Во изработка е Dragon’s Dogma 2

Беше долго чекање, но Capcom конечно објави дека работи на продолжение на култниот Fantasy RPG Dragon’s Dogma. Шпекулациите се шират во врска со продолжението на добро ценетата игра од 2012 година, само уште повеќе се влошија со одлуката на Capcom да биде домаќин на десетгодишнината. Токму во овој ретроспективен пренос во живо конечно беше објавена долгоочекуваната игра на Capcom, при што директорот на серијата Hideaki Itsuno откри дека Dragon’s Dogma 2 моментално е во развој со тоа што ќе ја соблече јакничката што ја носеше и покажа маичка со Dragons Dogma 2! Е тоа е Јапонско претставување и најавување на игра!

За жал, освен фактот дека ќе го користи RE Engine, сè уште има малку дополнителни информации за споделување за проектот – секако нема навестување за платформи или датум на објавување – но се надеваме дека Capcom ќе има повеќе да открие наскоро.

Додека ја чекате оваа игра што треба да ја добиеме во наредните години, изиграјте го првиот дел, направете си една прекрасна Фантастична носталгија!

МАРКЕТИНГ

Тагови:

Спорели на:

Одговорот на ова прашање ќе го дознаеме на 15 ноември, кога 16-те најдобри гејмери од Македонија ќе се соочат на националното Red Bull Wings Cup финале, со една цел: да ја освојат националната титула и да нè претставуваат на светското финале во Мајами.

Патот до националното финале започна во октомври, 2026, со отворањето на пријавите за Универзитетската и Отворената лига, а за само неколку недели, натпреварувањето собра 739 регистрирани играчи од цела Македонија, кои одиграа повеќе од 690+ EA SPORTS FC™ 27 натпревари. Квалификациската трка освен онлајн, се одвиваше и во четири градови, опфати четири универзитети и осум факултети, а сега најуспешните 16 играчи од двете лиги се подготвени за последниот предизвик пред светското финале во САД.

Но, националното финале носи и поинакво гејминг искуство, бидејќи на 15 ноември, со почеток од 18 часот, Cineplexx во Skopje City Mall ќе се претвори во гејминг арена, каде што финалистите ќе ги одиграат решавачките натпревари пред публика, на големото платно. Најдобриот играч ќе добие можност да ја претставува Македонија на светското Red Bull Wings Cup финале во Мајами, каде што ќе се сретне со најдобрите гејмери од 80 земји ширум светот и ќе ги покаже своите фудбалски вештини и надвор од виртуелниот терен, преку реални фудбалски предизвици.

View this post on Instagram

A post shared by Red Bull Македонија 🇲🇰 (@redbullmakedonija)

Националното финале ќе биде можност публиката одблизу да ја проследи цела EA SPORTS FC™ 27 акција, да ги поддржи Red Bull Wings Cup финалистите и да дознае кој од нив ќе нè претставува на светскота сцена следната година.

Сите љубители на фудбалот и гејминг фанатици се добредојдени на 15 ноември во 18 часот во Cineplexx, Skopje City Mall да ја проследат акцијата и да бидат дел од атмосферата.

GG анкета

вести и новости од

ПРИЈАТЕЛИТЕ на GG.MK

GG LFM

W00t w00t? GG ис лукинг фор мор!​
Стани дел од тимот на GG.MK!

GG ЛОВЦИ НА ТРОФЕИ

покажете го пленот

Претплати се на нашата мејлинг листа

Нема спам, нема замарање!
Само гејминг!