Фанови на Super Mario Bros направиле Remake на играта со Chris Pratt

Еден доживотен обожавател на Nintendo одлучил да направи реалистичен римејк на Super Mario Bros и објави трејлер во стил на филм на YouTube за да го си ги документира ажурирањата и тоа он што го работи. YouTube-рот, кој ги постави видеата на каналот Re-Imagined Games, почна да работи на римејкот пред повеќе од два месеци. За да ја создаде играта, морал да го научи Unreal Engine 5 со нула искуство во развојот на видео игри! Е тоа се вика легенда и фанатик на Гејминг, посебно на Nintendo!

Re-Imagined Games постави филмски трејлер за римејкот и некои снимки од игра на почетокот на оваа недела, кои ќе ги најдете подоле:

Super Mario Remake trailer.

Super Mario Remake – first look at gameplay.

Лицето зад Re-Imagined Games е професионален дигитален уметник и дефинитивно направил брилијантна работа за да го направат Chris Pratt како Mario да изгледа реално. Но, самиот трејлер е исто така одлично направен, комплетиран со сценарио во стилот на Honest Trailers и глас кој звучи сомнително како Jon Baily од Honest Trailers.

Речиси сè во оваа игра е направено од нула, вклучувајќи го и 3D моделот на Chris Pratt, сопствени средства со тврд изглед на „реализмот“, како и прилагоден модел на карактери и анимации за движењата на Pratt. Повеќе детали за нивниот процес на учење може да најдете во ова видео од јули.

Remaking Super Mario Bros, starring Chris Pratt!

Нивното следно ажурирање ќе го вклучи Jack Black како Bowser, а потоа се планира и Charlie Day како Luigi што може да се игра. Се надеваме дека ќе продолжат да се забавуваат додека учат и додаваат повеќе во играта, бидејќи тој факт навистина доаѓа до израз кога ги гледате нивните видеа и ја гледате прогресијата на играта.

МАРКЕТИНГ

Спорели на:

Љубителите на Grand Theft Auto, гејмерите и креаторите на дигитална содржина ќе имаат можност да бидат дел од еден специјален настан посветен на долгоочекуваната GTA 6. На 19 ноември, во Скопје ќе се одржи GTA 6 Launch Event, кој истовремено ќе се организира на двете локации на Inferno Gaming Club – Inferno 1 во Тафталиџе и Inferno 2 во Кисела Вода.

Настанот ќе започне во 11:00 часот, а посетителите ќе можат да очекуваат целодневна дружба, гејминг, музика и атмосфера инспирирана од легендарниот Vice City. Организаторите најавуваат тематска музика во текот на целиот ден, со звук и енергија што ќе потсетуваат на препознатливиот свет на Grand Theft Auto, претворајќи ги гејминг-клубовите во места за вистинско GTA доживување.

Централниот дел од настанот ќе биде можноста посетителите да ја испробаат GTA 6 и одблизу да се запознаат со играта. Сите заинтересирани ќе можат да добијат свој термин за играње и да го искусат старо-новиот свет на Rockstar Games, но настанот нема да биде наменет исклучиво за оние што сакаат да седнат пред конзолата.

Идејата е да се создаде простор за собирање на домашната гејминг-заедница, размена на искуства, запознавање нови луѓе и поврзување на креаторите на дигитална содржина. Настанот ќе биде можност за дружба меѓу гејмери, стримери, јутјубери, инфлуенсери и сите оние што ја следат гејминг-културата, со можност за нови соработки и запознавања.

Посетителите ќе можат да разговараат за играта, да ги споделат своите први впечатоци, да разменат мислења за новините во GTA 6 и едноставно да поминат ден во друштво на луѓе со слични интереси. Со музика, тематска атмосфера и активности во текот на денот, организаторите сакаат настанот да прерасне во вистинско собирање на гејминг-заедницата, а не само во можност за тестирање на нова игра.

БЕСПЛАТНО ИГРАЊЕ, НО СО ЗАДОЛЖИТЕЛНО АПЛИЦИРАЊЕ ЗА ИГРАЊЕ

Една од најважните информации за сите заинтересирани е дека учеството и можноста за играње на GTA 6 се целосно бесплатни. Посетителите нема да треба да плаќаат за да ја испробаат играта, а можноста ќе биде достапна во текот на целиот настан.

Сепак, поради организацијата и распоредот на термините за играње, сите што сакаат да ја испробаат GTA 6 ќе треба однапред да аплицираат преку официјалниот формулар.

По апликацијата ќе се врши јавно влечење за сите луѓе што ќе се пријават за термин за играње, со што ќе се овозможи подобра организација и ќе се избегне непотребно чекање.

КОГА, КАДЕ И ЗОШТО?

GTA 6 Launch Event ќе се одржува на 19 ноември, со почеток во 11:00 часот, истовремено во Inferno 1 во Тафталиџе и Inferno 2 во Кисела Вода.

За сите љубители на Grand Theft Auto, ова ќе биде можност да го дочекаат новото поглавје на франшизата во друштво на домашната гејминг-заедница, со целодневна Vice City атмосфера, музика, дружење и, секако, можност први да ги споделат своите впечатоци од GTA 6.

GG анкета

вести и новости од

ПРИЈАТЕЛИТЕ на GG.MK

GG LFM

W00t w00t? GG ис лукинг фор мор!​
Стани дел од тимот на GG.MK!

GG ЛОВЦИ НА ТРОФЕИ

покажете го пленот

Претплати се на нашата мејлинг листа

Нема спам, нема замарање!
Само гејминг!