Capcom работат на 5 Resident Evil игри

Според новиот извештај, што го добивме денес од инсајдери, Capcom симултано работат на пет игри од серијалот Resident Evil, од кои едната е Resident Evil 9!Таа игра е директен потком и продолжение на фамозната Resident Evil Village. Со оглед на успехот на новите главни изданија, како Resident Evil 7 и Resident Evil Village, како и успехот на неодамнешните преработки, како што се Resident Evil 2 и Resident Evil 4, не е изненадувачки што има повеќе од една игра на Resident Evil во изработка од Capcom. Но 5 симултано… е тоа е сериозно.

Во извештајот нормално се спомнува Resident Evil 9, но нема друг специфичен наслов. Ова ни кажува дека ќе имаме уште четири RE игри што немаме поим што би биле тие. Една е секако римејк, тоа барем го знаеме. Веројатните кандидати вклучуваат Resident Evil: Code Veronica и Resident Evil 5. Resident Evil 0 е исто така опција. Ова остава најмалку две, ако не и три ненајавени игри. За таа цел, нема да бидеме изненадени доколку се работи за некој вид на лајф-сервис игра, можеби дури и игра која повеќе се приклонува кон жанрот за преживување, бидејќи е доста популарна во моментов. Сепак, сето ова е шпекулација одвоена од извештајот, кој доаѓа од Dusk Golem.

Кога станува збор за Resident Evil, овој извор се смета за еден од најдобрите за RE, бидејќи сепак Dusk Golem беше во право за многу работи кога станува збор за франшизата. Што се однесува до Capcom, тие не го коментираа овој извештај во никакво својство, ниту шпекулациите што ги создаде. Не очекуваме дека ова ќе се промени поради неколку причини.

МАРКЕТИНГ

Филмската адаптација на „Elden Ring“ во продукција на A24, според извештаите, ќе има буџет од речиси 200 милиони долари, со што ќе стане најскапиот филм досега на продукциската куќа. Премиерата е планирана за 2028 година.

Претходниот најскап филм на A24 беше „Marty Supreme“, чиј буџет изнесувал околу 70 милиони долари. Пред него, рекордот го држеше „Civil War“ со буџет од приближно 50 милиони долари.

Франшизата „Elden Ring“ добива филмска адаптација релативно брзо по своето појавување. Играта излезе во февруари 2022 година, а светот во кој се одвива дејството е создаден со придонес од Џорџ Р. Р. Мартин. Досега се продадени повеќе од 36 милиони копии од играта на Steam, PlayStation и Xbox.

Филмот „Elden Ring“ треба да излезе во 2028 година

Според извештај на The Wall Street Journal, продукцијата на филмот ќе чини околу 200 милиони долари. Извештајот истакнува дека A24 станува сè поважен играч во филмската индустрија, а други студија се обидуваат да го следат нејзиниот пристап.

„Во меѓувреме, големите студија сè повеќе се обидуваат да го копираат моделот на A24. Онлајн-хорор феномени што изгледаат како потенцијални следни „Backrooms“ предизвикаа наддавања вредни милиони долари. Universal поддржува филм со голем буџет од режисерите на „Everything Everywhere“. „Тие се компанија што го наоѓа вистинскиот баланс. Токму вистинскиот број луѓе што прават токму онолку колку што треба“, изјави Џули Хантсингер, директорка на филмскиот фестивал во Телурајд.“

Според The Hollywood Reporter, Алекс Гарланд ќе го напише сценариото и ќе го режира филмот. Тој е познат и како сценарист и режисер на „Civil War“. Во актерската екипа се Кит Конор, Том Бурк, Роуз Лиу и Ник Оферман, меѓу другите. Се очекува главното снимање да трае околу 100 дена.

Филмските адаптации на видеоигри се сè почест тренд, а Ник Оферман се приклучи и на претстојниот четврти филм од серијалот „Sonic the Hedgehog“.

GG анкета

вести и новости од

ПРИЈАТЕЛИТЕ на GG.MK

GG LFM

W00t w00t? GG ис лукинг фор мор!​
Стани дел од тимот на GG.MK!

GG ЛОВЦИ НА ТРОФЕИ

покажете го пленот

Претплати се на нашата мејлинг листа

Нема спам, нема замарање!
Само гејминг!