Раниот пристап на играта PUBG: Blindspot започнува на 5 февруари

PUBG: Blindspot

PUBG Studios го објави датумот за излегување во ран пристап (Early Access) за нивниот претстоен тактички шутер PUBG: Blindspot.

Во соопштение објавено во четврток, беше откриено дека PUBG: Blindspot ќе стартува во ран пристап на 5 февруари. Играта ќе биде достапна исклучиво на PC преку Steam и ќе биде бесплатна за играње.

„PUBG: BLINDSPOT е 5v5 тимски, топ-даун тактички шутер што носи брза, стратегиски насочена борба со интензивни престрелки и реалистично ракување со оружје“, велат развивачите. „Комбинирајќи ја возбудата на високоинтензивни шутери со стратегиската длабочина на топ-даун перспектива, играта нуди ниво на реализам и интензитет што почесто се поврзува со шутери од прво лице.“

Ранопристапното издание на играта ќе вклучи „низа подобрувања, вклучувајќи подобрен кориснички интерфејс (UI) и визуелен квалитет, порафинирана одзивност на контролите и ажурирани балансни прилагодувања наменети да ја подобрат вкупната тактичка длабочина“, во споредба со неодамнешните демо верзии.

По објавувањето на играта, развивачите велат дека „планираат да испорачуваат месечни ажурирања“. Тие ажурирања ќе се темелат на нивните разработени планови, како и на повратните информации од играчите. Студиото вели дека повратните информации ќе бидат „активно вклучувани“ во периодот на ран пристап.

Немаше спомнато колку долго планираат играта да остане во ран пристап.

Извор: Инсајдер Гејминг

МАРКЕТИНГ

Спорели на:

Љубителите на Grand Theft Auto, гејмерите и креаторите на дигитална содржина ќе имаат можност да бидат дел од еден специјален настан посветен на долгоочекуваната GTA 6. На 19 ноември, во Скопје ќе се одржи GTA 6 Launch Event, кој истовремено ќе се организира на двете локации на Inferno Gaming Club – Inferno 1 во Тафталиџе и Inferno 2 во Кисела Вода.

Настанот ќе започне во 11:00 часот, а посетителите ќе можат да очекуваат целодневна дружба, гејминг, музика и атмосфера инспирирана од легендарниот Vice City. Организаторите најавуваат тематска музика во текот на целиот ден, со звук и енергија што ќе потсетуваат на препознатливиот свет на Grand Theft Auto, претворајќи ги гејминг-клубовите во места за вистинско GTA доживување.

Централниот дел од настанот ќе биде можноста посетителите да ја испробаат GTA 6 и одблизу да се запознаат со играта. Сите заинтересирани ќе можат да добијат свој термин за играње и да го искусат старо-новиот свет на Rockstar Games, но настанот нема да биде наменет исклучиво за оние што сакаат да седнат пред конзолата.

Идејата е да се создаде простор за собирање на домашната гејминг-заедница, размена на искуства, запознавање нови луѓе и поврзување на креаторите на дигитална содржина. Настанот ќе биде можност за дружба меѓу гејмери, стримери, јутјубери, инфлуенсери и сите оние што ја следат гејминг-културата, со можност за нови соработки и запознавања.

Посетителите ќе можат да разговараат за играта, да ги споделат своите први впечатоци, да разменат мислења за новините во GTA 6 и едноставно да поминат ден во друштво на луѓе со слични интереси. Со музика, тематска атмосфера и активности во текот на денот, организаторите сакаат настанот да прерасне во вистинско собирање на гејминг-заедницата, а не само во можност за тестирање на нова игра.

БЕСПЛАТНО ИГРАЊЕ, НО СО ЗАДОЛЖИТЕЛНО АПЛИЦИРАЊЕ ЗА ИГРАЊЕ

Една од најважните информации за сите заинтересирани е дека учеството и можноста за играње на GTA 6 се целосно бесплатни. Посетителите нема да треба да плаќаат за да ја испробаат играта, а можноста ќе биде достапна во текот на целиот настан.

Сепак, поради организацијата и распоредот на термините за играње, сите што сакаат да ја испробаат GTA 6 ќе треба однапред да аплицираат преку официјалниот формулар.

По апликацијата ќе се врши јавно влечење за сите луѓе што ќе се пријават за термин за играње, со што ќе се овозможи подобра организација и ќе се избегне непотребно чекање.

КОГА, КАДЕ И ЗОШТО?

GTA 6 Launch Event ќе се одржува на 19 ноември, со почеток во 11:00 часот, истовремено во Inferno 1 во Тафталиџе и Inferno 2 во Кисела Вода.

За сите љубители на Grand Theft Auto, ова ќе биде можност да го дочекаат новото поглавје на франшизата во друштво на домашната гејминг-заедница, со целодневна Vice City атмосфера, музика, дружење и, секако, можност први да ги споделат своите впечатоци од GTA 6.

GG анкета

вести и новости од

ПРИЈАТЕЛИТЕ на GG.MK

GG LFM

W00t w00t? GG ис лукинг фор мор!​
Стани дел од тимот на GG.MK!

GG ЛОВЦИ НА ТРОФЕИ

покажете го пленот

Претплати се на нашата мејлинг листа

Нема спам, нема замарање!
Само гејминг!