Во изработка е нова Lord of the Rings игра

Најавена е нова видео игра поврзана со франшиза на Lord of the Rings. Како што минува време, LOTR франшизата добива се полоши и полоши игри, и тоа е многу тажно кога ќе се спореди за каква франшиза станува збор. Иако имаше фантастични наслови како Middle-Earth: Shadow of Mordor, најновата игра на LOTR беше ужасната Gollum која нашироко се смета за една од најлошите игри за 2023 година. За среќа, за оние кои бараат некое откупување, изгледа дека ќе пристигне во форма на нова игра наречена Tales of the Shire.

Најавена во текот на „Hobbit Day“ во Нов Зеланд, Tales of the Shire е нова игра поставена во универзумот на LOTR. Играта ја прават Wētā Workshop и ја објавуваат Private Division. Деталите за оваа игра сè уште се мали, но насловот беше откриен со иницијален трејлер кој служеше само како мало парченце. Платформите за Tales of the Shire, исто така, сè уште не се познати, но се вели дека играта им дава шанса на играчите да го искусат својот „пријатен живот на Хобитот“. Имајќи го ова на ум, се чини дека ова ќе биде SIM за живот или земјоделство поставено во The Shire, што би имало многу смисла со оглед на тоа колку е популарен овој поджанр во последниве години. Вие нема да сте Фродо, ама на Фродо можеби ќе му ја средувате градината!

МАРКЕТИНГ

About The Author

Џокерот од Флорида, кој навидум инспирираше лик прикажан во трејлерот за на GTA 6, бара 2 милиони долари од Rockstar Games за неговото искористување, и тоа што му го украле целиот карактер кој што он сам си го градел.

Во видеото објавено на социјалните мрежи, „вистинскиот“ Џокер ги повтори своите размислувања од неговото претходно видео. Тој покажа кон ликот од играта рамо до рамо со негова слика, повторувајќи постојано дека е јасно од кого е инспириран тој лик.

“We gotta talk GTA, or not you guys gotta give me a million or two,” he said in the video.

“Holla at me GTA. Rockstar Entertainment.”

Дури и ако има шанси да добие пари од Rockstar, тоа е многу малку веројатно. Rockstar лесно може да тврди дека ликот во играта е пародија. Има и случај кога актерката Lindsay Lohan се обиде да ги тужи Rockstar, тврдејќи дека ликот на девојка во GTA V се базира на неа.

Тој случај на крајот беше отфрлен откако судијата Eugene Fahey изјави: “„Уметноста и реалниот живот не треба да се споредува. Доколку во игра имаме рендер од некој карактер не значи дека тоа е инспирано од реалниот живот”.

Rockstar не ги коментираше барањата на Џокерот од Флорида, и најверојатно нема да ги коментира во никакво официјално својство… Нормално дека не се будали за да го направат тоа…