That’s Incredible – Турнири за видео игри од 1983 година

Денешните натпревари во е-спорт може да се следат во живо преку многу стриминг платформи. И додека овие платформи за стриминг се релативно млад изум, конкурентната игра на видео игри постои речиси половина век. Тука се поставува прашањето – Како луѓето до сега гледале турнири за видео игри? И колку и да звучи нормално сепак одговорот е – Гледале на телевизија!

Се разбира, многу малку натпревари за е-спорт имаа свој телевизиски преност. Еден од најраните можеби и првиот снимен ТВ преност на турнирот во видео игри бил емитуван во 1983 година. Била емитувана од страна на американската ТВ компанија ABC во рамките на нејзината емисија “That’s Incredible!”

Емисијата најпрво имала извештај за турнирот наречен “North American Video Game Olympics” кој се одржал во јануари 1983 година во градот Отумва – Ајова. Организаторите на турнирот потоа го прогласиле нивниот град како “Главниот град на игрите во светот”. На турнирот играчите се натпреварувале во 5 различни игри: Frogger, Super Pac-Man, Donkey Kong Jr., Joust и Millepede. Шампионот на овој турнир бил Американецот Ben Gold кој што дошол од Далас.

Благодарение на таа победа, Gold и уште двајца натпреварувачи биле поканети на шоуто да учествуваат на нивниот главен турнир. И ткому тоа стана едно од најраните ТВ преноси на турнири за видео игри. Благодарение на самиот Ben Gold, имаме и документирана снимка како тоа изгледало пред 40 години.

На ABC турнирот се одигра малку поинаков состав. Се уште имаше Donkey Kong Jr., и Milipede, но остатокот од составот го сочинуваа Cosmos, Burgertime и Buck Rogers. Сите тројна натпреварувачи ги одиграле сите натпревари, а целта им била што поскоро да постигнат одреден број во играта за да можат да продолжат на следниот. Победник беше оној кој први ги постигна сите сет-поени.

Малку да се каже, ова натпреварување беше малку поинакво од денешните е-спорт турнири. Овде натпреварувачите буквално трчале меѓу аркадните машини во обид да го постигнат најдоброто можно време. Кој би кажал дека тогаш е-спортот не бил физичка активност… Во секој случај, натпреварувањето траело околу 15 минути, а победата на турнирот повторно ја однел земал големиот Ben Gold. Тој бил веројатно најпопуларниот дечко во неговото училиште после овие победи!

Само неколку месеци пред ова емитување, американскиот ТВ канал TBS ја емитувал премиерната епизода на Starcade, која се смета за прва ТВ емисија за видео игри, врз основа на која подоцна се појавиле и многу слични успеси на оваа серија. Тоа време во Хрватска се појавува емисија како “Модул 8”, а во Македонија овие емисии започнуваат во касни 90ти и рани 2000ти години.

Единствената причина зошто ова не се смета за класичен турнир е тоа што натпреварувачите за шоуто биле избрани врз основа на регистрација, односно немале елиминациски рунди преку кои тие би го добиле својот настап во шоуто. Во секој случај, вреди да се спомене, особено што имаме снимки од речиси сите епизоди, вклучувајќи ја и првата која се емитувала во 1982 година.

Врвот на емисијата Starcade е тоа што немало никака старосна граница! Натпреварувачите можеле да бидат дете од 12 години и возрасен човек од 30 години. Многу често се случувало возрасни мажи да играат против малолетни девојчиња… И заедно трчаат до аркадните машини… Дали ова доволно го опишува терминот “луди осумдесетти”?! Замислете ова да се случи во 2022 година…

МАРКЕТИНГ

Спорели на:

About The Author

Во нов блог пост денес, се објави првиот бран на наслови кои доаѓаат на XBOX Game Pass во мај 2024 година, како и Have a Nice Death, кој е достапна од денес.

За жал, првиот бран додава само уште четири игри покрај Have a Nice Death. Претстојните наслови до 14 мај ќе вклучуваат:

  • Tomb Raider: Definitive Edition – May 2nd
  • Kona II: Brume – May 7th
  • Little Kitty, Big City – May 9th
  • Brothers: A Tale of Two Sons – May 14th

Во меѓувреме, денешниот блог пост споменува дека двојно повеќе наслови ќе заминат на 15-ти мај, вклучувајќи ги и оние како Eiyuden Chronicle Rising и Just Cause 4 Reloaded.

Tomb Raider: Definitive Edition е секогаш добредојден додаток, но како Brothers: A Tale of Two Sons, тоа е повратен избор на Game Pass.

Претходно овој месец, XBOX исто така објави дека Shadow of the Tomb Raider Definitive Edition доаѓа и на априлскиот Game Pass. Значи, нема многу свежа IP адреса и има помалку наслови од вообичаено. Првиот бран на наслови на Game Pass во мај 2024 година на крајот претставува малку затишје за претплатниците.

Little Kitty, Big City е лансирање на првиот ден, а Game Pass често блеска со повеќе лансирања од првиот ден. Но, Little Kitty, Big City секако се чини дека е наменет за тесна публика, или помлади играчи или општи љубители на животни. Во најмала рака, обожавателите можеби ќе ценат што повеќе инди се придружуваат на библиотеката.