После долго време на правење, спремање, кодирање, цртање и се што е потребно да се направи една добра и квалитетна игра, едно од најпознатите и популарните Гејминг Студија од Македонија Dark-1 конечно добија издавач кој што ќе им ја издаде нивната игра “СКОПЈЕ” на платформата Steam!
Издавачите на “СКОПЈЕ” ќе бидат PM Studios, Inc., познати по правење и издавање на голем број Indie игри како што е и Скопје.
Девелоперите од Dark-1 ја најави својата претстојна инди Сурвајвл игра уште многу одамна, и долго време играта беше во изработка бидејќи сепак студиото се состои од само тројца млади ентузијасти. Скопје е FPS стрип-стил игра со Rogue-lite елементи сместена во отворен свет. Самата игра е сместена во алтернативната историја на Балканот со посипување на ретро-футуристички елементи. Играчите ќе истражуваат паднат град и ќе се обидуваат да преживеат против хордите на мутирани суштества кои демнат на улиците. Не само што играчите ќе треба да се борат против овие чудовишта, туку ќе треба и да преживеат. Играчите ќе мора да ограбуваат, чистат и да научат како да преживеат.
За среќа, играчите имаат доверлив сојузник кој ќе им помогне во текот на нивното патување. Автобусот со име DOM служи како мобилна база што ќе ги заштити играчите од урнатиот свет. Внатре во DOM, играчите можат да ги надградат своите ликови со работи кои што ќе ги наоѓате низ Скопје. DOM служи и како порта кон светот каде што ќе се расплетува приказната. Во автобусот ќе дојде до комуникација со она што се случило со градот и предлози како да се спаси.