Протекоа информации за Metal Gear Solid 4 Remaster

Изгледа дека треба да очекуваме наскоро да видем и римастер верзија на познатата Metal Gear Solid 4: Guns of the Patriots. Серијалот на Metal Gear Solid е една од најпознатите франшизи за игри, најмногу благодарение на генијот Хидео Коџима. Омилениот режисер на игри постојано иновирал во жанрот на стелт-акција со овие игри и раскажувал навистина длабоки, нијансирани приказни кои го издржале тестот на времето. За жал, како што одминуваше времето, овие игри беа сè потешко да се играат без оригиналните хардвери за кои беа објавени или без употреба на емулатор. За среќа, Konami го поправа тоа. Покрај римејкот на Metal Gear Solid 3: Snake Eater, добиваме и колекција од првите три Metal Gear Solid игри подоцна оваа година на сите релевантни платформи.

Со тоа, се чини дека Konami не застанува тука. Веќе беше задевано дека можеби ќе добиеме ремастер на Metal Gear Solid 4 едноставно затоа што гореспоменатата колекција е „VOL 1“, што сугерира дека ќе има повеќе, но ништо не е директно потврдено. Сепак на Twitter – Nitroid, прегледал официјална временска рамка на серијата Metal Gear Solid на официјалната веб-страница на Konami и открил дека има копчиња за место за Metal Gear Solid 4, Metal Gear Solid: Peace Walker и Metal Gear Solid V, што сугерира дека втор том (VOL.) е на пат. IGN, исто така, истакна дека ја потврдиле оваа информација со свои извори и потврди дека поставата за вториот том се чини дека е легитимна, иако не доби официјален коментар од Konami.

https://twitter.com/Nitroid/status/1671783337743007749?s=20

Ова би било прилично огромно бидејќи Metal Gear Solid 4 никогаш не била официјално достапена, природно, на која било платформа освен на PlayStation 3. Дел од ова е поради тоа колку од играта е дизајнирана да работи со уникатниот хардвер на PS3, како и некои лиценци за други производи, како што е iPod во играта.

МАРКЕТИНГ

Спорели на:

Еве еден интересен факт: од сега па сè до 2029 година, OpenAI контролира 40 отсто од светското производство на динамичка меморија со случаен пристап (DRAM), која се користи во мобилните телефони, конзолите за видеоигри и системите за вештачка интелигенција. Така, компанијата зад ChatGPT е една од главните причини поради кои сега треба да платите 650 долари за PS5 и поради кои речиси никој не може да си дозволи да состави нов гејминг-компјутер. Сепак, извршниот директор на OpenAI, Сем Алтман, некако смета дека овој процент не е доволен.

Според Алтман, сите ние – обичните луѓе, заедно со неговата компанија вредна 852 милијарди долари – имаме заеднички интерес. Во неформално интервју за YouTube-каналот Cheeky Pint, Алтман објасни дека светот веќе има ограничени капацитети за производство на силициум.

„Од гледна точка на глобалната распределба, всушност е прилично ужасно што сите имаат големи количини од ограничените светски резерви на DRAM меморија во своите компјутери, а таа се користи само пет отсто од времето.“

Алтман тврди дека, со оглед на постојните ограничувања, би било покорисно DRAM меморијата што луѓето ја имаат во своите електронски уреди да се користи за напојување на дата-центрите. На тој начин, сите би можеле да ја искористат вкупната компјутерска моќ.

„Ако се обидувате да се справите со средина во која понудата е многу ограничена, сакате максимална искористеност на капацитетите во облакот. А некако, интуицијата на луѓето е токму спротивна од тоа“, рече Алтман.

Од ChatGPT до PS5

Аргументот на Алтман, кој погодно ја заобиколува улогата на OpenAI во создавањето на проблемот со недостигот на меморија, наиде на неверување кај коментаторите и корисниците на YouTube. Сепак, Sony се согласува со него, поради што производителот на хардвер планира да ја прекине поддршката за Blu-ray во 2027 година и да произведува само целосно дигитални конзоли PS5.

Додека корисниците откриваат начини за отклучување на хардверот, а вештачката интелигенција го забрзува процесот на создавање игри, компании како Sony имаат дополнителен мотив да создадат средина во која поединечните корисници поседуваат што е можно помалку. Не можете лесно да украдете или да направите реверзно инженерство на нешто што се емитува преку облак, додека компаниите можат да контролираат колку ќе плаќате за пристап до таа содржина. Алтман само го кажува гласно она за што обично се молчи.

Подоцна, Алтман рече дека се надева оти трошоците за енергија, снабдување и производство наскоро ќе се намалат. „Ако не се намалат, ќе бидам многу тажен. Но, за да се намалат, со оглед на тоа колку вредност има во сето ова, понудата мора значително да се зголеми.“

GG анкета

вести и новости од

ПРИЈАТЕЛИТЕ на GG.MK

GG LFM

W00t w00t? GG ис лукинг фор мор!​
Стани дел од тимот на GG.MK!

GG ЛОВЦИ НА ТРОФЕИ

покажете го пленот

Претплати се на нашата мејлинг листа

Нема спам, нема замарање!
Само гејминг!