Следната Battlefield игра нема да биде само игра на EA направена од DICE. Наместо тоа, ќе има четири различни студија кои ќе работат на следниот наслов од франшизата. EA ја одржаа својата конференција за Денот на инвеститорите 2024 година, и даде малку повеќе информации за тоа кој ќе ја развива играта и на кој начин.
Според компанијата, DICE ќе се фокусира на онлајн мултиплеер на играта. Motive, кој беше најавено дека ќе се пресели во Battlefield претходно оваа година, ќе работи на кампањата. Criterion Games, кои работеа на Battlefield V, како и на франшизата Need For Speed, работи и на кампањата и на мултиплеер. И на крај, Ripple Effect работат на „ново искуство“ кое ќе биде објавено во иднина.
Неодамна, EA потврди претходна ексклузива за медиумот Insider Gaming во врска со карактеристиките за следната игра на Battlefield. Играта ќе има враќање на мапи со 64 играчи, систем базиран на класи, и ќе биде објавена некаде во 2025 година.
Повеќе информации за играта ќе бидат откриени подоцна, вклучувајќи прв поглед на играта, режимите, датумот на објавување и многу повеќе.