Rick Grimes и Michonne од The Walking Dead доаѓаат во Modern Warfare 3

Голем број на Датамајнери најдоа референци и за Rick Grimes и Michonne во датотеките Modern Warfare 3.

Протекувањето сугерира дека и Rick Grimes и Michonne ќе дојдат на Modern Warfare 3 во блиска иднина, најверојатно како кросовер настан за промоција на The Walking Dead: The Ones Who Live. Веста доаѓа од познатиот протекувач HeyImAlaix, кој прецизно ги анализирал информациите за Call of Duty во последните неколку години.

The Walking Dead: The Ones Who Live е спиноф шоу на The Walking Dead кое ќе се фокусира на двата лика по нивното заминување од главното шоу. Rick Grimes го напушти главното шоу во 9-та сезона откако пукаше со динамит и разнесе мост што очигледно беше дека таму загина.

Подоцна во главната серија The Walking Dead и по неколку години од очигледната смрт на Рик, Мишон наоѓа дел од имотот на Рик. Мишон набргу потоа решава дека треба да тргне и да го најде Рик каде и да е. The Walking Dead: The Ones Who Live ја продолжува оваа приказна и ќе дебитира на 25 февруари 2024 година.

Се очекува дека и Рик Грајмс и Мишон да дојдат во Modern Warfare 3 како оператори негде во февруари 2024 пред или за време на серијата.

МАРКЕТИНГ

Спорели на:

Љубителите на Grand Theft Auto, гејмерите и креаторите на дигитална содржина ќе имаат можност да бидат дел од еден специјален настан посветен на долгоочекуваната GTA 6. На 19 ноември, во Скопје ќе се одржи GTA 6 Launch Event, кој истовремено ќе се организира на двете локации на Inferno Gaming Club – Inferno 1 во Тафталиџе и Inferno 2 во Кисела Вода.

Настанот ќе започне во 11:00 часот, а посетителите ќе можат да очекуваат целодневна дружба, гејминг, музика и атмосфера инспирирана од легендарниот Vice City. Организаторите најавуваат тематска музика во текот на целиот ден, со звук и енергија што ќе потсетуваат на препознатливиот свет на Grand Theft Auto, претворајќи ги гејминг-клубовите во места за вистинско GTA доживување.

Централниот дел од настанот ќе биде можноста посетителите да ја испробаат GTA 6 и одблизу да се запознаат со играта. Сите заинтересирани ќе можат да добијат свој термин за играње и да го искусат старо-новиот свет на Rockstar Games, но настанот нема да биде наменет исклучиво за оние што сакаат да седнат пред конзолата.

Идејата е да се создаде простор за собирање на домашната гејминг-заедница, размена на искуства, запознавање нови луѓе и поврзување на креаторите на дигитална содржина. Настанот ќе биде можност за дружба меѓу гејмери, стримери, јутјубери, инфлуенсери и сите оние што ја следат гејминг-културата, со можност за нови соработки и запознавања.

Посетителите ќе можат да разговараат за играта, да ги споделат своите први впечатоци, да разменат мислења за новините во GTA 6 и едноставно да поминат ден во друштво на луѓе со слични интереси. Со музика, тематска атмосфера и активности во текот на денот, организаторите сакаат настанот да прерасне во вистинско собирање на гејминг-заедницата, а не само во можност за тестирање на нова игра.

БЕСПЛАТНО ИГРАЊЕ, НО СО ЗАДОЛЖИТЕЛНО АПЛИЦИРАЊЕ ЗА ИГРАЊЕ

Една од најважните информации за сите заинтересирани е дека учеството и можноста за играње на GTA 6 се целосно бесплатни. Посетителите нема да треба да плаќаат за да ја испробаат играта, а можноста ќе биде достапна во текот на целиот настан.

Сепак, поради организацијата и распоредот на термините за играње, сите што сакаат да ја испробаат GTA 6 ќе треба однапред да аплицираат преку официјалниот формулар.

По апликацијата ќе се врши јавно влечење за сите луѓе што ќе се пријават за термин за играње, со што ќе се овозможи подобра организација и ќе се избегне непотребно чекање.

КОГА, КАДЕ И ЗОШТО?

GTA 6 Launch Event ќе се одржува на 19 ноември, со почеток во 11:00 часот, истовремено во Inferno 1 во Тафталиџе и Inferno 2 во Кисела Вода.

За сите љубители на Grand Theft Auto, ова ќе биде можност да го дочекаат новото поглавје на франшизата во друштво на домашната гејминг-заедница, со целодневна Vice City атмосфера, музика, дружење и, секако, можност први да ги споделат своите впечатоци од GTA 6.

GG анкета

вести и новости од

ПРИЈАТЕЛИТЕ на GG.MK

GG LFM

W00t w00t? GG ис лукинг фор мор!​
Стани дел од тимот на GG.MK!

GG ЛОВЦИ НА ТРОФЕИ

покажете го пленот

Претплати се на нашата мејлинг листа

Нема спам, нема замарање!
Само гејминг!