MrBeast постави нов рекорд на YouTube – 200 Милиони Претплатници

Jimmy ‘MrBeast’ Donaldson штотуку откри дека неговиот главен канал на YouTube достигнал епска пресвртница, надминувајќи 200 милиони претплатници и докажа дека е најбрзо растечкиот канал во историјата на платформата. Оваа вест беше откриена од самиот MrBeast на неговите социјални мрежи. А нешто што можеби е фантастично и лудо е тоа што утрово достигна бројка од 200 милиони, а во моментов на пишување има нови 600.000 претплатници! Или на подобар начин кажано, таа бројка не можат да ја направат луѓе што работат на платформата со години… Како успева во тоа?!

MrBeast може комотно да се каже дека е најдобриот Контект Креаторт на оваа декада. Неговите следбеници се неверојатни по големина и, во моментот на пишувањето, тој го води вториот најпопуларен канал на YouTube – и тоа е само од неговиот главен канал. Пред него стои YouTube каналот од Индија “T-Series” кој што е работен од цела корпорација, не се работи за група луѓе што обожаваат да работат и да прават видеа!

Неговите видеа, кои често се бизарни и иновативни предизвици или големи филантропски потфати, се зголемуваат во прегледите секогаш кога ќе бидат објавени, а некои од нив достигнуваат 100 милиони прегледи во просторот на еден ден… Замислете колку е мрднато 100 Милиони луѓе од светот да видат нешто вие што сте направиле во рок од 24 часа… Од компании за храна до бургери барови и од добротворни организации до мрежа за содржини, MrBeast од тинејџер со соништа за правење забавни видеа на YouTube стана сеприсутен магнат во првите редови на дигиталната револуција која постојано се развива.

Додека го пишувам ова, MrBeast штотуку се приближува до 35 милијарди вкупни прегледи на YouTube… На оваа листа за најгледани канали е меѓу топ 30 канали, но е единствениот канал кој што не е од Телевизија или некаков друг вид на веќе постоечки медиум. Но сепак MrBeast активно работи нешто повеќе од 7-8 години, а тие канали ова го прават со децении пред да дојдат воопшто на YouTube.

Со „оставени децении во резервоарот“, ќе биде интересно да се види каде ќе оди MrBeast понатаму. Претходно оваа година, тој спомна дека е ментално поразен со постојано правење содржини, така што ќе треба да се увери дека ќе може да се справи со мелењето цело време.

МАРКЕТИНГ

About The Author

RIP БлизКон

Еден од најпознатите настани кој што порано се чекаше со нетпрение, BlizzCon 2024 е откажан, објави компанијата во четвртокот.

„По внимателно разгледување во текот на минатата година, ние во Blizzard донесовме одлука да не го одржиме BlizzCon во 2024 година. Оваа одлука не беше донесена лесно бидејќи BlizzCon останува многу посебен настан за сите нас и знаеме дека многумина од вас со нетрпение го очекуваат.

Иако на оваа година пристапуваме поинаку и истражувавме различни формати на настани во минатото, бидете сигурни дека сме исто толку возбудени како и секогаш да го вратиме BlizzCon во идните години.

За да ги прославиме овие претстојни изданија и да ги зближиме нашите заедници на нови и посебни начини, наскоро ќе споделиме некои возбудливи планови за други трговски саеми и конвенции во индустријата, како што е Gamescom. Не можеме да дочекаме наскоро да ви кажеме повеќе за тие планови“.

Официјалната изјава од Blizzard

БлизКон вообичаено беше настан каде што Blizzard дава различни најави околу своите игри. Во 2023 година, Blizzard го искористи настанот за да ја открие првата експанзија на Diablo 4 наречена Vessel of Hatred, како и три експанзии за World of Warcraft и многу повеќе.

Што се однесува до плановите на Blizzard за оваа година, компанијата вели дека ќе ги сподели деталите за нејзините претстојни лансирања во текот на „следните неколку месеци“.

Компанијата ја затвори својата изјава велејќи дека се надева дека различните настани на кои присуствува ќе ја „доловат суштината“ на Blizzard.

SAD BLIZZARD FAN