Еминем ќе биде главната ѕвезда во “BIG BANG” настанот во Fortnite

Еминем ќе се појави во финалето на 4-тата сезона на Fortnite како дел од настанот „Big Bang“ и ќе има огромен и спектакуларен концерт од него како карактер во играта.

Сите овие информации доаѓаат директно од луѓето кои што истражуваат работи и протекуваат информации поврзани со Fortnite, и они пронашле детали за тоа што ќе значи настанот Big Bang на 2 декември 2023 година.

Според протечените детали, Еминем ќе одржи концерт, на сличен начин како и претходните концерни на Травис Скот и Маршмело. Концертот ќе заврши со повторно менување на мапата на Fortnite!

Пронајдени се две различни скинови за Еминем, едната по име Slim Shady, а другата наречена Marshal Mathers No More. Според протекувачот на информациите на на Fortnite @HYPEX, новиот настан ќе биде најголемиот досега со импресивна големина од 1,5 GB+.

Покрај тоа што Еминем го пробива својот пат до Fortnite, новиот настан ќе има и неколку нови колаборации кои доаѓаат во сезоната. Еден претходно објавен настан ќе биде Fortnite x LEGO, кој се очекува да биде објавен на 7-ми декември.

Дополнително, во играта ќе пристигне нов режим на Fortnite Rhythm, кој ќе ги види играчите како Лејди Гага, Linkin Park и Imagine Dragons како играат во играта. Тековната листа на изведувачи се песните:

  • Lady Gaga – Pokerface
  • Linkin Park – Numb
  • Toto – Africa
  • Imagine Dragons – Thunder
  • Alice Cooper – Poison
  • Fortnite Music Packs

Според гласините, новиот режим се очекува да започне на 7 декември.

МАРКЕТИНГ

Спорели на:

About The Author

Џокерот од Флорида, кој навидум инспирираше лик прикажан во трејлерот за на GTA 6, бара 2 милиони долари од Rockstar Games за неговото искористување, и тоа што му го украле целиот карактер кој што он сам си го градел.

Во видеото објавено на социјалните мрежи, „вистинскиот“ Џокер ги повтори своите размислувања од неговото претходно видео. Тој покажа кон ликот од играта рамо до рамо со негова слика, повторувајќи постојано дека е јасно од кого е инспириран тој лик.

“We gotta talk GTA, or not you guys gotta give me a million or two,” he said in the video.

“Holla at me GTA. Rockstar Entertainment.”

Дури и ако има шанси да добие пари од Rockstar, тоа е многу малку веројатно. Rockstar лесно може да тврди дека ликот во играта е пародија. Има и случај кога актерката Lindsay Lohan се обиде да ги тужи Rockstar, тврдејќи дека ликот на девојка во GTA V се базира на неа.

Тој случај на крајот беше отфрлен откако судијата Eugene Fahey изјави: “„Уметноста и реалниот живот не треба да се споредува. Доколку во игра имаме рендер од некој карактер не значи дека тоа е инспирано од реалниот живот”.

Rockstar не ги коментираше барањата на Џокерот од Флорида, и најверојатно нема да ги коментира во никакво официјално својство… Нормално дека не се будали за да го направат тоа…