Crossroads – Нова Pre-Apocalyptic co-op игра од Piece of Cake Studios

Студиото Piece of Cake го објави трејлерот за Crossroads, предапокалиптична кооперативна акциона игра каде играчите се придружуваат на Братството како натприроден ловец за да се борат со смртоносните чудовишта низ селата кои што ги има во САД. За сега не знаеме на кои платформи ќе дојде играта, а за жал не знаеме ни кога точно треба да ја добиеме играта.

Crossroads is an action cooperative multiplayer game. Become a supernatural hunter, join the Brotherhood and fight deadly monsters with your friends across the United States countryside in this pre-apocalyptic cooperative action game

Преглед на играта даден од Piece of Cake Studios

Приказната на играта

Во Соединетите Држави, злите сили отворија портали кои привлекуваат натприродни суштества во нашиот свет. Додека паранормалните феномени се зголемуваа, постоењето на демони, вампири, врколаци и други смртоносни чудовишта не престануваа да доаѓаат. Исплашено и неспособно да се бори, населението е евакуирано од областите, сега во карантин со слаба војска. За среќа, со векови, тајното друштво на натприродни ловци се подготвуваа за овој ден!”

Клучни карактеристики

“Сами, со пријатели или во тим, играчите стануваат натприродни ловци од тајно друштво и ги истражуваат Соединетите држави за да ја спречат пеколната инвазија. Од опседнети полиња со пченка до вампирско гнездо, тие патуваат низ различни држави за да ги ловат овие чудовишта и да ги затворат злите портали. Тие се придружуваат на други групи ловци да се борат рамо до рамо!”

Погледнете ги првите слики во галеријата. Посетете ја нивната официјална веб-страница овде.

МАРКЕТИНГ

Тагови:

Спорели на:

About The Author

RIP БлизКон

Еден од најпознатите настани кој што порано се чекаше со нетпрение, BlizzCon 2024 е откажан, објави компанијата во четвртокот.

„По внимателно разгледување во текот на минатата година, ние во Blizzard донесовме одлука да не го одржиме BlizzCon во 2024 година. Оваа одлука не беше донесена лесно бидејќи BlizzCon останува многу посебен настан за сите нас и знаеме дека многумина од вас со нетрпение го очекуваат.

Иако на оваа година пристапуваме поинаку и истражувавме различни формати на настани во минатото, бидете сигурни дека сме исто толку возбудени како и секогаш да го вратиме BlizzCon во идните години.

За да ги прославиме овие претстојни изданија и да ги зближиме нашите заедници на нови и посебни начини, наскоро ќе споделиме некои возбудливи планови за други трговски саеми и конвенции во индустријата, како што е Gamescom. Не можеме да дочекаме наскоро да ви кажеме повеќе за тие планови“.

Официјалната изјава од Blizzard

БлизКон вообичаено беше настан каде што Blizzard дава различни најави околу своите игри. Во 2023 година, Blizzard го искористи настанот за да ја открие првата експанзија на Diablo 4 наречена Vessel of Hatred, како и три експанзии за World of Warcraft и многу повеќе.

Што се однесува до плановите на Blizzard за оваа година, компанијата вели дека ќе ги сподели деталите за нејзините претстојни лансирања во текот на „следните неколку месеци“.

Компанијата ја затвори својата изјава велејќи дека се надева дека различните настани на кои присуствува ќе ја „доловат суштината“ на Blizzard.

SAD BLIZZARD FAN