Capcom работат на 5 Resident Evil игри

Според новиот извештај, што го добивме денес од инсајдери, Capcom симултано работат на пет игри од серијалот Resident Evil, од кои едната е Resident Evil 9!Таа игра е директен потком и продолжение на фамозната Resident Evil Village. Со оглед на успехот на новите главни изданија, како Resident Evil 7 и Resident Evil Village, како и успехот на неодамнешните преработки, како што се Resident Evil 2 и Resident Evil 4, не е изненадувачки што има повеќе од една игра на Resident Evil во изработка од Capcom. Но 5 симултано… е тоа е сериозно.

Во извештајот нормално се спомнува Resident Evil 9, но нема друг специфичен наслов. Ова ни кажува дека ќе имаме уште четири RE игри што немаме поим што би биле тие. Една е секако римејк, тоа барем го знаеме. Веројатните кандидати вклучуваат Resident Evil: Code Veronica и Resident Evil 5. Resident Evil 0 е исто така опција. Ова остава најмалку две, ако не и три ненајавени игри. За таа цел, нема да бидеме изненадени доколку се работи за некој вид на лајф-сервис игра, можеби дури и игра која повеќе се приклонува кон жанрот за преживување, бидејќи е доста популарна во моментов. Сепак, сето ова е шпекулација одвоена од извештајот, кој доаѓа од Dusk Golem.

Кога станува збор за Resident Evil, овој извор се смета за еден од најдобрите за RE, бидејќи сепак Dusk Golem беше во право за многу работи кога станува збор за франшизата. Што се однесува до Capcom, тие не го коментираа овој извештај во никакво својство, ниту шпекулациите што ги создаде. Не очекуваме дека ова ќе се промени поради неколку причини.

МАРКЕТИНГ

Информациите за следната игра на Naughty Dog, Intergalactic: The Heretic Prophet, беа прилично оскудни откако беше најавена во 2024 година. Шефот на студиото и ко-директор на играта, Нил Дракман, штотуку сподели големо ажурирање, а се чини дека играта е блиску до завршување.

За време на преносот во живо на Revenge Of, чиј домаќин беше Патон Освалт на настанот Comic Creators Block Party 2026, Дракман откри дека Intergalactic е во „последната фаза од продукцијата“. Играта може целосно да се игра, а тимот на Naughty Dog е фокусиран на нејзино усовршување и финално дотерување. Сепак, развојот не бил лесен, а Naughty Dog наводно ги принудувал програмерите да работат прекувремено за да ги исполни роковите.

Intergalactic е првата оригинална интелектуална сопственост на студиото по The Last of Us од 2013 година. Играта ќе биде научнофантастична авантура за лов на награди, која се фокусира на борба со оружје за блиска борба, слична на онаа во игрите од серијалот Souls, наместо на вообичаената борба со огнено оружје на студиото. Intergalactic е сместена 2.000 години во иднината, во алтернативна временска линија што се одвоила од нашата реалност во 1980-тите. Дракман навести дека играчите ќе се урнат на пустинска планета која служи како центар на нова религија.

###

За време на овогодинешниот Last of Us Day (26 септември), Дракман навести дека Naughty Dog има најмалку два нови проекти во рана фаза на развој кои ќе го „прошират канонот на The Last of Us надвор од Part 1 и Part 2“. Тоа би можело да значи дека студиото е подготвено да продолжи понатаму од приказната на Ели, иако сè уште има простор за евентуален трет дел.

Naughty Dog исто така ќе се врати на Uncharted во блиска иднина, според повеќе извештаи. Во играта ќе се појави протагонистот на серијалот, Нејтан Дрејк, но не е потврдено дали тој ќе се врати како главен лик или ќе биде ментор на неговиот наследник. Шон Ескајг ќе ја режира новата игра Uncharted, откако претходно ја водеше работата на Uncharted: The Lost Legacy, самостојното проширување во кое главните улоги ги имаа Клои Фрејзер и Надин Рос.

GG анкета

вести и новости од

ПРИЈАТЕЛИТЕ на GG.MK

GG LFM

W00t w00t? GG ис лукинг фор мор!​
Стани дел од тимот на GG.MK!

GG ЛОВЦИ НА ТРОФЕИ

покажете го пленот

Претплати се на нашата мејлинг листа

Нема спам, нема замарање!
Само гејминг!