Многу новости за The Witcher 4

Новото продолжение за The Witcher од девелоперите и издавачите CD Projekt Red, навидум фрли светлина врз датумот на објавување на играта, кој можеби е подалеку отколку што мислат фановите на фантастичниот RPG серијал. За време на неодамнешниот состанок за заработка со инвеститорите, извршниот директор на CD Projekt Red – Adam Kicinski потврди дека полското студио очекува брзината на развој да се зголеми со идните рати благодарение на тоа што студиото се префрли на Unreal Engine 5, подалеку од REDengine, нивниот внатрешен енџин што го користеа до сега. за претходните игри во серијалот. Меѓутоа, Kicinski смета дека нивниотот префрлање од нивниот Енџин во UE5 е нешто што драстично ќе ја зголеми изработката на играта со временски период и сите останати перформанси.

“We are preparing things on the pipeline side and toolset sides. Some developers are still learning the [Unreal Engine 5] technology, and at the same time, there are teams working together with Epic on all aspects that are needed for our open-world, story-driven RPGs. Definitely, for [our] first project, Polaris, it will… maybe not slow down, but it won’t accelerate the [development] processes. But for the next projects, we assume that it should smoothen production. That was one of the reasons behind […] saying we want to release three big Witcher games within six years, starting with the release of Polaris, which is The Witcher 4.”

Kicinski via Wccftech

Значи, каков увид дава ова за потенцијалниот датум на издавање на играта? Па, можеме да добиеме добра идеја за тоа кога ќе излезе врз основа на развојот на The Witcher 3. Очекувањата се дека оваа временска рамка нема да биде применлива за The Witcher 4 поради промената на енџинот, за која CD Projekt Red првично рече дека ќе забрза развојот, но ова очигледно не се случи. Така, сега колку време траеше The Witcher 3 е повторно релевантно.

The Witcher 3 започна да се развива во 2011 година и беше објавен во 2015 година. Cyberpunk 2077, следната игра на студиото, започна да се развива во 2016 година и беше објавена во 2020 година. И двете игри беа направени за приближно четири години. Witcher 4 започна да се развива во 2021 година, па ако историјата продолжи да се повторува, ќе излезе во 2025 година. Сепак, одложувањата во развојот на играта се сè почести, така што објавувањето во 2025 година може да биде цел и очекување, но постигнување и реализација на ова очекување е сосема друга работа.

МАРКЕТИНГ

На 12 ноември, извршната директорка на Xbox, Аша Шарма, сподели нов гејмплеј трејлер за Fable, долгоочекуваниот четврти дел од серијалот Fable, кој го развива студиото Playground Games. Иако возбудата околу играта останува голема, многу фанови ги споделија своите негативни реакции на интернет, што покажува дека ова би можело да биде уште едно контроверзно издание.

Fable треба да излезе на 23 февруари 2027 година. Играта се развива речиси една деценија, а првите информации за неа се појавија во 2018 година. Ова е првата игра од серијалот што не ја развива студиото Lionhead Studios, откако Microsoft го затвори во април 2016 година. Fable претставува обид за оживување на саканата франшиза создадена од Питер Молино и неговиот тим во Lionhead, кои ги објавија првите три игри од серијалот, добредојдени од критичарите, во периодот од 2004 до 2010 година.

Во Fable, играчите повторно ќе се вратат во земјата Албион и ќе ја преземат улогата на Херојот, но приказната нема да ја следи воспоставената временска линија на претходните игри од серијалот. Според најновиот трејлер, тоа нема да биде единствената разлика.

Трејлерот за Fable, објавен на 12 ноември, прикажува женски Херој кој ја следи трагата на жена по име Изабел, за која се тврди дека го нападнала нејзиното село и ги претворила жителите во камен. Протагонистката е придружувана од уште еден Херој, жена по име Арден (чиј глас го позајмува Сузан Вокома), која го отфрлила својот херојски повик и сега работи како чевларка. Заедно истражуваат дел од шумата, се борат против неколку немртви непријатели, а потоа откриваат мистериозна пештера во која се случуваат натприродни појави. Има многу одење и многу разговори. А целокупната атмосфера изгледа мрачно.

Првите три игри од серијалот Fable имаа свои мрачни моменти (се сеќавате ли на Tattered Spire во Fable 2?), но светот на Албион речиси секогаш изгледаше светло и шарено, дури и кога се обидуваше да ве убие. Серијалот беше инспириран од бајките, кои често ја комбинираат фантастиката со вознемирувачки елементи, давајќи им на игрите уникатен тон и атмосфера. Најновиот трејлер за новата Fable прикажува свет кој се откажал од фантастичните и разиграни елементи, задржувајќи ги само најмрачните делови од бајките (буквално, има многу малку бои).

Многу фанови го изразија своето незадоволство од прикажаните снимки. Дел од нив се пожалија дека трејлерот за „гејмплеј“ главно се состои од кинематографски сцени и ликови кои одат и разговараат, при што Арден служи како извор на претерано објаснување на приказната. Други коментари посочуваат дека играта премногу наликува на генеричка акциска RPG игра.

Трејлерот содржи и борбена секвенца во која се прикажани трите стилови на борба – блиска борба, борба од далечина и магија – меѓу кои играчите ќе можат слободно да се префрлаат. Некои корисници ја пофалија борбата прикажана во трејлерот, додека други се пожалија дека движењата изгледаат круто. Сепак, многу фанови едноставно се возбудени поради новата игра Fable и имаат големи очекувања од неа.

Генерално, најголемиот извор на несогласувања меѓу фановите е тоа што новата Fable има значително поинаков визуелен стил од претходните игри во серијалот. Иако по една деценија развој ваквата промена е разбирлива, факт е дека шарениот и впечатлив свет на Албион беше една од причините за успехот на франшизата. Треба да се напомене дека сцените прикажани во трејлерот се случуваат во шума изобличена од мрачни сили, додека претходниот трејлер изгледаше малку посветло. Fable треба да излезе на 23 февруари 2027 година за PlayStation 5, Windows PC и Xbox.

GG анкета

вести и новости од

ПРИЈАТЕЛИТЕ на GG.MK

GG LFM

W00t w00t? GG ис лукинг фор мор!​
Стани дел од тимот на GG.MK!

GG ЛОВЦИ НА ТРОФЕИ

покажете го пленот

Претплати се на нашата мејлинг листа

Нема спам, нема замарање!
Само гејминг!