Скоро сите од CD Projekt Red моментално работат на The Witcher 4

CD Projekt Red потврдија дека нешто повеќе од половина од компанијата се преселиле да работат на The Witcher 4, во моментов позната само како Project Polaris. Згора на тоа, премногу девелопери кои што работеа на Cyberpunk 2077 се префрлаат целосно да работат на овој нов проект бидејќи сметаат дека Cyberpunk 2077 веќе го завршија своето. Ова значи дека има можност за неколку месеци тотално сите да се посветат само на The Witcher 4.

Потврдата дојде за време на извештајот за заработката на компанијата во третиот квартал кој што беше споделен од CD Projekt Red денес.

Најавена дека е во изработка уште во 2022 година, следната игра од серијата The Witcher треба да започне нова трилогија за франшизата. Компанијата остана цврсто отворена за тоа што да очекуваме од играта или иднината на The Witcher како целина. Единственото нешто што е потврдено е дека тоа ќе биде RPG од отворен свет кој го продолжува наследството на The Witcher 3: Wild Hunt.

Со оглед на тоа што ова беше најавено само минатата година, ќе поминат години додека фановите ќе започнат да ја играат. Компанијата, сепак, соопшти дека штом Polaris ќе излезе, целата наредна трилогија ќе биде објавена во рок од шест години. Се разбира, како и со било што во видео игрите, тие планови би можеле да се променат нормално.

МАРКЕТИНГ

About The Author

RIP БлизКон

Еден од најпознатите настани кој што порано се чекаше со нетпрение, BlizzCon 2024 е откажан, објави компанијата во четвртокот.

„По внимателно разгледување во текот на минатата година, ние во Blizzard донесовме одлука да не го одржиме BlizzCon во 2024 година. Оваа одлука не беше донесена лесно бидејќи BlizzCon останува многу посебен настан за сите нас и знаеме дека многумина од вас со нетрпение го очекуваат.

Иако на оваа година пристапуваме поинаку и истражувавме различни формати на настани во минатото, бидете сигурни дека сме исто толку возбудени како и секогаш да го вратиме BlizzCon во идните години.

За да ги прославиме овие претстојни изданија и да ги зближиме нашите заедници на нови и посебни начини, наскоро ќе споделиме некои возбудливи планови за други трговски саеми и конвенции во индустријата, како што е Gamescom. Не можеме да дочекаме наскоро да ви кажеме повеќе за тие планови“.

Официјалната изјава од Blizzard

БлизКон вообичаено беше настан каде што Blizzard дава различни најави околу своите игри. Во 2023 година, Blizzard го искористи настанот за да ја открие првата експанзија на Diablo 4 наречена Vessel of Hatred, како и три експанзии за World of Warcraft и многу повеќе.

Што се однесува до плановите на Blizzard за оваа година, компанијата вели дека ќе ги сподели деталите за нејзините претстојни лансирања во текот на „следните неколку месеци“.

Компанијата ја затвори својата изјава велејќи дека се надева дека различните настани на кои присуствува ќе ја „доловат суштината“ на Blizzard.

SAD BLIZZARD FAN