Rockstar Games ја претставија корицата за GTA 6 и најавија пред-нарачки

GTA 6

Grand Theft Auto 6 денес доби убаво изненадувачко ажурирање. За жал, не е третиот трејлер она што фановите го очекуваа, но има некои возбудливи информации. Покрај најавата за пред-нарачки од Rockstar, конечно е откриена и корицата за GTA 6.

Како што е откриено на Икс, во трејлерот се објави дека пред-нарачките ќе започнат на 25 јуни на дигиталните продавници и „одбрани продавачи“. Корицата може да се види на официјалната веб-страница за Grand Theft Auto 6, но можете да ја видите и целата подолу:

МАРКЕТИНГ

Спорели на:

XBOX го претстави новиот Nano Controller, компактен безжичен контролер кој е наменет за играње во движење, но и за играчи на кои стандардните контролери им се „преголеми“. Уредот ќе се продава по цена од 49,99 долари.

Со должина од нешто повеќе од 12,7 сантиметри (најс) и тежина од околу 99 грама, Nano Controller-от е најмалиот контролер што XBOX досега го има претставено. И покрај неговите мали димензии, уредот ги задржува сите 18 стандардни команди за играње, со распоред на копчињата познат на корисниците на XBOX контролерите.

Контролерот има вградена батерија што се полни, како и посебно Action копче што може да го искористите за што и да можете да замислите. Поддржува Xbox Wireless и Bluetooth поврзување, што овозможува користење со компатибилни уреди.

Поради компактните димензии, Xbox го претставува Nano Controller како практично решение за играње надвор од домот, патувања и посети кај пријатели. Помалите димензии го прават погоден и за помлади играчи и за оние со помали раце.

Продажбата на контролерот треба да започне во ноември 2026 година на повеќе од 35 пазари, меѓу кои се САД, Велика Британија, Германија, Франција, Јапонија и Австралија.

GG анкета

вести и новости од

ПРИЈАТЕЛИТЕ на GG.MK

GG LFM

W00t w00t? GG ис лукинг фор мор!​
Стани дел од тимот на GG.MK!

GG ЛОВЦИ НА ТРОФЕИ

покажете го пленот

Претплати се на нашата мејлинг листа

Нема спам, нема замарање!
Само гејминг!