Minecraft Legends нема да добива нов Контент

Minecraft Legends многу брзо завршува со развојот на нова содржина, според новиот текст објавен денес на страницата Minecraft. Тимот конкретно вели дека „сега ќе направат чекор назад од развојот“. Премногу брза смрт за игра која што не пројде многу.

Тимот не дадоа конкретна причина, само изјавија дека сега завршиле „низа промени и измени“ кои ја подобриле играта.

Веста доаѓа само неколку месеци откако Microsoft исто така одлучи да ја прекине изработката на контент за Minecraft Dungeons. Пораката за Minecraft Dungeons звучеше слично, дури понекогаш и идентично со денешната порака за разделба од Minecraft Legends.

Починаа и Легендите и Занданите

Сајтот за Minecraft Legends исто така споменува дека тие ќе „продолжат… да носат нови искуства во универзумот на Minecraft“. Ова ќе звучи само малку досадно за оние кои уживаат во играта. Сепак, заоѓањето на новата содржина за Minecraft Legends можеби не е изненадување.

Играта се бореше со разни критики. Некои поплаки наведуваат недостаток на содржина, технички проблеми и друго. „Minecraft Legends“ можеби премногу ја рационализираше својата мешавина на жанрови, оставајќи помалку простор за длабочина на играта.

Но, имаше чести ажурирања како одговор на повратните информации од фановите, вклучително и големо бесплатно ажурирање во ноември 2023 година. Според денешниот блог, играчите сепак ќе имаат пристап до предизвиците на Lost Legends, како и PvP и ко-оп игра. Тимот исто така „ќе продолжи да нуди техничка поддршка на играчите“.

Значи, иако играта нема да објавува ништо ново, фановите сепак можат да ја играат нормално. Играчите исто така можат да го добијат последниот скин на херојот со светли очи. Завршувањето на поддршката за Minecraft Legends се чини дека не е добро за сите идни спин-офови на Minecraft што ќе се обидат да експериментираат со различни жанрови.

МАРКЕТИНГ

Спорели на:

Следната игра од серијалот на PlayStation Ratchet & Clank е откажана пред да добие целосно издание. Во петокот, Sony Interactive Entertainment и развивачот Oh BiBi објавија дека Ratchet & Clank: Ranger Rumble ќе биде повлечена од дигиталните продавници овој месец, а целосно ќе биде згасната следниот мај.

Ratchet & Clank: Ranger Rumble е мултиплеер шутер за Android и iOS. Играта беше претставена пред речиси точно една година, на 12 ноември 2025 година, а нејзиниот прием во најдобар случај беше поделен. Оттогаш, Sony ја објавуваше играта во ограничен пристап во различни региони, а последно во август во Обединетото Кралство. Sony во текот на летото најави планови за глобално лансирање, но компанијата сега ја смени одлуката.

„Во име на развојниот тим и сите кои помогнаа во создавањето на играта, им благодариме на нашата неверојатна заедница за сета поддршка, особено на оние кои одвоија време да играат, да споделуваат повратни информации и да помогнат во обликувањето на Ranger Rumble во текот на нејзиниот развој!“, се наведува во објавата на веб-страницата на Ranger Rumble.

Ratchet & Clank: Ranger Rumble ќе добие последно ажурирање во петок, а на 21 ноември целосно ќе биде отстранета од App Store и Google Play Store. Нејзините сервери трајно ќе бидат исклучени на 1 мај 2027 година, по што играта повеќе нема да може да се игра. На веб-страницата на Ranger Rumble има детално често поставувани прашања во кои е објаснето како ова затворање ќе влијае врз наградите во играта, сезонските пропусници и валутата во играта.

Ratchet & Clank беше создадена во 2002 година од Insomniac Games, студиото кое денес е попознато по игрите на Marvel, како септемвриската Marvel’s Wolverine. Последното издание на франшизата за конзоли беше одличната Ratchet & Clank: Rift Apart од 2021 година. Insomniac официјално не најавил нова игра Ratchet & Clank, но хакерскиот напад врз студиото во 2023 година и последователните протекувања на информации укажуваат дека студиото работело на продолжение на Rift Apart. Оттогаш не се објавени никакви официјални планови.

GG анкета

вести и новости од

ПРИЈАТЕЛИТЕ на GG.MK

GG LFM

W00t w00t? GG ис лукинг фор мор!​
Стани дел од тимот на GG.MK!

GG ЛОВЦИ НА ТРОФЕИ

покажете го пленот

Претплати се на нашата мејлинг листа

Нема спам, нема замарање!
Само гејминг!