LeBron James и Gizmo ќе бидат дел од Multiversus

Бесплатниот бровлер Multiversus на крајот би можел да има значително повеќе ликови отколку што очекувавме од него. Тоа го потврдува и најновиот трејлер кој откри три дополнителни ликови, како и ново протекување кое пристигнува благодарение на датамајнерите.

Имено, извесен датамајнер кој се крие под прекарот JPMB5555 објавил откритие на Reddit до кое дошол со прекопување низ датотеките на се уште актуелната затворена алфа на играта. Според она што го открил копајќи по гласовните датотеки, би требало да видиме уште неколку ликови во играта, вклучувајќи ги Gizmo и LeBron James. И двата лика треба да бидат плејабл, а интересно е што ова протекување тврди дека нашол двоен сет на гласовни отповикувања во Гизмо, или веројатно една од неговите мутирани форми што сака да грицка малку по полноќ, па можно е заедно со Гизмо да не чека плејабл верзија на неговиот не баш убав братучед или Гизмо да може да се трансформира во истиот за време на борбата, што повторно е малку поневеројатно.

Ова протекување дефинитивно има смисла и се совпаѓа со претходните гласини за Леброн како плејабл лик. Од друга страна, Gizmo изгледа како логичен потег, со оглед на тоа дека наскоро доаѓа премиерата на анимираната серија Gremlins: Secrets of the Mogwai. Секако, сè што треба да направиме е да ја чекаме официјалната потврда на оваа песна, како и откривањето на датумот на издавање на овој free to play brawler, кој наводно не е далеку.

Multiversus во моментов е во развој за PS4, PS5, Xbox One, Xbox Series X / S и PC.

МАРКЕТИНГ

Тагови:

Спорели на:

Љубителите на Grand Theft Auto, гејмерите и креаторите на дигитална содржина ќе имаат можност да бидат дел од еден специјален настан посветен на долгоочекуваната GTA 6. На 19 ноември, во Скопје ќе се одржи GTA 6 Launch Event, кој истовремено ќе се организира на двете локации на Inferno Gaming Club – Inferno 1 во Тафталиџе и Inferno 2 во Кисела Вода.

Настанот ќе започне во 11:00 часот, а посетителите ќе можат да очекуваат целодневна дружба, гејминг, музика и атмосфера инспирирана од легендарниот Vice City. Организаторите најавуваат тематска музика во текот на целиот ден, со звук и енергија што ќе потсетуваат на препознатливиот свет на Grand Theft Auto, претворајќи ги гејминг-клубовите во места за вистинско GTA доживување.

Централниот дел од настанот ќе биде можноста посетителите да ја испробаат GTA 6 и одблизу да се запознаат со играта. Сите заинтересирани ќе можат да добијат свој термин за играње и да го искусат старо-новиот свет на Rockstar Games, но настанот нема да биде наменет исклучиво за оние што сакаат да седнат пред конзолата.

Идејата е да се создаде простор за собирање на домашната гејминг-заедница, размена на искуства, запознавање нови луѓе и поврзување на креаторите на дигитална содржина. Настанот ќе биде можност за дружба меѓу гејмери, стримери, јутјубери, инфлуенсери и сите оние што ја следат гејминг-културата, со можност за нови соработки и запознавања.

Посетителите ќе можат да разговараат за играта, да ги споделат своите први впечатоци, да разменат мислења за новините во GTA 6 и едноставно да поминат ден во друштво на луѓе со слични интереси. Со музика, тематска атмосфера и активности во текот на денот, организаторите сакаат настанот да прерасне во вистинско собирање на гејминг-заедницата, а не само во можност за тестирање на нова игра.

БЕСПЛАТНО ИГРАЊЕ, НО СО ЗАДОЛЖИТЕЛНО АПЛИЦИРАЊЕ ЗА ИГРАЊЕ

Една од најважните информации за сите заинтересирани е дека учеството и можноста за играње на GTA 6 се целосно бесплатни. Посетителите нема да треба да плаќаат за да ја испробаат играта, а можноста ќе биде достапна во текот на целиот настан.

Сепак, поради организацијата и распоредот на термините за играње, сите што сакаат да ја испробаат GTA 6 ќе треба однапред да аплицираат преку официјалниот формулар.

По апликацијата ќе се врши јавно влечење за сите луѓе што ќе се пријават за термин за играње, со што ќе се овозможи подобра организација и ќе се избегне непотребно чекање.

КОГА, КАДЕ И ЗОШТО?

GTA 6 Launch Event ќе се одржува на 19 ноември, со почеток во 11:00 часот, истовремено во Inferno 1 во Тафталиџе и Inferno 2 во Кисела Вода.

За сите љубители на Grand Theft Auto, ова ќе биде можност да го дочекаат новото поглавје на франшизата во друштво на домашната гејминг-заедница, со целодневна Vice City атмосфера, музика, дружење и, секако, можност први да ги споделат своите впечатоци од GTA 6.

GG анкета

вести и новости од

ПРИЈАТЕЛИТЕ на GG.MK

GG LFM

W00t w00t? GG ис лукинг фор мор!​
Стани дел од тимот на GG.MK!

GG ЛОВЦИ НА ТРОФЕИ

покажете го пленот

Претплати се на нашата мејлинг листа

Нема спам, нема замарање!
Само гејминг!