Интервју со Виктор Главиновски – “Првиот Mobile Suit Gundam Mecha Hub во Македонија – Japan.net.mk”

Внимание Gundam Гик Фанатици од Македонија! Подгответе се за возбудлив настан кој ќе ве пренесе директно во светот на Mobile Suit Gundam. Mobile Suit Gundam Mecha Hub доаѓа во Скопје, нудејќи имерзивно искуство кое ќе ве претстави на овој култен аниме серијал како никогаш до сега! Без разлика дали сте долго време фанови или воопшто немате познавање околу овој легендарен сирајл, нема да сакате да ја пропуштите можноста да го истражите светот на Gundam и да се запознаете со други ентузијасти!

Mobile Suit Gundam Mecha Hub настанот ќе се одржи на 27ми април во “Кафе и Филм Котур“. Оваа манифестација со Gundam тематика ќе ви овозможи да го истражите светот на Mobile Suit Gundam кроз различни активности, вклучувајќи дискусии со други фанови, преглед на најновите колекции на гундам фигурки, прикажување на Аниме од Gundam и многу повеќе. Ќе имате можност да ги видите исклучително деталните Gundam тајни и да дознаете повеќе за нивните карактеристики и функции.

Mobile Suite Gundam Mecha Hub Настанот е во организација од стран на најголемите Амбасадори во нашата земја за ширење на Јапонската Култура и Уметност – “Japan.net.mk” кои што се задолжени за се она што треба да го дознаваме и учиме за Јапонија. Нормално без нив немаше да го имаме најголемиот настан за ширење на Јапонската Култура “Нихон-Џи” кој што во 2022 година го имаше своети деби, а оваа година повторно се случува со тематиката “Неонски Бранови” каде што треба да е уште поголем настан од минатата година! Прочитајте повеќе за VOL.2 од Нихон-Џи фестивалот -> ТУКА.

GG.MK направи интервју со главниот учесник и презентер на овој прекрасен настан – Виктор Главиновски каде што тој ќе ни ги опише сите детали кои што треба да ги очекуваме од целиот настан!

Што е Gundam? Од каде потекнува поимот и колку е распространет целиот тој поим низ светот?

Gundam e Sci-Fi/Military/Mecha аниме манга сензација, започната во 79-та година, како одговор на Yoshiyuki Tomino на тогашната состојба на Mecha/Robo жанрот. До ден денес брои еден куп засебни серијали, и поимот е до толку втемелен во јапонската поп култура, што има неколку Life-Size статуи и споминици низ Јапонија, дури и неколку помали во други азиски земји како Филипини, Кореа, Тајланд итн. Поимот е практично кованица на зборови на авторот, првичната идеја била Gun-Dom, Dom се последните 3 букви од зборот Freedom, но е променето во Gundam заради тоа што на Yoshiyuki, начинот на кој што Gundam-ите се справуваат со своите непријатели го потсетувало на брана(Dam) која задржува вода. Gundam мене ми звучи прекул, ама вака кога ќе се навлезе во коренот на терминот, малку е смешно искрено…

Колку е распространет? До толку што на последните олимписки игри имаше life-size Gundam во Јокохама како една од маскотите. Светот највеќе се запознава преку анимето и секако, преку model kit-овите, кои што скратено се нарекуваат Gunpla (не се играчки, исто така не се Трансформери, не ме нервирајте!).

Од каде е инспирацијата за организирање на ваков настан со Gundam тематика и зошто баш сега во овој период/време?

Инспирацијата доаѓа чисто од ентузијазам спрема франшизата, самиот жанр и хобито. Ваков настан беше дискутиран уште пред некое време, но ете, приликата да се оддржи дојде сега. По некое мое ентузијастично видување, самата експанзија на аниме/манга културата кај нас ја прави по поволна организацијата на Gundam настан сега. Исто така, сметам дека би било супер да се расчистат некои чести мисконцепции околу тоа што е Gundam, и зошто фактот што има големи роботи што се млатат сеуште делумно ги одвраќа аниме и манга фановите кај нас од франшизата. Ама тој дел ќе го оставиме за настанот.

Што треба да очекуваат присутните на настанот и како да се спремат?

Да очекуваат да им го отупам за тоа колку е кул што постои аниме каде што има огромни хуманоидни машини за војна! За спремање, патики, панталони, блузон со waifu/husbando (ова е MUST хехе), тасма бричени сите, како за земање свидетелства!

Дали ќе има некои интересни и специфични активности на настанот од кои што посетителите ќе бараат да се организира Vol.2 од овој настан можеби?

Апсолутно! Oвој настан има неколку цели: -Спојување на Gundam/Gunpla community кај нас (Има ентузијасти, ама повеќето не се знаат меѓу себе, и овој настан би послужил како линк кој би ги поврзал едни со други). Дополнително ќе има Раширување на Gunpla хобито кај нас. Нормално Добар помин Доследно, планирано е овој настан да прерасне во еден вид на катче за дружење и работилница за Gunpla понатака, но сепак, ќе одиме чекор по чекор.

Дали ќе има некои специјални гости на настанот и кои би биле тие?

Специјални гости би биле сите што планираат да присуствуваат на евентот, оние кои се веќе имаат интерес за Gundam/Gunpla, оние кои имаат интерес да видат нешто повеќе околу франшизата, оние кои сакаат да се дружат со fellow weebs итн.

МАРКЕТИНГ

About The Author

EA Sports официјално ја претстави F1 24 на своите фанови со првиот трејлер и листа на нови функции и други новитети. Со лансирање на 31 мај, играта вклучува ремонт на режим на кариера, нов динамичен систем за ракување, ажурирања на кола, Мој тим, Ф1 Свет и повеќе.

Почнувајќи од играта, EA Sports Dynamic Handling „го редефинира чувството на автомобилот за да произведе реални и предвидливи перформанси на тркалото и подлогата“. Програмерите во Codemasters работеа со светскиот шампион во Ф1, Макс Верстапен на новата функција која „додава нова кинематика на суспензијата, надграден модел на гуми, напредна аеродинамична симулација и нови опции за поставување на моторот и автомобилот“, според EA.

За режимот на кариера, F1 24 ќе види голем број нови подобрувања и надградби, вклучувајќи ја и можноста за прв пат да се игра како еден од 20-те возачи од сезоната Ф1 во 2024 година. Други карактеристики на режимот на кариера, благодарение на EA Sports, во F1 24 вклучуваат:

  • Добијте признание: Изградете репутација во Paddock преку целите на патеката. Дневните квестови на трката ги одржуваат играчите фокусирани на карираното знаме. Завршувањето на целите на договорот може да помогне да се обезбеди нов договор или да се отвори патот за тајни состаноци за да се преговара за преселба кон лутиот ривал.
  • Надградби за истражување и развој: репутацијата на возачот, исто така, влијае на поддршката што играчите ја добиваат од нивниот тим. Колку е поголем претставникот, толку е помотивиран тимот. Играчите можат да се вклучат во една иновација или да ги шират ресурсите за порамномерен развој.
  • Заработете признанија: Покрај краткорочните достигнувања, секој возач има долгорочни цели засновани на очекувањата од сезоната. Овие би можеле да се движат од бројот на топ 10 финиширања, Пол позиции до освојување на Светското првенство.
  • Трка со пријател: здружете ги силите или тркајте се како ривали во кариерата за двајца играчи. Со индивидуални цели на возачот, играчите мора да останат фокусирани за да станат возач број еден во тимот.
  • Кариера на предизвик: Совршен вовед пред да се посветите на сезона со 24 трки. Скокни во чевлите на претходно избраниот Ф1® возач и натпреварувај се во серија мини сезони. Гласањето во заедницата ќе влијае на условите и круговите за идните настани.

“The new handling model, powered by EA SPORTS Dynamic Handling will enable players to get maximum performance from their car, with authentic physics giving them the confidence in racing wheel to wheel with their rivals.

Our biggest Career innovation since 2016 delivers more of what our players want with greater variety away from the track. Alongside new handling and Career innovations, updated circuits, new audio, and a refreshed broadcast presentation give players the feeling of being closer to the grid.”

Изјава од Ли Матер, Сениор Креативен Директор на Codemasters за медиумите

Кога ќе излезе, F1 24 ќе биде достапна на PlayStation 5, Xbox Series X|S, PlayStation 4, Xbox One и ПЦ.