Sony ги откри плановите за крајот на PS4

Sony откри дека планираат наскоро да го пратат во пензија PlayStation 4. Прво издаден во 2013 година, PS4 стана не само една од најуспешните конзоли на Sony, туку стана и една од најпродаваните конзоли за видео игри досега. И покрај ова, Sony сега бара да го продаде PS5 како негов примарен хардвер, што значи дека PS4 природно доаѓа до крајот. Сега, благодарение на новите упатства од Sony, имаме идеја за тоа кога PS4 може официјално да се пензионира.

Наведено во најновата финансиска презентација на Sony (TAP за да прочитате), беше појаснето дека игрите за PS4 ќе завршат до 2025 година. Ова не значи дека наследените игри за PS4 веќе нема да може да се купуваат, но Sony јасно планира да престанат да прават игри за тие генерации односно за генерацијата на PlayStation 4. Наместо тоа, до 2025 година, Sony проектира дека поголемиот дел од приходите поврзани со игрите ќе потекнуваат од PlayStation 5, а насловите на PC и мобилни телефони исто така ќе донесат друга половина од нивниот приход.

Како целина, ова очигледно не треба да изненадува со оглед дека PS5 ќе биде главниот фокус на Sony во годините што доаѓаат. Сепак, вреди да се нагласи дека токму во овој момент, PS4 е платформа за која Sony сè уште произведува и издава игри. Всушност, најголемата игра за PlayStation оваа година, God of War Ragnarok (ако излезе оваа година како што кажуваат некои протекувања), сè уште се очекува да излезе на PS4 кога и да пристигне.

Во одреден момент во наредните години, Sony најверојатно ќе заврши со поголема објава поврзана со PS4 и официјалниот крај на неговиот животен циклус. Како што сега сме информирани, сепак, оваа објава треба да заврши пред да се појави 2025 година, затоа не заборавајте да се подготвите соодветно.

МАРКЕТИНГ

Тагови:

Спорели на:

Љубителите на Grand Theft Auto, гејмерите и креаторите на дигитална содржина ќе имаат можност да бидат дел од еден специјален настан посветен на долгоочекуваната GTA 6. На 19 ноември, во Скопје ќе се одржи GTA 6 Launch Event, кој истовремено ќе се организира на двете локации на Inferno Gaming Club – Inferno 1 во Тафталиџе и Inferno 2 во Кисела Вода.

Настанот ќе започне во 11:00 часот, а посетителите ќе можат да очекуваат целодневна дружба, гејминг, музика и атмосфера инспирирана од легендарниот Vice City. Организаторите најавуваат тематска музика во текот на целиот ден, со звук и енергија што ќе потсетуваат на препознатливиот свет на Grand Theft Auto, претворајќи ги гејминг-клубовите во места за вистинско GTA доживување.

Централниот дел од настанот ќе биде можноста посетителите да ја испробаат GTA 6 и одблизу да се запознаат со играта. Сите заинтересирани ќе можат да добијат свој термин за играње и да го искусат старо-новиот свет на Rockstar Games, но настанот нема да биде наменет исклучиво за оние што сакаат да седнат пред конзолата.

Идејата е да се создаде простор за собирање на домашната гејминг-заедница, размена на искуства, запознавање нови луѓе и поврзување на креаторите на дигитална содржина. Настанот ќе биде можност за дружба меѓу гејмери, стримери, јутјубери, инфлуенсери и сите оние што ја следат гејминг-културата, со можност за нови соработки и запознавања.

Посетителите ќе можат да разговараат за играта, да ги споделат своите први впечатоци, да разменат мислења за новините во GTA 6 и едноставно да поминат ден во друштво на луѓе со слични интереси. Со музика, тематска атмосфера и активности во текот на денот, организаторите сакаат настанот да прерасне во вистинско собирање на гејминг-заедницата, а не само во можност за тестирање на нова игра.

БЕСПЛАТНО ИГРАЊЕ, НО СО ЗАДОЛЖИТЕЛНО АПЛИЦИРАЊЕ ЗА ИГРАЊЕ

Една од најважните информации за сите заинтересирани е дека учеството и можноста за играње на GTA 6 се целосно бесплатни. Посетителите нема да треба да плаќаат за да ја испробаат играта, а можноста ќе биде достапна во текот на целиот настан.

Сепак, поради организацијата и распоредот на термините за играње, сите што сакаат да ја испробаат GTA 6 ќе треба однапред да аплицираат преку официјалниот формулар.

По апликацијата ќе се врши јавно влечење за сите луѓе што ќе се пријават за термин за играње, со што ќе се овозможи подобра организација и ќе се избегне непотребно чекање.

КОГА, КАДЕ И ЗОШТО?

GTA 6 Launch Event ќе се одржува на 19 ноември, со почеток во 11:00 часот, истовремено во Inferno 1 во Тафталиџе и Inferno 2 во Кисела Вода.

За сите љубители на Grand Theft Auto, ова ќе биде можност да го дочекаат новото поглавје на франшизата во друштво на домашната гејминг-заедница, со целодневна Vice City атмосфера, музика, дружење и, секако, можност први да ги споделат своите впечатоци од GTA 6.

GG анкета

вести и новости од

ПРИЈАТЕЛИТЕ на GG.MK

GG LFM

W00t w00t? GG ис лукинг фор мор!​
Стани дел од тимот на GG.MK!

GG ЛОВЦИ НА ТРОФЕИ

покажете го пленот

Претплати се на нашата мејлинг листа

Нема спам, нема замарање!
Само гејминг!