Новиот фенси Pro PS5 контролер на PlayStation, DualSense Edge, сега има датум на излегување и можете да му направите пред-нарачка. Премиум периферниот уред наменет да им даде на корисниците низа опции за прилагодување и дополнителни влезови за конфигурирање, ќе започне со продажба на 26-ти јануари, објавија Sony. Оваа објава се совпадна со новиот трејлер кој прикажува некои од тие карактеристики.
Откриен уште во август, DualSense Edge е верзијата на PlayStation која треба да се такмичи со XBOX Elite, како и другите опции од трети страни кои нудат малку повеќе од вашиот стандарден контролер. Има две копчиња на задната страна кои можат да се конфигурираат на различни инупути. Доаѓа со две различни групи на задни копчиња што може да се заменат и различни опции за стикови кои на сличен начин може да се заменат. Сепак, многу контролори ќе понудат четири копчиња за назад наместо само двете што ги има Edge, па земете го тоа во предвид ако се гледате дека ви треба повеќе од тоа.
Исто така, има уникатен интерфејс кој им овозможува на корисниците да ги приспособат профилите, гласноста и другите поставки со само неколку притискање на копчињата. Таа конкретна карактеристика е уникатна и не може да се најде толку лесно на друго место, но другите функции, како што се копчињата со можност за повторно приспособување и влезовите на копчињата за назад, се оние кои корисниците треба да очекуваат да ги видат до сега во премиум контролерите како овој.
Со упувањето DualSense Edge, исто така добивате футрола за него, што не е лоша зделка со оглед на тоа што обично треба да го купите одделно од многу други места. Можете да го полните контролерот додека е во футролата преку вклучениот USB-кабел (или кој било друг што го имате), и можете да видите сè што е вклучено во купувањето на DualSense Edge подолу:
Содржина на DualSense Edge
- DualSense Edge wireless controller
- USB braided cable
- 2 Standard caps
- 2 High dome caps
- 2 Low dome caps
- 2 Half dome back buttons
- 2 Lever back buttons
- Connector housing
- Carrying case
Иако 199,99 долари во никој случај не е евтино, не е нетипично за контролорите да бидат по цена или околу оваа кога прават се што прави DualSense Edge. Ќе биде достапен за пред-нарачка на 25 октомври, иако се надеваме дека понудата ќе се одржи за да не се распродаде веднаш.