја опиша улогата на Хенри како „информиран и лојален на книгите“, како и дека се залагал „одредени реплики да бидат вклучени“. И покрај овие пресврти, серијата остана силна, а сега фановите со нетрпение го очекуваат нејзиниот епски заклучок.

Извор: InsiderGaming

МАРКЕТИНГ

Спорели на:

Љубителите на Grand Theft Auto, гејмерите и креаторите на дигитална содржина ќе имаат можност да бидат дел од еден специјален настан посветен на долгоочекуваната GTA 6. На 19 ноември, во Скопје ќе се одржи GTA 6 Launch Event, кој истовремено ќе се организира на двете локации на Inferno Gaming Club – Inferno 1 во Тафталиџе и Inferno 2 во Кисела Вода.

Настанот ќе започне во 11:00 часот, а посетителите ќе можат да очекуваат целодневна дружба, гејминг, музика и атмосфера инспирирана од легендарниот Vice City. Организаторите најавуваат тематска музика во текот на целиот ден, со звук и енергија што ќе потсетуваат на препознатливиот свет на Grand Theft Auto, претворајќи ги гејминг-клубовите во места за вистинско GTA доживување.

Централниот дел од настанот ќе биде можноста посетителите да ја испробаат GTA 6 и одблизу да се запознаат со играта. Сите заинтересирани ќе можат да добијат свој термин за играње и да го искусат старо-новиот свет на Rockstar Games, но настанот нема да биде наменет исклучиво за оние што сакаат да седнат пред конзолата.

Идејата е да се создаде простор за собирање на домашната гејминг-заедница, размена на искуства, запознавање нови луѓе и поврзување на креаторите на дигитална содржина. Настанот ќе биде можност за дружба меѓу гејмери, стримери, јутјубери, инфлуенсери и сите оние што ја следат гејминг-културата, со можност за нови соработки и запознавања.

Посетителите ќе можат да разговараат за играта, да ги споделат своите први впечатоци, да разменат мислења за новините во GTA 6 и едноставно да поминат ден во друштво на луѓе со слични интереси. Со музика, тематска атмосфера и активности во текот на денот, организаторите сакаат настанот да прерасне во вистинско собирање на гејминг-заедницата, а не само во можност за тестирање на нова игра.

БЕСПЛАТНО ИГРАЊЕ, НО СО ЗАДОЛЖИТЕЛНО АПЛИЦИРАЊЕ ЗА ИГРАЊЕ

Една од најважните информации за сите заинтересирани е дека учеството и можноста за играње на GTA 6 се целосно бесплатни. Посетителите нема да треба да плаќаат за да ја испробаат играта, а можноста ќе биде достапна во текот на целиот настан.

Сепак, поради организацијата и распоредот на термините за играње, сите што сакаат да ја испробаат GTA 6 ќе треба однапред да аплицираат преку официјалниот формулар.

По апликацијата ќе се врши јавно влечење за сите луѓе што ќе се пријават за термин за играње, со што ќе се овозможи подобра организација и ќе се избегне непотребно чекање.

КОГА, КАДЕ И ЗОШТО?

GTA 6 Launch Event ќе се одржува на 19 ноември, со почеток во 11:00 часот, истовремено во Inferno 1 во Тафталиџе и Inferno 2 во Кисела Вода.

За сите љубители на Grand Theft Auto, ова ќе биде можност да го дочекаат новото поглавје на франшизата во друштво на домашната гејминг-заедница, со целодневна Vice City атмосфера, музика, дружење и, секако, можност први да ги споделат своите впечатоци од GTA 6.

GG анкета

вести и новости од

ПРИЈАТЕЛИТЕ на GG.MK

GG LFM

W00t w00t? GG ис лукинг фор мор!​
Стани дел од тимот на GG.MK!

GG ЛОВЦИ НА ТРОФЕИ

покажете го пленот

Претплати се на нашата мејлинг листа

Нема спам, нема замарање!
Само гејминг!