Splatoon 3 доаѓа во септември – Нов трејлер

Nintendo го објавија новиот трејлер за играта што е дел на една од нивните нови но доста прознати франшици – Splatoon 3. Во трејлерот може да видиме дека играта ќе пристигне оваа година во септември!

Поконкретно, Nintendo откри дека Splatoon 3 ќе се појави на Switch на 9ти септември. Трејлерот е речиси четири минутен кој прикажува дел од каква е играта, и изгледа предобро. Ако сте запознаени со Splatoon, точно знаете што добивате и што ќе гледате во трејлерот, но оваа нова игра не ја прикажува само визуелната надградба што ја доби Splatoon 3 (во споредба со Splatoon 2), туку и некои од новите оружја и механики.

Turf War е еден од најпопуларните модови што ја изгради франшизата Splatoon. Забавно е бидејќи е многу едноставно. Два тима се натпреваруваат кој што го исфарба теренот најмногу дур не истече времето. На крај кој има најмногу истурено боја и го има исфарбано целиот терен, односно целата стаза тој е победникот. Толку едноставно што секој може само да стисне Play и да може да игра.

„Онлајн битките на 4v4 Turf War на Splatoon 3 можат да создадат жестоки натпревари низ мешавина од нови и повратни стази, каде што тимовите се соочуваат за да покријат најмногу поврзина со своето мастило. Новиот трејлер дава увид во една од овие нови фази, Eeltail Alley, заедно со поглед на The Stringer – нов тип на оружје во облик на лак што ви овозможува да го фрлате мастилото странично и вертикално.”

Дел од Press Release

Nintendo исто така откри дека почнувајќи од денес, претплатниците на Nintendo Switch Online + Expansion Pack можат да го играат Splatoon 2 DLC, Octo Expansion, на Switch без дополнителни трошоци.

„Во DLC-то за Splatoon 2: Octo Expansion, играте како Agent 8, Octoling кој се буди без меморија на темна платформа на метрото. Шетате низ подземен објект кој што е во оваа авантура која опфаќа 80 мисии преполни со предизвици што нема да ги најдете во главната игра. Целта е да избегате од ова мрачно место да може да се вратите и да се борите со сите останати во турнирите:”

Дел од Press Release

Splatoon 3 нема да има само Multiplayer опција, туку ќе има и целосно нова и добра кампања. И дополнително ќе добие Co-op Mode кој ќе се вика Salmon Run. Splatoon 3 доаѓа на 9ти септември (2022) со цена од $59.99.

МАРКЕТИНГ

Спорели на:

About The Author

Sony ги објави бесплатните игри кои доаѓаат на PS Plus за членовите на Essential во мај 2024 година.

Почнувајќи од 7 мај, членовите на PS Plus Essential ќе добијат бесплатен пристап до EA Sports FC 24 (PS4, PS5), Ghostrunner 2 (PS5), Tunic (PS4, PS5) и Destiny 2: Lightfall (PS4, PS5). Како и сите месечни игри на PS Plus, играчите можат да ги додадат во својата библиотека за да ги побараат во секое време во текот на месецот кога се достапни. Откако ќе се додадат, тие можат да се инсталираат и репродуцираат во секое време се додека имате активно членство.

Destiny 2: Lightfall, Ghostrunner 2 и Tunic ќе бидат достапни за симнување од 7 мај до 3 јуни. EA Sports FC 24, сепак, ќе биде достапна до 17 јуни.

Покрај четирите игри, претплатниците на PS Plus можат да го побараат стартниот пакет на PS Plus Football Ultimate Team. Пакетот вклучува 11 играчи кои не можат да се тргуваат, сите оценети со 82 или погоре, како и избор на играч за заем од ICON за седум натпревари.