Од EA потврдија дека Respawn Entertainment работат на уште една нова Star Wars Jedi игра, која што исто така ќе биде последна во трилогијата.
За време на конференцијата на компанијата за Денот на инвеститорите во 2024 година, претседателката на EA Entertainment and Technology, Лаура Миеле, изјави дека студиото го развива „завршното поглавје“.
Respawn работат напорно за да им го донесе на играчите последното поглавје од оваа возбудлива приказна!
Ги направивме едни од најквалитетните и најпродаваните Star Wars игри на сите времиња, со преку 5 милијарди долари нето приход.
Покрај потврдата за уште една Star Wars Jedi игра од Respawn, Лаура Миеле изјави дека серијата има над 40 милиони играчи од првата игра која беше издадена во 2019 година. Најновата игра, Star Wars Jedi: Survivor, беше издадена на PlayStation 4 и Xbox One на 17 септември, 2023 година.
За време на настанот не беа откриени други информации за следниот наслов во трилогијата. Едно нешто што е познато сепак е дека играта ќе има нов режисер. Стиг Асмусен, кој ги режираше првите два дела во серијата, го напушти Respawn Entertainment во 2023 година.
Оттогаш тој формираше ново студио, Giant Skull, кое работи на нова акциона-авантуристичка игра користејќи Unreal Engine 5.